Креационизам наспроти еволуционизам

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако Господ постоел отсекогаш и засекогаш,
Точно...

--- надополнето ---

тогаш колку долго чекал за да ја создаде земјата и универзумот.
Не чекал, оти Он не е временско битие. За Бог, Кој обитува надвор од времето а воедно и Е креатор на времето, не важи временскиот тек и континуум: за Бог, нема минато, денешница или иднина. За Бог, важи само сегашно време.

--- надополнето ---

Зошто и според религијата и науката тие имаат дата на раѓање.
Да, имаат, оти „претходно„ не ни постотеле.

--- надополнето ---

Колку чекал за да го создаде универзумот?
Бог не чекал никого и ништо. Светиите велат дека Бог битисувал и пред времето и пред просторот. А што „правел„ Бог пред да ја створи Вселената, Светите велат дека Бог се созерцувал самиот себе.

--- надополнето ---

Одговорот на тоа е логички "ТОЈ ЧЕКАЛ БЕСКОНЕЧНО" зошто тој постоел отсекогаш.
Да, тоа е логични одговор, но тоа не е точен одговор. „Таму„ каде времето не постои, не можеме да зборуваме за „пред„, „сега„ или „потоа„. Затоа, Бог не чека никого и ништо.

--- надополнето ---

Ама земјата и унивезумот постојат по што логички е да се каже дека неможе да постоел отсекогаш.
Да, Земјата и Универзумот постојат од моментот кога се создадени, што значи, дека „претходно„ не постоеле и некој морал да ги создаде...Не можеле сами од себе да се создадат...

--- надополнето ---

"неможе од ништо нешто да се создаде"
Да, тоа е подведување на принципот на каузалноста, кој важи само во ствроениов Свет...

--- надополнето ---

кој го создал Господ?
За Бог, не важат створените закони од овој Свет, оти Он ги створи тие закони. За Бог, каузалноста не е закон на кој Он треба да се потчинува.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Не чекал, оти Он не е временско битие. За Бог, Кој обитува надвор од времето а воедно и Е креатор на времето, не важи временскиот тек и континуум: за Бог, нема минато, денешница или иднина. За Бог, важи само сегашно време.
Time: A nonspatial continuum in which events occur in apparently irreversible succession from the past through the present to the future. Морам стално дефиниции да вадам у пм :)

Очигледно е дека библијата вика дека Господ ги создал работите едни по други. Настани кои се случиле во неповратлив ред каде што една работа мора да биде завршена пред друга да биде започната значи дека Господ е ограничен од времето.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Не размислуваш многу нели? Еве еден интересен парадокс. Ако Господ постоел отсекогаш и засекогаш, значи нема почеток (не одбрал да постои) тогаш колку долго чекал за да ја создаде земјата и универзумот. Зошто и според религијата и науката тие имаат дата на раѓање. Конечни броеви... Колку чекал за да го создаде универзумот? Одговорот на тоа е логички "ТОЈ ЧЕКАЛ БЕСКОНЕЧНО" зошто тој постоел отсекогаш. Без разлика дали ќе се докаже дека земјата е стара 6 илјади години или па некој број со 100 илјади нули и двата се конечни броеви а бесконечноста е бесконечно поголема од секој конечен број. Што значи, има проблем. Ако чекал бесконечно (без крај) тоа значи дека уште не стигнал да ја создаде. Ама земјата и унивезумот постојат по што логички е да се каже дека неможе да постоел отсекогаш.

Ако не постоел отсекогаш тогаш морал да биде создаден а зошто омилена реченица на верниците им е "неможе од ништо нешто да се создаде" кој го создал Господ?
Ако ги занемариш за момент креационите учења, видувања, идеи, едноставно ако замислиш дека не постојат религиите, учењата се базираат на она што го велат научните јавни трудови.

Тогаш може да се дојде до сличен па и ист заклучок (за болдот) и во однос на постоечките теории за вселената...од ништо во се или од се во ништо и во се (зависи која од тие теории е поприфатлива за тебе)...
некои од тие теории
оваа на пример
http://apod.nasa.gov/apod/ap060301.html

но најдоминирачка сега е оваа теорија
http://map.gsfc.nasa.gov/universe/
Cosmology is the scientific study of the large scale properties of the universe as a whole. It endeavors to use the scientific method to understand the origin, evolution and ultimate fate of the entire Universe. Like any field of science, cosmology involves the formation of theories or hypotheses about the universe which make specific predictions for phenomena that can be tested with observations. Depending on the outcome of the observations, the theories will need to be abandoned, revised or extended to accommodate the data. The prevailing theory about the origin and evolution of our Universe is the so-called Big Bang theory.
Едино овде одудара онаа каде се верува дека светот (вселената) постоеле отсекогаш. Сепак за нас е несфатливо такво нешто -вселена без почеток за која теорија исто така од наш денешен аспект е нешто нереално...нешто (универзум) да е без почеток?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Очигледно е дека библијата вика дека Господ ги создал работите едни по други.


Неспорно..Ама „пред тоа„ (пред да бидат створени), не постоеле...

--- надополнето ---

Настани кои се случиле во неповратлив ред каде што една работа мора да биде завршена пред друга да биде започната значи дека Господ е ограничен од времето.
Не, Бог е духовно битие и Он Е надвор од времето и просторот. Бог е неможно да биде „сместен„ во некаков створен простор, во кој (простор) тече створеното време.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Неспорно..Ама „пред тоа„ (пред да бидат створени), не постоеле...

--- надополнето ---



Не, Бог е духовно битие и Он Е надвор од времето и просторот. Бог е неможно да биде „сместен„ во некаков створен простор, во кој (простор) тече створеното време.
Значи библијата е лага? :toe: 6 дена е време
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи библијата е лага?
Тоа не е мој став...

--- надополнето ---

6 дена е време
6 дена е времето во кое Он створи се во Вселената. И тие 6 дена не постоеле, поред Он да ги створи и да им даде почеток во времето.

Бог постоел и пред тие 6 дена..
 
F

Frankie Yale

Гостин
Тоа не е мој став...

--- надополнето ---



6 дена е времето во кое Он створи се во Вселената. И тие 6 дена не постоеле, поред Он да ги створи и да им даде почеток во времето.
A што праел пред тоа? Гледал турски серии? По ова се поставува прашањето зошто 6 дена, кои ги создал за да може да го создаде Универзумот. Нели е семоќно битие кое не е ограничено од време и простор.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
A што праел пред тоа? .
Веќе отговорив: „пред тоа„, Бог ја созерцувал својата природа...

--- надополнето ---

По ова се поставува прашањето зошто 6 дена, кои ги создал за да може да го создаде Универзумот. .
Затоа што таква била Неговата промисла: „6„ е број на речиси совршените работи, а „7„, како и седмиот ден, во кој Бог реши за се одмори, е број на совршеноста, како што Е совршен и Бог.

--- надополнето ---

Нели е семоќно битие кое не е ограничено од време и простор.
Точно...
 
F

Frankie Yale

Гостин
Веќе отговорив: „пред тоа„, Бог ја созерцувал својата природа...

--- надополнето ---



Затоа што таква била Неговата промисла: „6„ е број на речиси совршените работи, а „7„, како и седмиот ден, во кој Бог реши за се одмори, е број на совршеноста, како што Е совршен и Бог.

--- надополнето ---



Точно...
А: Зошто Бог ја "созерцувал" својата природа кога нема време ни простор кога одлучил да ја создаде Земјата и универзумот. Ајмо уште еден парадокс.
Б: Ако е семоќно, сезнајно, бесмртно и бесконечно битие зошто 6 дена кога е семоќен, зошто да се одмара кога е сезнаен бесмртен семоќен и бесконечен?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А: Зошто Бог ја "созерцувал" својата природа кога нема време ни простор кога одлучил да ја создаде Земјата и универзумот. Ајмо уште еден парадокс.
Б: Ако е семоќно, сезнајно, бесмртно и бесконечно битие зошто 6 дена кога е семоќен, зошто да се одмара кога е сезнаен бесмртен семоќен и бесконечен?

A. Значи, Бог, пред да створи било што, се созерцувал самиот себе, а тоа значи дека Бог, пред да почне да твори, имал одредена активност. Имено, Бог Го раѓа Синот во тој „период„ на созерцување, т.е. Духот Свет излегува од Отецот во тој „период„ на созерцување („созерцува„ значи „мисловно/разумски ги согледува нештата„).

Б. Веќе одговорив зашто 6 а не 3 или 4 дена. Навистина, Бог можел све да створи „секундарно„, во еден миг, но Он промислил (предвидел/планирал) на нештата кои Он ги твори, да им даде одреден ред, логика и повисоко значење. Затоа, бројот 6 е симбол на несовршеноста, т.е. состојбата блиска со совршеност, а бројот 7 е симбол на совршеноста (Божја). Што се донесува до денот за одмор кој Бог си го одредил и во кој Он си отпочинал од делата свои, тоа не значи дека Он се уморил , туку тоа значи дека Он ја завршил креацијата на се видливо и невидливо, а седмиот ден си го посветил на самиот себе, но тој ист ден, и ние, како Негови творенија, го славиме за ден Господов, а тоа е неделата.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Б: Ако е семоќно, сезнајно, бесмртно и бесконечно битие зошто 6 дена кога е семоќен, зошто да се одмара кога е сезнаен бесмртен семоќен и бесконечен?
Епа не е мала заебанција да направиш 10 септилиони ѕвезди, околу секоја планети, на секоја 5-та да направиш Адам, па ребро да му вадиш, па тревопасни лавови (ова сигурно не е ич лесно), па градина, па ѓаол, па нефилими, чуда... заморно е тоа.

