Креационизам наспроти еволуционизам

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
„Хммммм...“

 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Глеам дека темава замре, за жал.

Колку за поттик, ме интересира ставот на креационистите во однос на терминот "атавизам". Поточно случаите на атавизам кај луѓето?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Глеам дека темава замре, за жал.

Колку за поттик, ме интересира ставот на креационистите во однос на терминот "атавизам". Поточно случаите на атавизам кај луѓето?
Тоа се генетски болести т.е. болести предизвикани заради мутациите во гените.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Тоа се генетски болести т.е. болести предизвикани заради мутациите во гените.
Значи потврдуваш дека е возможно да има промени во ДНК-та, наречи ги мутации или како сакаш, исто е.
Ти во друга тема кажа дека Господ располага со сите животи, дали по таа логика Господ е виновен за истите овие мутации, болести и деформации?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Значи потврдуваш дека е возможно да има промени во ДНК-та, наречи ги мутации или како сакаш, исто е.
А можеш ли да посочиш т.е. да ме цитираш каде јас сум тврдел дека не е возможно да има промени во ДНК-та т.е. да има мутации? На оваа тема јас зборот „мутации“ го имам спомнато сигурно над 20-30 пати.

Ти во друга тема кажа дека Господ располага со сите животи, дали по таа логика Господ е виновен за истите овие мутации, болести и деформации?
Не. За тоа е виновен гревот кој први го направија нашите прародители, акој продолжуваме да го правиме ние секојдневно.
 
Член од
5 април 2011
Мислења
334
Поени од реакции
142
Не. За тоа е виновен гревот кој први го направија нашите прародители, акој продолжуваме да го правиме ние секојдневно.
Значи според тебе за секои мутации е крив гревот, што е со големите верници кои "заглавуваат" со дете со даунов синдром или некојa друга мутација во хромозомите на новороденчето? Зошто Господ милосливиот ги казнува нив?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А кои са тија „големи„ верници и по што се тија „поголеми„ од „помалите„ верници?

А тоа што големите верници имаат деца со ваква или таква болест, тоа значи дека болеста:
- или е генерациски пренесена, од претходниците/предците до децата,
- ил е пренесна како личен грев од родителите врз своите деца.

Повеќе или помалку изразено, секој од нас, како поединец, го трпи наследениот грев од Адама и Ева, пренесуван предку нашите предци.

Бог казнува до трето и четврто колено. А Бог казнува со одредена причина и цел.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom