MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Ако Господ постоел отсекогаш и засекогаш,
Точно...
--- надополнето ---
тогаш колку долго чекал за да ја создаде земјата и универзумот.
Не чекал, оти Он не е временско битие. За Бог, Кој обитува надвор од времето а воедно и Е креатор на времето, не важи временскиот тек и континуум: за Бог, нема минато, денешница или иднина. За Бог, важи само сегашно време.
--- надополнето ---
Зошто и според религијата и науката тие имаат дата на раѓање.
Да, имаат, оти „претходно„ не ни постотеле.
--- надополнето ---
Колку чекал за да го создаде универзумот?
Бог не чекал никого и ништо. Светиите велат дека Бог битисувал и пред времето и пред просторот. А што „правел„ Бог пред да ја створи Вселената, Светите велат дека Бог се созерцувал самиот себе.
--- надополнето ---
Одговорот на тоа е логички "ТОЈ ЧЕКАЛ БЕСКОНЕЧНО" зошто тој постоел отсекогаш.
Да, тоа е логични одговор, но тоа не е точен одговор. „Таму„ каде времето не постои, не можеме да зборуваме за „пред„, „сега„ или „потоа„. Затоа, Бог не чека никого и ништо.
--- надополнето ---
Ама земјата и унивезумот постојат по што логички е да се каже дека неможе да постоел отсекогаш.
Да, Земјата и Универзумот постојат од моментот кога се создадени, што значи, дека „претходно„ не постоеле и некој морал да ги создаде...Не можеле сами од себе да се создадат...
--- надополнето ---
"неможе од ништо нешто да се создаде"
Да, тоа е подведување на принципот на каузалноста, кој важи само во ствроениов Свет...
--- надополнето ---
кој го создал Господ?
За Бог, не важат створените закони од овој Свет, оти Он ги створи тие закони. За Бог, каузалноста не е закон на кој Он треба да се потчинува.