0. Шит...велат дека од копнено животно у палеоцен влегло у вода у еоцен каде му било поарно? Зашто тоа животно (btw, честитики за сликарот, добра фантазија) влегло у вода, а други водни животни излегле од вода? Ваљда се пишманиле, што ли ќе е?
1. После миљон години, кога ќе откријат костур на мачка и куче, костур на човек и мајмун, на ласица и лисица...што ли ќе помислат кутрите...кога за еден заб се спремни да го ревидираат и реновираат човековото стебло на создавање.
Не, стварно. Интересно е зашто, на кој начин се објаснува преодот од копнена во водна средина (за обратно и за копнено-воздушна и обратно...порано прашував, но ниеднаш не добив одговор). Ги раздрндале гените, имало зрачење, виделе дека е поарно во другата средина...или...?
2. И зашто 4 милиони (мислам дека толку беше) години бубашвабата не е променета (суштински)? Дали е совршен инсект и поради тоа не се има изменето?
3. Можда креација, шо знам...е за подлабоко размислување за писателот, делото, причината, Алфа...но ова еволуцијата ептен заебана работа, секој месец ја мењаат, се пишманат. А го учиме као несоборливи факти.
4. Како се создадени сличностите во пирамидите Ј. Америка и Африка? И како тоа време е пресметана 1 апсолутна година?
Супер прашања. Да пробам:
0. На границата палеоцен/еоцен се десил глобален термички максимум. (
http://en.wikipedia.org/wiki/Paleocene–Eocene_Thermal_Maximum) Водата се кренала. Овие биле месојадни. Риба имало све више. Месо од цицачи све помалку. Одбрале вода. Така отприлика пишува и во цитатот кој го посочи.
1. Тоа со забот е многу ветва креационистичка пропаганда. Прочитај го изворниот текст, па одлучи сам, во меѓувреме ова: во далечната 1922 година палеонтологот кој го проучувал
забот го рекол следново за слободната интерпретација на авторот (инаку, цртач во локалниот весник): Osborn was not impressed with the illustration, calling it:
"a figment of the imagination of no scientific value, and undoubtedly inaccurate". Уште во 1922.
три години подоцна, во 1925 година или пред скоро еден век! грешката е корегирана!!! Се' што креационистите имаат како „аргумент“ се грст прастари палеонтолошки утки кои
одамна се исправени. А пропагандата е опасна работа. Особено за луѓе кои не проверуваат повеќе извори. Подмолна е и злонамерна. За пропагандата ќе пишуваме на посебна тема, изгледа.
2. Заради тоа што средината во која живее не и е закана. Ако им ја промениш диетата или температурата по дома- најверојатно и они ќе се променат со време (инсекти се, кратко живеат, најверојатно им треба пократко време отколку на китот, нели.). За нив, и за ајкулите, на пример, нема проблем за храна. Зашто да се мења. Првите еволуирале во стамина/издржливост па ни температура не им е фрка, а вторите стигнале до, сега за сега, најоптималната предаторска форма во температурно стабилниот океан.
3. Не се сложувам дека се учи како факти. На ТЕ, за жал, и' се посветени само пар страни у учебникот по биологија за 5-мислам (ново 6-то, ваљда). Ако наставничката ја болел забот или малиот бил болен - толку чул за еволуцијата. Се кладам дека огромниот дел од луѓето (не многу научно прецисно од моја страна, ама ај) кои пишуваат на ваквите теми против еволуцијата не биле у школо тој ден
Еве еден ептен краток клип за нив:
Теоријата за еволуција е тоа - ТЕОРИЈА. Со текот на времето теоријата се развива и надополнува, како и секој друга теорија.
Се додека таа не се побие со истиот систем врз кои е поставена (
научниот метод) и ги вклучува
наодите од теренот (палеонтологија, генетика...) без да биде оспорена - останува
функционална.
Во моментот кога ќе се појави теорија која
врз истите наоди (пошто се факти, нели, кои никој на форумов не ги спори) ќе понуди поинакво толкување, кое ќе биде поприфатливо од ова јас ќе бидам првиот кој ќе застане во одбрана на истата. Науката е дијалектичка дисциплина. Не постои конечна вистина. Само постојано откривање. Мислам дека некои луѓе на овој под-форум ова многу ги плаши. А не треба.
4. Тоа со пирамидите мислам дека може да се објасни со основни градежни концепти. Најстабилна структура е и со многу малку обидиии грешки и мало дете го разбира и учи тоа кога си игра до коцки или камчиња - забележи или присети се
. Египетските и јужноамеричките пирамиди
имаат сосем поинакви намени и тоа ниту еден
peer-reviewed археолог не го порекнува. И едните и другите се градени во теократски општества кои биле долговечни многубројни (популација
и чиј опстанок како цивилизација зависел главно од жетва. Сосем е очекувано огромното внимание посветено на макотрпно постојано следење и мерење на движењата на небеските тела од кои најмногу зависеле (сеење, кроење, жетва, орање).
Свашта ќе научам ради овој форумов!