Седнал, од уморот да си се одмори. како секој човек, нели.
 
F

Frankie Yale

Гостин
A. Значи, Бог, пред да створи било што, се созерцувал самиот себе, а тоа значи дека Бог, пред да почне да твори, имал одредена активност. Имено, Бог Го раѓа Синот во тој „период„ на созерцување, т.е. Духот Свет излегува од Отецот во тој „период„ на созерцување („созерцува„ значи „мисловно/разумски ги согледува нештата„).

Б. Веќе одговорив зашто 6 а не 3 или 4 дена. Навистина, Бог можел све да створи „секундарно„, во еден миг, но Он промислил (предвидел/планирал) на нештата кои Он ги твори, да им даде одреден ред, логика и повисоко значење. Затоа, бројот 6 е симбол на несовршеноста, т.е. состојбата блиска со совршеност, а бројот 7 е симбол на совршеноста (Божја). Што се донесува до денот за одмор кој Бог си го одредил и во кој Он си отпочинал од делата свои, тоа не значи дека Он се уморил , туку тоа значи дека Он ја завршил креацијата на се видливо и невидливо, а седмиот ден си го посветил на самиот себе, но тој ист ден, и ние, како Негови творенија, го славиме за ден Господов, а тоа е неделата.
A: Имаш парадокс тука, значи не постои ни време ни простор.

Б. Ако е он семоќен и сезнаен пред се зошто да планира. Се планира кога не си сигурен како нешто ќе испадне т.е не знаеш па правиш планови. Господ автоматски зошто е сезнаен, знаел се што ќе се случи па немал потреба да планира, семоќен е, можел да створи све секундарно па ете ти уште една бесмислица. Како што кажа DBack индиректно, Господ има толку многу човечки особини што очигледно е дека човек го измислил.

Уште нешто, ако Господ го создал светот само за нас луѓето, зошто толкав универзум? Зошто не само нашата планета? Мислам само во нашава галаксија (а има милијарди галаксии) има околу 200 милијарди ѕвезди, повеќето се само ѕвезди без никакви планети што орбитираат околу нив. Зошто се мачел толку многу Господ за тотално "непотребни" работи ако го создал универзумот само за нас луѓето? За да изгледа небото поубаво ноќе ваљда:smeshko:
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Уште еден парадокс, од кај најде толку материјал за да го створи тоа? Нели во почетокот само тој постоел?
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
A што праел пред тоа? Гледал турски серии? По ова се поставува прашањето зошто 6 дена, кои ги создал за да може да го создаде Универзумот. Нели е семоќно битие кое не е ограничено од време и простор.
Зошто поставуваш прашања кои немаат логика? Ако си толку филозф, или толку поткован со научни=докажани вистини, одговори, КАКО СЕ СОЗДАВА ПРОСТОРОТ ОД НИШТО? Дали има логика. Биг- бенг теоријата вели дека материјата била на едно место, а надвор од таа материја нема ништо, НЕМА ПРОСТОР, Како материјата први простор? По кој закон тоа може да се докаже?
И второто прашање, ШТО БИЛО ПРЕД БИГ-БЕНГ, пред Големата експлозија?
Има ли ВООПШТО НЕКАКВА ИДЕЈА ШТО БИЛО ПРЕД ГОЛЕМАТА ЕКСЛОЗИЈА?

Или како босанците: Нема теорије, а не шансе!
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Зошто поставуваш прашања кои немаат логика? Ако си толку филозф, или толку поткован со научни=докажани вистини, одговори, КАКО СЕ СОЗДАВА ПРОСТОРОТ ОД НИШТО? Дали има логика. Биг- бенг теоријата вели дека материјата била на едно место, а надвор од таа материја нема ништо, НЕМА ПРОСТОР, Како материјата први простор? По кој закон тоа може да се докаже?
И второто прашање, ШТО БИЛО ПРЕД БИГ-БЕНГ, пред Големата експлозија?
Има ли ВООПШТО НЕКАКВА ИДЕЈА ШТО БИЛО ПРЕД ГОЛЕМАТА ЕКСЛОЗИЈА?

Или како босанците: Нема теорије, а не шансе!
Истото важи и за бог, од што стори? Од кој материјал?
Или како босанците: Нема теорије, а не шансе!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom