ФОН-прв приватен универзитет во РМ

  • Креатор на темата Креатор на темата Vardarec 47
  • Време на започнување Време на започнување
Пак ли со лажгава бе ? :tapp:
Цццц, ако деца, палете се на бесплатно школување, може ќе ви светне еден ден :kesa:
 
Аплицирањето за стипендиите започнува од 20.03.2009 и ќе трае заклучно со полноќ 21.04.2009. По завршувањето на процесот за аплицирање, апликантите ќе бидат известени за термините во кои ќе се спроведе тестирањето, врз основа на кое ќе се изврши селекцијата на 300 најдобри!

Од денеска па до 31 ви март трае акцијата Учи повеќе, биди повеќе! И во Македонија се може!

Значи доделување на комплетни 50 стипендии на најдобрите средношколци и уште 250 средношколци кои ќе влезат во најтесниот круг ќе добијат одредени попусти. Сето тоа во соработка со најдобрите македонски компании, кои ги доделуваат стипендиите и гарантираат работа за лицата кои тие ќе ги стипендираат.

Ne li e do 21.04
 
A koga ke bide sprovedeno testiranjeto?ima li nekoi maturanti od tuka zainteresirani?
 
Неќам да се расправам, карам и така натаму.. Сакам само да кажам уште една случка на државен факултет и патешествијата на студентите :) на мој другар, брачеда му е на електро скопје, каде што сите знаеме дека е гунгула од луѓе и тепачка за места при уписи.. ок нема везе то, туку сакам да ви кажам дека брачеда му е 28 години и уште го нема завршено факултетот само за еден мочан испит, зошто ? оти професорот ја зел на око и сега не и дава потпис и неќи да ја помини... :S Значи паѓаат оние тврдења дека ако учиш и си знаеш нема проблем на државен... со 10ки, 9ки ги земаше испитите... мислам дека е се кажано, и немојте стално ако некој речи дека е на приватен или ќе оди на приватен, одма коментари А ЕТЕ ТАТО ЌЕ ТИ КУПИ ДИПЛОМА, АХА АКО ИМАШ ПАРИ ЗОШТО ДА НЕ НАЈЛЕСНО ЌЕ ПОМИНИШ.. БЛА БЛА, не е така бе луѓе, ете јас сакам да се запишам сега на ФОН, матурант сум и ќеф ми е да одам на Спорт и Спортски Менаџмент а нема друг смер нигде таков во цела МК на никој универзитет... не сум богаташ и немам пари за фрлање, не ми извираат во дворот :) не е ефтино но некогаш треба да вложиш и мн повеќе oд шо си мислел дека треба, во себе за да го постигниш она шо го сакаш. Се надевам нема да згрешам со тоа шо ќе одам на ФОН. Велат дека имаш достапност до асистенти и професори, повеќе од било каде на универзитетите низ МК и не ги молиш за оценка положена, туку тие тебе те бараат за да ти дадат потпис шо се вели зборот. Поздрав и со среќа на сите матуранти, немојте да слушате никој кај шо сакате, кај шо ве носи душата таму да одите. :)
 
Ај ја да ти кажам друго нешто...
Најдобрите мои другарки од средно, цела 4-та година ми трубеа како нема шанси они да идат на приватен,дека таму немале ништо да научат, дека не сакаат купена диплома и дека 99% идат на државен затоа што сакаат да располагаат со знаење....
Ок им викам ја, вие си знаете...После некој месец, на пролет се јави Фијат и ФОН кобајаги да им дава бесплатни стипендии на талентираните деца кои сакаат...Сите овие се пријавија на заебанција, онака, чисто да видат до кај се со знаење...Како што се праени у гз, 2 од нив фатија стипендија ....
Хммм, и сеа се јави дилемата во нивните мали мозочиња...
Дали да се иде по знаење или да се иде по лагодно студирање и ладење јајца у превод ...Мислеа дури 2 саати, и така како што едната е зависна од другата решија да идат на ФОН и да си го прчат 24/7....

Е сеа, се јави маестралното бизнис претприемништво на Фијат...
Кога отидоа двете да потпишат договор дека пристапуваат (после уписите што беа на државните факултети ), се појави некој анекс во тој договор кој велеше дека на крај на секоја година(или семестар, не сум сигурен) мора да имаат најмалку просек 9.4...Видоа не видоа, мораа да потпишат пошо им немаше друга, уписи на државен завршиле, со врски слабо располагаат...

