Сепак себеси се нарекувам лаик па такви ми се и прашањата и дилемите....
Една од дилемите -зошто досега не е успеано да се создаден живо од неживо, ....
Доколку имало недостаток на храна, овие инсекти секако ќе еволуирале во некои водни животни...корекција, датираат не пред 4 туку 300-400 милиони години наназад.
Децава кога ги учеа лекциите, иако кратки, истите беа дадени како суви, готови и непроменливи информации. Простор за сомнеж не смее ниту да се спомене. Доколку гледаме од страна, ако креацијата на световите е луцидна, еволуцијата и развојот на видовите, постанокот на живот...е интересен филм со способен режисер. Во школите (иако се потенцира зборот теорија) се учи како апсолутна вистина (чии правци патем се менуваат постојано).
Според најновите откритија
Зашто да не сум воздржан во однос на овие факти, кога истите не се факти...а истовремено човек не смее да размислува вон тие "факти"? Нешто слично на "фактот" за грчката држава во античко време
Да дополнам...овие теории на почетокот биле користени против обоеното население.
Се на се, ако гледаме од страна, колку е неверојатна креацијата, толку е и еволуцијата
Ништо од ова што го напиша нема некоја посебна забелешка на теоријата на еволуција. Наврати се и прочитај. Како постот, така и линковите кои се постирани. Можеби наслов некој заведува.
Она на што алудираш е потеклото на човекот (временски и географски) Спорна е, сеуште недокажаната автентичност на наодот.
Ако навистина е 400000 г стар, тоа ќе значи дека е можеби погрешна
претпоставката за
местото каде се појавил првиот хомо сапиенс. Ова
никако не ја става под знак на прашање теоријата за еволуција. Нели?
Така и си пишува насекаде по линковите и по тие што не се постирани пошто се потешки за разбирање и имаат многу досаден јазик, а важното не е никако посебно означено (најчесто овие ги читаат многу мал број од кликачите)
Самиот пост е потврда на еволуцијата а скепса за времето и местото каде се појавил првиот човек. Зошто е ова предмет на сензација?
Понатаму, зошто сеуште не е создадено живо од неживо, не е предмет на интерес на ТЕ. Оваа теорија ја боли *** за настанокот. Таа се занимава со развојот и диверзификацијата на живиот свет. Делот со создавањето науката во вика Абиогенеза (не креационизам - тоа е глупаво спакувана религија) и не е предмет на интерес на оваа теорија.
Би било прекрасно кога луѓето што ќе го прочитаат ова, а не го знаеле доега, навистина и би ја направиле оваа многу важна разлика.
За тоа кога ќе се создаде - не можеме да знаеме. Можеби кога ќе ја имаме потребната технологија или интуитиввана инспирација. До тогаш Абиогенезата ќе остане претпоставка. Само да не ја мешаме со ТЕ.
За прашањата со инсектите и птиците.
За сите живи организми важи истиот едноставен еволутивен принцип ако најдеш храна и задржиш телесна топлина - ќе преживееш. Нема тука многу среќа (наниво на вид), нема финти посебни или трикови. Еволуцијата нема намера. Нема план. Тие што ќе се прилагодат (ќе се стоплат/разладат, нахранат и спарат) ќе продолжат со видот. Низ МИЛИОНИТЕ години адаптации еднаш блиските роднини ќе се оддалечат кога помеѓу нив ќе има илјадници или милиони генерации. Едните уште ќе ловат зајаци по шумите, а другите ќе јадат харинга во морињата.
Инсектите и птиците соодветно. „Кој ќе преживее - ќе раскажува.
Инаку, во моментов има помеѓу 10м и 100.000.000 (милиони) видови на земјата. Досега се идентификувани
5 масовни истребувања на животот кои во најразлична мера влијаеле на намалувањето на севкупната светска популација на живи организми (од 30-90%).
Во досегашната историја на Земјата има илјадници пати повеќе
истребени видови отколку што денес има живи. ОВА Е ОГРОМНА БРОЈКА НА ВИДОВИ!!! не на организми. Те молам пробај да ја замислиш. Погледни бројки. Сите од нив не се воопшто застапени со фосили - или сеуште не се ископани. Поради нивната исклучителна реткост, секој фосил, е транзициски фосил и секој фосилен наод е „фотографија“ од еден филм кој никогаш не завршува (освен со истребување, нели). Некои се досадни (ајкула, бубашваба, потковицата онаа морска) а некои се возбудливи и динамични (кит, бактерии, со човечка селекција (сите жетви, зеленчук и овошје)).
Никој никому не забранува да размислува вон фактите. Напротив. Секој слободен мислител, без разлика на своето образование има потполно право да поднесе тврдење накритика кај научната заедница. Секој постулат или издржана теорија ќе го најде својот пат до првиот научен журнал.
Зошто овие безбројни сензационални откритија 150 години
не направиле ништо за да научно се оспори оваа ТЕорија? Зошто ова прашање не те мачи? Зошто не се запрашаш зошто се што си прочитал од таквите тврдења останува во весник или прилог на крај вести?!?! Зошто нема одзив меѓу безбројните млади научници кои бараат секаква етички прифатлива можност да ја поттурнат својата научна кариера?!??!
Зошто никој не се прашува зошто
нема никаков ефект од тврдењата и замерките на креационистите?!?
Не се сложувам дека и двете се исто веројатни. Едното е обична претпоставка која својата основа ја има во прастара и со милениуми дотерувана прикаска, а другото е неучно поставена теорија која подеќе од 150 години корелира со наудите и другите, со нема поврзани науки.
Ако некој ја оспорува ТЕ, ја оспорува и биологијата и геологијата и голем дел од медицината и тоа онаа најоткачената - генетиката. Ова не е закана. Ова е потврдено во безброј наврати од безброј луѓе. Ама клипчињата и сензационалистичките статии се многу помазни за конзумирање. Се кладам дека е тоа.