Нов систем на образование на универзитетот ФОН
Нов дигитален систем на образование на универзитетот ФОН. Студентите ќе ги имаат во електронска форма сите книги.
Комуникацијата ќе биде олеснета бидејќи ќе бидат поврзани со безжичен интернет и ќе можат да разменуваат литература. Факултетот ќе купува и база на странска литература. Со ваквиот начин на учење, кој што стартува од септември, се намалуваат дополнителните трошоци на студентите.
„Да им овозможи бесплатна електронска литература, значи бесплатна и домашна и странска, база на странска литература, и во склоп на таа школарина што ќе ја отплаќаат, како што беше и во изминативе години - 2.000 евра, значи студентите нема да имаат никакви дополнителни трошоци“, изјави Сефер Цаноски, генерален менаџер на ФОН.
И приватниот сектор инвестира во развојот на информатичкото општество. По примерот на државата компјутер за секое дете, и приватните факултети се доближуваат до електронското учење.
„Со овој дигитален концепт, им се олеснува на студентите, да можат полесно да ја апсорбираат материјата, дали било преку видео, дали било преку аудио, или текстуални записи, и истата таа материја да ја следат од било каде во светот“, вели Иво Ивановски, министер за информатичко општество.
За Прв пат во Македонија се применува ваков дигитален концепт кој го користат светските врвни универзитети. Ваквиот начин на образование е единствен во овој дел на Европа. Универзитетот ФОН во иднина планира отворање на факултет за медицина и универзитетска клиника со 26 дејности.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=108853