Времето лета, го живееме ли секој момент?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Не го живеам секој момент ниту пак секоја секунда,а се трудам да е така:smir:Треба да го искористиме секој ден од животот и едноставно да уживаме во сегашниот миг и да ја искористиме секоја шанса која ќе ни се пружи зошто животот е еден и единствен нели?:helou:
 
Jas go ziveam sekoj den,sekunda,minuta seobiduvam da si pominam najubo nezaboravno i da si se relaksiram poslem site problemi:vozbud:
 
Колку и да се обидуваме, нема никакви шанси да го искористуваме секој момент од животот. Како што кажува и насловот, времето лета, а ние не сме доволно брзи за се’ да направиме како што треба и како што сакаме.
 
Моментот не ни постои.Нема сега,има само прееска и после.(дрвам дрвам)
Коа ќе видам еден пример за тоа како некој го живее секој момент ќе верувам дека може.
 
Воопшто не го користиме животот. Проаѓа залудно. Глупави сме тоа да го реазбереме.
 
Се согласувам со најобичните реченици на членот над мене, воедно најмногу реални.
Не, не го користиме времето максимум.
Интересна тема, те тера да размислиш. Како и дали добро живееш и трошиш времето доделено.
Како прво, најголема глупост е спиењето. Безвеза трошење време.
Живејте бурно. Така ке си го засакате животот.
 
Се согласувам со најобичните реченици на членот над мене, воедно најмногу реални.
Не, не го користиме времето максимум.
Интересна тема, те тера да размислиш. Како и дали добро живееш и трошиш времето доделено.
Како прво, најголема глупост е спиењето. Безвеза трошење време.
Живејте бурно. Така ке си го засакате животот.
Ти практикуваш неспиење и бурен живот? Не е работата да подлегнеме на девијации за да го направиме животот поинтересен. И мали работи можат да ти го разубават секој ден по малце, а со тоа и животот. И поголеми убави случки никогаш не се на одмет секако.
 
Ти практикуваш неспиење и бурен живот? Не е работата да подлегнеме на девијации за да го направиме животот поинтересен. И мали работи можат да ти го разубават секој ден по малце, а со тоа и животот. И поголеми убави случки никогаш не се на одмет секако.

Неделава земена за пример, спиев во просек по 6 часа на вечер.
А под бурен мислев, многу обврски преку дента, и добро испланирана секоја вечер за искачање, друштво/партнери/сл.
Напорно е, не викам не. Но полека се привикнуваш на темпото.
Искрено, мене тоа ме прави да се чуствувам исполнето и интересен животот.
 
Секој се труди на свој начин да искористи максимум што може од времето и од себе. Зборам за луѓе што си го ценат своето време и што не сакаат да губат. Дали тоа ќе биде работа или забава битно некои знаат како да го искористат секој момент, односно да знаат да се радуваат на тоа што го имаат и да се задоволни од себе и од направеното. Ама за жал малку се таквите. Се повеќе слушам жалење, кукање и како би било кога би било. Е баш таквите реченици се стоење у место, не се ни малку искористување на моментот. Сепак неможам да кажам дека се живее за моментот, имаш момент на љубов, момент на успех, момент на среќа и тн. Значи имаш повеќе моменти кои често знаат да ти избегаат. Сепак многу е индивидуална темата. Животот го гушкам со двете раце, не сакам да поминам покрај него туку јас да го живеам како што сакам, зашто самиот живот ти е подарок, а подароците од сакани луѓе се ценат и чуваат. Свесна сум за се она што ми се случува, зашто јас го правам да биде такво. Неможеш во секој момент да уживаш алоо, и да сакаш неможеш. Тоа е факт, реалност која не зависи од тебе туку од околината и околностите. Се трудам да живеам како што јас сакам, сега за сега ми успева, поразите ми се више нормална работа во која не уживам, ама се трудам да го искористам моментот да научам.
 
Може сум мала да размислувам за ова... но свесна сум за тоа дека животот е краток и дека не знаеме што ќе ни донесе наредниот ден... Најчесто се трудам да уживам во секоја секунда, но не сум успевала секогаш. Исто така се трудам да оставам што подобар белег нешто по што ќе ме запомнат.:pipi:
 
Најпрво треба да се спознаеме себе си така да знаеме што сакаме ,кој сме и што не исполнува ,да не трчаме по нешто што не е наш стил .Да сме свесни, тоа прави да го живееме секој миг . Да сме сега и тука ,зошто секое враќање во минатото или иднината не ги живееме .Тоа или поминало или допрва доаѓа .На крај би рекла да мислиме позитивно зошто времето навистина брзо проаѓа и да не го трошиме за лоши нешта .
 
Премногу се замарам со глупости и често убавината на моментот ми проаѓа под нос без да ја искористам и да уживам во неа.
Сили ми. :/
 
Никој не го живее секој момент. Тоа е само заблуда. Никој не е совршен сите си имаат свои проблеми и желби никогаш не се исполнува се и секој момент.
 
Времето минува брзо дури и пребрзо..Се трудам максимално да уживам во секој момент но колку и да се трудам тоа е невозможно..Жалам за залудно потрошеното време од моја страна,жалам за тоа што за одреден период сум дозволила да ми помине низ прсти неисполнето.Но затоа сега настојувам да го живеам со полна пареа,со полна плуќа и да уживам максимално во секоја една секунда..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom