Во Првата Книга Мојсеева има многу „приказни“ односно настани кои се запишани и од други народи на тој простор. И некои од тие записи се запишани дури и порано, отколку во некоја од книгите на Израилот. Тоа е факт и не го спорам. Пример ќе ти дадам со Потопот. Го има најмалку во 2 до 3 народа запишано овој настан. И секој од овие народи дава свое гледиште и свое толкување на истото. Така, тоа не е, барем за секој кој сака озбилно да научи нешто за Библијата, греда, хереза, или незнам каква работа. Вавилонците запишале настан и му дале религиозен карактер. Евреите го запишале истиот настан и тие му дале религиозен карактер. Ако веруваш во Бог, еве ти два настана со религиозен карактер, можеш да избереш на кој од овие два записа ќе веруваш, а ако пак не веруваш во Бог, тогаш тоа за тебе претставува само културно богатство.
хммм.... насетувам мал, но суштински проблем:
Сумерите се
децидни околу Елохим. Израелитите, пак, се уштеподецидни околу Јахве.
И едните и другите тврдат дека имаат ексклузивитет (особено евреиве) и дека Јахве
го има создадено универзумот и земјата за да тие (израелитите) конечно ја добијат својта заслужена земја.
Тука, мислам дека ќе се сложиш, нема разговор! Јахве е богот на ЕВРЕИТЕ кој светот го создал САМО ЗА ТИЕ ДА МОЖАТ ДА ЈА ДОБИЈАТ СВОЈАТА ЗЕМЈА!!!
Добро... после Цар Константин го премислил малце, ама тоа е сосем друг муабет.
Значи: Ако Јахве е исклучиво моно (еден и единствен), тогаш како е можно
првата вистинска цивилизација во човековата историја која датира од
пред израелитите да ја има приказната за креацијата, еденската градина и Ное и потопот? ...и остај тоа, него станува збор за
политеистичка религија. Токму она околу кое се чуденлките и во Стариот Завет (Оти Јахве си персира самиот на себе како да се повеќе од еден Бог - каде е изгубен тој другар-бог на Јахве?)