Дали нафтата и бензините треба да паѓааат уште?

  • Креатор на темата Креатор на темата bojann1
  • Време на започнување Време на започнување
Понеделник е луѓе !
Ќе се намалуваат ли цените на горивата денес , или ...:toe:
Да знам дали да полнам бензин или да чекам до утре ?
 
Понеделник е луѓе !
Ќе се намалуваат ли цените на горивата денес , или ...:toe:
Да знам дали да полнам бензин или да чекам до утре ?

Абе стај си за 500-че, та денес та утре паднала рипнала цената, шо ти е гајле :)

Лихва ќе си платиме, дал на бензин или на друго, небитно.
 
Требале или не, рекордно паднаа денес!

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се намалува за 4,5 денари, а на дизелот за 3,5 денари.

Спроред Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, ЕУРОСУПЕР-95 ќе се продава по 51,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР-98 по 53 денари, a МБ-96 по 54,50 денари. ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 51 денар, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ) 39,50, а Екстра лесно масло за домаќинство-1 (ЕЛ-1) 40 денари за литар.

Поевтинува и мазутот за 2,985 денари и ќе се продава по 16,775 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесувала 50,529 долари за барел, а курсот на доларот 48,9116 денари.

Оваа цена чинам беше 2002-3....Крадев кола, полнев бензин, па добро се сеќавам! :)
 
Оу јее :drk::drk: Сеа ке има поголеми гужви по улици :))))
 
Фала богу што падна цената само што нема никогаш да дојде на таа цена што беше 2003 кога почнав да возам
 
x.gif
Најниска цена на нафтата во последните четири години
четврток, 04 декември 2008
x.gif
Нафтата на берзата во Њујорк поефтини под 46 долари за барел што е речиси најнискиот износ во последните четири години, што е веќе четврти ден по ред цената да паѓа поради загриженоста околу побарувачката на енергенсот
Nafta_250.jpg
Цената на американската „лесна“ нафта за терминска испорака во јануари на Њујоршката стокова берза денеска опадна на 45,63 долари за барел, а во еден момент изнесувала само 45,30 долари за барел, што е најмалку уште од февруари 2005 година.

Европската „брент“ нафта на Меѓународната берза на петролеум во Лондон во исто време поефтини за 1,34 долари на 44,10 долари за барел, а во еден момент чинеше само 43,80 долари за барел.

Нафата сега е за над 100 долари поефтина во однос на рекордот од јули од 147,27 долари за барел. Само оваа седмица таа сировина поефтини за 16 отсто, што е последица на падот на побарувачката во цел свет, при што аналитичарите очекуваат дека истиот тренд кога станува збор за побарувачката ќе продолжи оваа и следната година.

извор http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=19211

Цената на нафтата е падната за 100 долари во споредба со периодот на нејзината највисока цена....а ние сеуште плаќаме скоро по едно евро за литар....:toe:
 
Нас како крајни потрошувачи ни одговара да паѓа ама може па да има и сериозни проблеми со наглото паѓање на цената на нафтата, ОПЕК планираат да го намалат производствато а тоа не е на арно, после џабе ќе биде ефтина нафтата кога ќе ја нема на пазарот...:toe:
 
Нафтата отиде во ...

Денес на NYSE цената на нафтата достигна 40$ за барел. Едно од предвидувањата за цената на нафтата (пред околу една седмица) беше дека таа ќе се тргува за 10$ за барел, некаде во вториот квартал од 2009 година. Иако ова значи евтина енергија и евтин транспорт тоа говори дека светот нема намера да излезе од оваа криза туку се подлабоко и подлабоко се заглавува.

Меѓутоа еве еден апел до сите релевантни институции:
- да поевтини јавниот превоз
- да поевтини меѓуградскиот автобуски превоз
- да поевтинат такси услугите
- да поевтини топлинската енергија (парното)
- да се вклучи ТЕЦ Неготино за производство на електрична енергија (со нафта од 40$ за барел исто како кога работеше со трипати поскапа нафта)
- да поевтинат прехрамбените продукти
итн. итн.

Бидејќи во нормални земји, како Таџикистан, кога ти велат дека главна причина за поскапувањето е високата цена на нафтата нормално е кога нафтата ќе падне за 75% и цените да се намалат а не да се прават екстра профити.
 
Луѓе не е се позитивно во паѓањето на цената на нафтата!!!! Сеа кога ќе ни се врати ко бумеранг не сте свесни колку ќе плачете!! Може ќе има намалување на цените ама за кратко време. До кога може да паѓа? Не може до бескрај може уште малце па оние што ја држат нафтата ќе си престанат со производство и цените ќе бидат повиски од колку што беа!:vozbud:

Сега само помислете дали е подобро да паѓа или да биде некои просечни 50-60 долари барел?

Плус кај нас нема да се осети кога падна нафтата а топлење и струја само поскапуваат. Цените да прехрамбените продукти ќе остане не променет и што сме добиле?
 
Нафтата слезе на 36 долари за барел... Земјите извознички на нафта да го спречат падот најавуваат дека ке го намалат дневното производство за 2 милиони барели на ден. Тешко дека во тоа ке успеат, очекувајте нови намалувања.

Исто така очекувајте и дека бензините ке слезат повторно за некои 4-5 денари.
 
кога заседува регулаторната? кога беше последен пат? на две недели донесуваа одлуки?!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom