- Член од
- 30 јануари 2005
- Мислења
- 7.397
- Поени од реакции
- 1.308
Која е поентата во денешното образование? Особено кај нас, младите веќе не одат во училиште да учат, ми се чини. Во основно и средно училиште се оди бидејќи се мора, но децата особено во тинејџерските години знаат повеќе и од професорите. Факултетското образование изгледа смешно споредено со она европското, но тоа не е поентата на темата.
Зошто мора да се има факултетско образование, зошто децата не “учат“ туку само посетуваат настава, зошто студентите ништо не научуваат а упорно се тепаат за таа проклета диплома.
Зар не е тоа промашен концепт на образованието? Зар не е поентата на школото да се научи? Студенти има само затоа што родителите инсистираат да не искочат засрамени пред комшиите, за да се избега од дома, за да се плати повеќе за приватен факултет и да се облече кул оделце, но никаде низ муабетот не се провлекува “За да знам, за да научам“.
И немојте ве молам да почнете со стандардното, такви се условите... туку, кажете ми, која е целта на образованието, покрај сиот тој интернет, и целата слика која не опкружува?