Подоцна, зборам ја со нив ,и при секое споменување на темата факултет се јавуваа нивните доскочици АМА ДА ЗНАЕШ ДЕКА НЕ Е ЛЕСНО !!! Се глеа дека пристапиле таму и одма некој комплекс на нижа вредност ги пукнал у тоа главите неотесени...
Прв семестар све топ, 10-ки фучат, а на мсн стално се седи, секој втор ден се искача, не бе не, не е лесно како што си мислам ја, ја појма неам како таму било тешко и како таму све бликало од знаење...Ко на некоја античка грчка школа да се наоѓаат па се понашаат ко само они да знаат како било тешко на факс...
Сеа ги глеам....Фијат настапил на сцена, решил малце да им расипе просек, дал на колоквиум нешто што не било предадено, опааа, одма пониски резултати , одма иде плачење по кафиња, одма идат мисли дали правилно избрале шо отишле таму....

Ако немаат просек , не можат да задржат стипендија, ако не можат да задржат стипендија тогаш мора да плаќаат ко сите останати кои се запишале....Хмммм, дали е тоа случајно напраено ?? Ја не знам, ја само нагаѓам...

Сосема е друго прашањето што ќе се деси кога ќе завршат со факс ? Изглеа у Хедис сите ќе ги вработат, али ако , нема врска, они важно си уживаат у младоста, а другиве од економски нека бркаат професори за потписи...

Лани пријавените за спортски менаџмент ги заебаа....До последен момент чекаа да се запишат луѓе за на крај да испадне дека поради малиот број на пријавени кандидати воопшто нема да има таков смер во оваа година...Дечкото(еден од поталентираните пливачи во Македонија ) беше приморан да остане таму но на смер економија, па дури (можеби) за 2 години да има можност да се пребаци на отсек спортски менаџмент...Лицемерство на квадрат...А тоа не му го кажаа до 2 недели пред почеток на предавања на факултетот...

Ако те носи душата, слободно оди таму , само глеј да не се каеш за некоја година...Ризик јак :)
 
Nikade ne postoi aneks dogovor za toa deka stipendistot treba ponatamu da ima prosek 9.5!!!!!!!!!!!!!!!!!!!Znaci bez dezinformacii
 
Не 9,5 туку 9,4...:smir:

Сеа не ти го кажуваат тоа, ќе ти го кажат кога ќе треба да пристапиш...
Едноставно нели, една голема заебанција :toe:
 
Мене не ми е јасна само една работа и Европски и Фон ги пишува дека се први приватни универзитети во РМ... Е сега кој лаже, а кој е во право? :)
 
mane mi se veruva za ova so prosekot , ajde ke vidime dajboze da bide se vo red pa ke ve informiram sto se slucilo posto i jas vlegov vo najdobrite vo vtor krug ...ke vi pisam
 
Мене не ми е јасна само една работа и Европски и Фон ги пишува дека се први приватни универзитети во РМ... Е сега кој лаже, а кој е во право? :)

Се е започнато со ММ Колеџ пред 6-7 години, со кој имало нешто фрки, па бил формиран ФОН - Факултет за општествени науки. Подоцна со отварањето на нови факултети, меѓу кои и Факултетот за информатика (што во никој случај не е општествена наука), бил преименуван во Европски Универзитет - Република Македонија. Пред 2 години ако не се лажам, дошло до конфликт меѓу Бојо Андрески и Фијат Цаноски (не знам од кои причини), па се разделиле и сега се посебни универзитети ФОН и ЕУРМ.

Така да, и двата универзитета имаат право да го носат епитетот Прв приватен универзитет. Иако тоа звучи по малку смешно.
 
^ What he said.
 
Хахах значи технички ни ФОН ни Европски не се баш први туку прв е ММ : )))
 
Дали некој ги има списоците од првото тестирање за информациски технологии,ги тргнале од страната :( Ај ако има да ми ги даде. Иначе и јас влегов во најдобрите, 4та сум по ред па ке видиме после интервјуто што ќе биде...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom