Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека е тоа друга тема. Интересна, но друга.

Заебот со оваа тема, еволуција наспроти креационизам, барем како што јас разбирам, е што едни луѓе се обидуваат да го претстават/наметнат своето гледиште користејќи се со „технологијата“ на другите. Според мене, ужасно се слаби, селективни и плитки во пристапот. Сепак, вториве интензивно и екстензивно се кршат од работа повеќе од 400 години, а првиве мислат дека со проста логика базирана на малку недочитани и жестоко филтрирани концепти можат да „резонираат“ и да „докажат“ дека нивниот светоглед може да се протне низ технологијата на маченициве. Така мене ми изгледа. И смешно е и тужно. ...ама секогаш ќе има маса наивни неуки луѓе кои ќе паѓаат на сензационалистички, фалсификувани и со пригодна позадинска музика спакувани факти.
 
Прашање за креационистите...
Како кенгурите стигнале во Австралија?

Прашање на дарвинистите...
Како луѓето стигнале во Австралија?

Постојат илјадници докази и показатели дека еволуцијата е вистинита, и ниту еден доказ дека креационизмот е вистина.

Имаш „утка„ во поим: креационистите ги користат истите артефакти како и еволуционистите, со таа разлика што креационстите мерат и докажуваат, а еволуционистите веруваат во она кое го гледаат...

--- надополнето ---

Те молам `познати природни закони` дали знаеш дека основните теории во квантната физика се во директна контрадикција со теоријата на релативитет на Анштајн кој е во директна контрадикција со класичната теорија на релативитет :tapp:
Има 3 сосема контрадикторни теории кој опишуваат сосема различни делови од реалноста; атомот, универзумот, и сето она помеѓу. Ништо не е сигурно. Сега ја форсираат т.н. Стринг Теоријата според која има 11 димензии на просторот и безброј паралелни светови како општа терија на целиот простор :nesvest::vozbud: Но тоа не значи дека Ајнштајн Тресел зелени и дека неговата теорија е погрешна со познатите факти таа одлично функционира исто како и Теоријата на еволуцијата. Денес се овие најцелоисходни утре никој незнае што ќе биде.
http://en.wikipedia.org/wiki/String_theory

А дека беше ти, кога јас читав и за релативитетот и за квантната механика и за простата њутнова механика, разбираш....Ха-ха-ха!

--- надополнето ---

Еве едно кратко (2min) клипче за концептот на еволуција кое ги претставува основните принципи:

Ќе биде ли љубезен некој од креационистите да не' почасти со нешто слично од своја страна? (кратко и концизно)

Мислам дека темава ја читаат (и коментираат) и луѓе што немаат ниту основни познавања за едната (или двете).

Барај ги клипчињата од креационистот и православен верник д-р Мирољуб Петровиќ на „ју тјуб„ и учи од човекон....
 
Имаш „утка„ во поим: креационистите ги користат истите артефакти како и еволуционистите, со таа разлика што креационстите мерат и докажуваат, а еволуционистите веруваат во она кое го гледаат...

--- надополнето ---

А дека беше ти, кога јас читав и за релативитетот и за квантната механика и за простата њутнова механика, разбираш....Ха-ха-ха!

Гледај, Научна теорија која неможе да се промени не е научна теорија тоа е догма и нема врска со наука. Така да... :helou:
 
Ај те молам изложи ми докази дека човекот настанал од Адам и Ева.
 
Имаш „утка„ во поим: креационистите ги користат истите артефакти како и еволуционистите, со таа разлика што креационстите мерат и докажуваат, а еволуционистите веруваат во она кое го гледаат...

Изјава на векот

:pos2::pos2::pos2:

Што измерија и докажаа.
 
Ај те молам изложи ми докази дека човекот настанал од Адам и Ева.

Користејќи ја логиката од твоево прашање, и јас можам да те прашам: кој е доказот дека човекот настанал од мајмун?

Дека Адам и Ева се првите создадени и неродени луѓе, имаме библиски запишан доказ и сведоштво. Дека човекот настанал од мајмун (пардон, не од мајмун, туку од „нешто„ кое претходело на човековиот род...) за таков настан, немаме никаков историски запис, разбираш...

Што е овде појако: пишаниот запис или мисловната шпекулација?
 
и дарвин има пишан запис
 
Човекот НЕ НАСТАНАЛ од МАЈМУН туку човекот и Мајмуни имаат зеадничко потекло како и се на планетата земја.
 
Користејќи ја логиката од твоево прашање, и јас можам да те прашам: кој е доказот дека човекот настанал од мајмун?

Дека Адам и Ева се првите создадени и неродени луѓе, имаме библиски запишан доказ и сведоштво. Дека човекот настанал од мајмун (пардон, не од мајмун, туку од „нешто„ кое претходело на човековиот род...) за таков настан, немаме никаков историски запис, разбираш...

Што е овде појако: пишаниот запис или мисловната шпекулација?
Твојава логика изгледа дошла од земјата на чудата! Пишаниот доказ во библијата бил појак од "мисловната шпекулација"?! Значи аргументи кој се засноваат на истражувања и докази се "мисловна шпекулација" а три илјади годишен текст кој тврди дека луѓето настанале од купче кал е валиден доказ!? Можеби подеднакво валиден колку и доказот дека земјата е рамна плоча? Поради кој инквизицијата спалуваше научници на клада?:uvo:
кој е доказот дека човекот настанал од мајмун?
Помеѓу останатите докази, и овој! Погледај го видеово, 4 минути е:
 
Дека Адам и Ева се првите создадени и неродени луѓе, имаме библиски запишан доказ и сведоштво.

Бидејќи единствен сведок на таквото нешто може да биде бог, испаѓа дека бог лично ги пишувал еврејски книгичиња, од кои покасно во библијата и во куранот се препишани (copy-paste). Да, да сигурно.....
Збирка еврејски народни прикаски го пласираш како вистина.
 
Користејќи ја логиката од твоево прашање, и јас можам да те прашам: кој е доказот дека човекот настанал од мајмун?

Дека Адам и Ева се првите создадени и неродени луѓе, имаме библиски запишан доказ и сведоштво. Дека човекот настанал од мајмун (пардон, не од мајмун, туку од „нешто„ кое претходело на човековиот род...) за таков настан, немаме никаков историски запис, разбираш...

Што е овде појако: пишаниот запис или мисловната шпекулација?

Ево некои (1 милијарда) луѓе веруваат дека човекот настанал од левата рака на Вишну.По твоја логика и тие се во право, затоа што тоа го пишува во нивните свети книги.Објасни ми те молам, зошто тие не би биле во право?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom