Креационизам наспроти еволуционизам

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Ако веруваме дека настанавме од Адам и Ева и дека јас сум машко ребро и дека сите сме од кал... тогаш верувам дека сите меѓусебе правиме инцест.
Ако верувам дека било исправно што им било забрането на Адам и Ева да јадат од дрвото на мудроста, тогаш верувам дека е исправно човекот да биде лишен од способноста да расудува, да спознава, да објаснува...
Ако верувам дека било правилно што биле прогонети од едемската градина затоа што биле љубопитни, тогаш треба да верувам дека сите ние сме погрешни. Дека сме грешка на богот. Зошто љубопитноста е составен дел од човекот.
Можеби Дарвин не е во право, можеби греши. Ама поверодостојна ми е таа верзија, него калливата.

П.С. Адам и Ева имале два сина - Авел и Каин. Едниот го убил другиот. Кое било женското суштество со кое едниот се размножувал за да се создаде потомството? Дали тоа била Ева??
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.198
Поени од реакции
23.729

не бе се погрешно си сватила. тогаш кога ја правеле серијата пардон земјата имено освем ева никој друг од жените немале потпишано договор ,сега дали многу му барале на бог дали овај малце давал дали немал ребра повеќе во сценариото или буџетот на серијата бил мал најверојатно никогаш нема да дознаеме.ама поселе како во секоја добра серија посебно во шпанските и тоа одкога ке станат малце попопуларни ке се појават тетки стрини изгубени чеда па умрени оживеани па некој скриени, и се така ке си дојди на место, и сите среќни и весели. и крај на првата сезона. следи продолжение
 
Ох фала ме просветли хахахахаах.... Баш така испаѓа муабетов. А да не зборуваме за тајната љубов на Исус Марија Магдалена, која бај д веј е проститутка. Или Исус имал лош образовно предагошки пристап кон апостоливе, или некако не им се учело. :) :) :) :) И многу ме интересира зошто приказната за Аврам и Сараи ја има во Библијата, Куранот и книгата еврејска, стариот завет?????
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ако веруваме дека настанавме од Адам и Ева и дека јас сум машко ребро и дека сите сме од кал... тогаш верувам дека сите меѓусебе правиме инцест.
Инцесот при однос на блиски роднини заради големата веројатност во оплодената јајце клетка да се јавам исти парови на дефенерирани рецесивни гени - кои, согласно Библискиот извештај за создавањето на човекот, ги имало далеку помалку отколку што ги има денес, па затоа инцесот во првите неколку генерации немал такви последици како денес. После тоа биле забранети врски до 3ти братучеди. Значи Библијата има објаснување кое го решава проблемот со инцесот во првите неколку генерации.
А што е со Дарвиновата хипотеза? Како настанал првиот полов организам и како се размножувал тој/таа? Дали знаеш дека и според атеистичката вера (абиогениза) животот настанал од кал, или од прабиотичката супа со мистериозното самоорганизирање на атомите и молекулите... значи повторно следи дека сме од нешто исто, едноставно нема бегање од тоа независно од тоа во што ќе веруваш.

Повеќе би сакал моите прародители да ми бидат Адам и Ева, отколку Парамециум и Амеба :)

Ако верувам дека било исправно што им било забрането на Адам и Ева да јадат од дрвото на мудроста, тогаш верувам дека е исправно човекот да биде лишен од способноста да расудува, да спознава, да објаснува...
Библијата не вели дрво на мудроста.

Ако верувам дека било правилно што биле прогонети од едемската градина затоа што биле љубопитни, тогаш треба да верувам дека сите ние сме погрешни. Дека сме грешка на богот. Зошто љубопитноста е составен дел од човекот.
Тие не биле прогонети затоа што биле љубопитни, туку затоа што биле непослушни, затоа што поверувале и се согласиле со обвинението на ѓаволот дека Бог е лажго, затоа што направиле грев.

Можеби Дарвин не е во право, можеби греши. Ама поверодостојна ми е таа верзија, него калливата.
Дравин згрешил и тоа сигурно. А што е неверодостојно со создавањето од кал? Зар има нешто во нас што го нема во калта? Зарем ако Бог постои, за Него би било тешко да ги преобликува атомите на калта и од него да го направи нашето материјално тело и потоа да ни вдахне дух?
Не сфаќам, ако некој му е проблем да сфати како е можно Бог (Моќно и Интелигентно битие) да ја организира и преобликува материјата, тогаш како и колку вера е потребно да се верува дека случајните и слепи природни сили и процеси ги самоорганизирале протоните, неутроните и електроните и од нив создале човек што сега пишува на форуми за неговото потекло? :)

П.С. Адам и Ева имале два сина - Авел и Каин. Едниот го убил другиот. Кое било женското суштество со кое едниот се размножувал за да се создаде потомството? Дали тоа била Ева??
„По Ситовото раѓање, Адам живееше осум стотини години; и му се родија уште синови и ќерки. “ (Битие 5:4, Библијата)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Види јас не сум научник, не сум хемичар ниту физичар. Јас сум човек кој не верува во постоењето на сила на начин на кој припадниците на религиите веруваат.
Реално, макар и да е вистина сето тоа, зошто, под кој услов, мислиш дека е правилно: мажот да биде поинтелигентен (а докажано научно не е) од жената, да биде тој предводникот, заштитникот на семејството, да биде тој што нели, ги носи правилата во домот. Зошто жена не може да биде црковно лице - кај католиците папа, а кај православните искрено не знам што е највисоко - еве нека биде архиепископ, ма ни поп не може да биде... Зошто жената мора да се покорува - не смее да учествува во повеќето општествени бирања и раководења, туку нејзина обврска треба да биде домот и неговото одржување? Зошто јас би живеела така?
Можеби пред 2000 години кога се размножувале како зајци, жената немала баш можност да размислува за својата општествена дејност. Ама денес, дали навистина, навистина мислиш, дека некоја нормална жена би ги чувала дома 10те деца, би готвела за цел баталјон и би ги слушала одлуките на маж и - било да и се допаѓаат или не? Дали искрено мислиш дека е нормално да немаш секс до бракот? ПОСЕБНО што денес обично истиот се склучува после 25 година. Знаеш, имам малку читано некои да речеме религиско-историски книги, што поткрепени на факти, што лични заклучоци на писателите. Искрено ми се допанаа Папата Јована, и Сараи... Односно Сараи ја разгледува целата приказна за Аврам и Сара, добивањето на синот, неговото жртвување итн итн итн.. Сараи, на колку години стапила во брак? Или попрецизно, ,,Царицата на Давид“ - на 12.
Не знам дали сте свесни дека во 21 век е невозможно да живееш по некои правила, дефинитивно крајно глупави и шовинистички. А јас бидејќи сум повеќе од свесна дека не ми одговара таквиот живот, ниту сакам некоја натприродна сила доволно за да се откажам од задоволствата на светов, подобро е да бидам атеист, него лажен верник - А НЕ ЗНАМ ДАЛИ СИ СВЕСЕН ДЕКА ПОВЕЌЕТО НАВОДНО САМО СЕ ХРИСТИЈАНИ; МУСЛИМАНИ; итн. Баш ми беше интересно кога се потепаа на Кале. Едниве навивачи (мајка ти е курва судијо!) а другиве ништо помалце од нив (алкохол - строго забранет во исламската религија, а доста практикуван од муслиманите во Македонија). Кој е тука верник??? Некој што не знае ни во што верува?

Ти можеби добро знаеш за што зборуваш. Ама малку сте. Дури и оние кои имаат некое квази верување, искрено, би ги сфатила како навреда.
И што е со ,,не спомнувај го господовото име напразно!,, - една од десетте заповеди, а колку пати на ден викаш ,,господе боже,, за глупи работи??????
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Библијата има објаснување кое го решава проблемот со инцесот во првите неколку генерации.
А што е со Дарвиновата хипотеза? Како настанал првиот полов организам и како се размножувал тој/таа? Дали знаеш дека и според атеистичката вера (абиогениза) животот настанал од кал, или од прабиотичката супа со мистериозното самоорганизирање на атомите и молекулите... значи повторно следи дека сме од нешто исто, едноставно нема бегање од тоа независно од тоа во што ќе веруваш.

Повеќе би сакал моите прародители да ми бидат Адам и Ева, отколку Парамециум и Амеба :)
Абе јебеш ти што сакаш поише, друже - гледај да разбереш како навистина е. Пустите желби и егоцентризмот никогаш нема лагата да ја направат вистина.

За Дарвинистичкиот инцест повеќе пати ти е напишано. Не е целиот живот на Земјата настанат од еден единствен атом. Твоево е неосновано тврдење кое, најверијатно, ти се меша поради твојот библиски концепт за еден маж и една жена. Океанот е лулката на животот на земјата. Get over it.

Ако христијанството требало да те научи на нешто, тогаш тоа е понизност. Престани да се сметаш за врховна креација и центар на универзумот и погледни го малку подобро светот околу тебе. Ние, луѓето сме еден прдеж у 5.000.000.000 (милијарди) години историја на планетата.

Можеш колку сакаш да ја жонглираш и извитоперуваш приказната за Битие за да ти наликува на објективните научни наоди, можеш да правиш и креационистички салта со прабиотичката супа и со инцестот (промовиран во повеќе наврати) во Стариот Завет, но никогаш нема да можеш да ги маскираш очигледните глупости во текстот како што се светлото на првиот - сонцето на четвртиот ден, водата која ја поделил од ништо, тревопасните лавови, 150-те дена жив копнен растителен свет под вода, димензиите на арката на дедо Ное, скелетите од потопот кои не се таму, рамната земја, носачите на споменатата плоча, промоцијата на ропството и соодветните упатства за, силувањата, презирот кон жената, сакатите и болните, и, секако, бесмисленоста на концептите:

1. „вечен рај во кој го нема твоето грешно дете“ и
2. „вечен наследен грев на едниствената негова специјална креација како казна за тоа што омнипотентниот, безгрешен креатор заебал работа кога во својата немоќ дозволил да биде заебан од истата (патем лажејќи ја за дрвото, нели).“

...за љубезната кажна од милозливиот бог кој неизмерно те сака наречена „вечен пекол“ неќу ни да почнувам.

Инаку, Дарвин не згрешил, пошто за сега све е проверено и прифатено, а ти очигледно имаш претерано селективна перцепција (пошто добро знам дека не си воопшто глупав). Сепак, да не заборавиме да повториме дека и покрај сите твои натчовечки, би рекол вознесени, напори сеуште не можеш да најдеш никаква дупка во неговата теорија, ниту пак да одделиш малку време да ни ги објасниш левијатанот и кенгурите.

* * *

..хехе... ќе заборавев :) ...не е многу у контекст, ама пак, пошто е небулоза и тотална, очигледна контрадикторност, да си ја пишам пак:

...уште во најпрвата од најпрвата книга (у битие мислам дека беше и тоа едноцирена глава некоја) кога Луци доаѓа да ја мува Ева да к'сне од овошката, па ја маестрално шармира и обара с'ногу со све сама сува вистина, а нас добро ни текнува како Јахве својот специјален од-прашина(dust)-направен млад пар бесрамно ги лаже дека ќе умрат ако само се доближат до дрвото, а не па да пробаат. Тек па за ова каква ментална гимнастика треба.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.198
Поени од реакции
23.729
абе многу ја тупиме.
ете во кратки црти сите книги како тората куранот библијата и слични на нив се направени многу оддамна со цел да се објасни нешто кое тогаш неможело да се објасни за да на наородт кој патем речено 99,9% бил необразован да си ја најди смислата на животот од една страна, а од друга страна сужела и како прирачник за употреба на одредена група на луѓе како да се држи под контрола народот и да се користи за свои лични интереси( власт пари војни влијание и тн..). ако можете да забележите тоа и ден денес се прави секако кај оние кај кој се можи така да се влијае а тоа се претежно необразованите суеверните или со помал капацитет на мозочни келии. најчист пример ви е калето па ал каеда талибанците а секако има тука и христијански групи( крстоносците на времето) а за тоа ви е пример ете босна или професорот од скопје како најнов пример, со што само се потврдува правилото и поентата дека без разлика за која релегија се работи намената и е иста.
ајде кажете ми кој нормален би се самоубил верувајќе дека ке го чекаат таму незнам колку девици во рајот или да не набројувам примери има еден куп.значи толку за религијата и нејзината примена без разлика дали е ваква или таква.

а од друга страна видов низ постовите се фативте за планетите па за колку има кај има па бактериите па незнам нити јас што , што за повеќето не на форумот туку и кај многу пообразованите е виша математика.
а одговорот е тука пред носот ни е.само свретет се околу вас и ке видите колку е животот комплексен и колку е сложен така да тешко дека некој имал време сето тоа сам да го мисли и да го прави до толку најситен детал а и зошто кога ако бил семоќен можел да го направи многу поедноставно.
примери има безброј на прмер зошто имаме 5 прсти а не 2 оти крвта ни е црвена оти е солена оти ни расте косата оти дишиме и јадеме и оти баш кислород а не азот.оти имаме слепо црево и жолчка.оти ни студи и ние жешко, оти потиме и мораме да одиме во веце.оти се разболуваме оти старееме и ред други работи кои немаат смисла ако не правеле натприродни сили кои можеле да го направат тоа многу поедноставно или пак ако не правеле по нивна слика дали и тие ги имаат истите проблеми како и ние, а ако ги немаат дали тоа значи дека се заебаваат со нас. муабетот ми беше многу нелогичности има и многу очигледни работи кои ако малце си го стваите прстот на главата ке се запрашате зошто е тоа такаа не е вака.а ако сме кај доказите кои толку милувате да ги спомнувате претпоставувам дека сите сте биле на гробишта барем еднаш и кога ке го откопуваат гробот колку коски имате видено и да не продожувам понатаму.а колку докази вие имате за креационистичката теорија можи на адам е ева ги најдовте коските или пак арката на ное ја најдовте или на мојсеј 10 заповеди или рајот можи.освем библијата и сличните книги на неа немате ама баш ниеден доказ освем верата кој да си признаеме дека баш и не е некој доказ.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Види јас не сум научник, не сум хемичар ниту физичар. Јас сум човек кој не верува во постоењето на сила на начин на кој припадниците на религиите веруваат.
Едно кратко прашање по ова верување во некоја сила -дали сметаш дека не постои ништо вон она што го гледаш пред себе, она материјалното, т.е. дали не постои и духовен свет?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
slusaj vaka, ima zivot na drugi planeti, ete nie sme nekoja dalecna planeta na koja ima zivot, ltreba da znaete sto se podrazbira pod bog sozdavanje od bog i realnoto zlo kako kontrafakt na veruvanjata,.Bog e kao ljubov on e semilostiv a od druga strana natura non contrisatur-prirodata nema zal, opstanok, volja za mok, posle kao sozdavanje a gledas apdejtovi na sekoj izum, i najbitnoto bog e ustvari prazen poim deloto-negoviot svet svedoci za toa kakov majstor e toj, ali zatoa sozdadoa od nisto nesto imeno ja izmislija slobodnata volja za da go opravdaat bog iako svetot ionaka so ostana istiot i lugeto so ista esse od koe sledi isto operari a toa e pokvarenost, zluradost, zlo!
Na kogo mu e gajle za tebe, vbog sega ne ti pomaga ne se ebaa so tebe utre koa ke umres ke se setel na tebe i ke te vratel u zivot kako ne, gledas nikoj ne se bavi so tebe, na nikomu ne si mu biten osven za sebe sto si mislime deka sme nesto ustvari nikoj ne te percipira ne pak da se grizi za tebe pa aj ne sea e posle smrtta ke se setel na tebe i ke te dignel i pak u zivot koa dusa, pa dusata da e slobodna taa i sega ke moze da izleze od teloto ne pak posle smrtta....ovie prasanja se kamen na sopnuvanje na koi se razlikuvaat umnite od neumnite....
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
....ali zatoa sozdadoa od nisto nesto imeno ja izmislija slobodnata volja za da go opravdaat bog iako svetot ionaka so ostana istiot i lugeto so ista esse od koe sledi isto operari a toa e pokvarenost, zluradost, zlo!
Најбизарната од сите ментални гимнастики на верниците ми е токму оваа!

Бог има божествен план VS. Ни дал слободна воља.

Просто не можам да се изначудам на маестралните мозочни лавиринти кои на верникот му дозволуваат да премине преку оваа очигледна, сирова глупост. „Ја за тебе имам готов план кој е неменлив, ама ти можеш да правиш што сакаш“

БОГ-ДА-ЧУ-ВА!!!
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.262
Поени од реакции
84.359

Јеби га, На кој колку му фаќа.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
Едно кратко прашање по ова верување во некоја сила -дали сметаш дека не постои ништо вон она што го гледаш пред себе, она материјалното, т.е. дали не постои и духовен свет?
Верувам во духовната сила на човекот. Верувам дека се на овој свет низ призмата на секој различен човек - различно изгледа. Верувам дека само човекот е доволно паметен и доволно има свест да измисли религии, кои одлично му помогнале да контролира одредени други луѓе. Верувам дека тоа што го можам јас, со својот ум, да го создадам, никој не може да го разбере.
Да, верувам во духовен живот, создаден од анатомијата и физиологијата на човекот (доколку имаа анатомски - физиолошки аномалии и самиот дух ќе има), но тој духовен живот се создава кај човекот и згаснува со неговата смрт.
Не е материјален, но не е даден од виша сила.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556

--- надополнето ---

И ова е супер - не знаев каде да го стаам, па ај тука:

Kajgana Shop

На врв Bottom