Што би се случило кога сите луѓе еден цел ден би зборувале само вистина?

L

Lezbiangirl

Гостин
e ova bi sakala da go vidam :pos2: seriozno jas mislam deka nema da imam problemi bidejki retko pravam lice i so skoro site sum na cisto
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
А што по ѓаволите е "вистината"?
Во виното ли е вистината?

Или, привлечната "вистина" е всушност се она што воспитувањето или општеството го репресирале до мерка да го цениме како највистинито, бидејќи го чувствуваме како "опасно" и "забрането" - а можеби е една проста информација, нефилтрирана низ центрите за разум и логика кои не прават она што сме? Како таа информација тогаш би била "вистина"?

Да, ама ете на пример во нормална ситуација никогаш на никого не би му признала дека го свиѓам, особено не прва. Вака на сите шо ми се свиѓале порано ќе им кажам на времето дека ми се свиѓале или на тој што ми се свиѓа, одам директно бам бам бам и после си одам.
"Тој и тој ми се свиѓа" е вистинит исказ, во секој случај. И шо праиш ти? Проценка - погрешна или правилна - дали треба да кажеш дека ти се свиѓа некој дечко, дали треба ти да пристапиш прва или тој, дали ова, дали она... мал милион оправдувања поради опасноста од соочување со стравот очи во очи. И пази, и тоа е вистина. Твоја вистина. И моја, и сечија, никој не е имун на таква дилема...

Ама, доколку "на пијано" на најдобриот другар му речам дека е глупав шо се заљубил во некоја риба - не е вистина - бидејќи е факт кој го кажувам во ситуација кога не сум во најдобра способност за расудување. А расудувањето со користење на разум е она што не прави човечки интелигентни суштества. И, како може тогаш некој да ја оспорува вистината, ако таа вистина е резултат на проценка и здрав разум? Па, макар била и производ на страв?

Нема вистина и невистина...Има само една паричка, и два начина на гледање на нејзините страни - кои се во суштина исти, плоснати, со некои ситни гравури на нив.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А што по ѓаволите е "вистината"?
Во виното ли е вистината?

Или, привлечната "вистина" е всушност се она што воспитувањето или општеството го репресирале до мерка да го цениме како највистинито, бидејќи го чувствуваме како "опасно" и "забрането" - а можеби е една проста информација, нефилтрирана низ центрите за разум и логика кои не прават она што сме? Како таа информација тогаш би била "вистина"?

"Тој и тој ми се свиѓа" е вистинит исказ, во секој случај. И шо праиш ти? Проценка - погрешна или правилна - дали треба да кажеш дека ти се свиѓа некој дечко, дали треба ти да пристапиш прва или тој, дали ова, дали она... мал милион оправдувања поради опасноста од соочување со стравот очи во очи. И пази, и тоа е вистина. Твоја вистина. И моја, и сечија, никој не е имун на таква дилема...

Ама, доколку "на пијано" на најдобриот другар му речам дека е глупав шо се заљубил во некоја риба - не е вистина - бидејќи е факт кој го кажувам во ситуација кога не сум во најдобра способност за расудување. А расудувањето со користење на разум е она што не прави човечки интелигентни суштества. И, како може тогаш некој да ја оспорува вистината, ако таа вистина е резултат на проценка и здрав разум? Па, макар била и производ на страв?

Нема вистина и невистина...Има само една паричка, и два начина на гледање на нејзините страни - кои се во суштина исти, плоснати, со некои ситни гравури на нив.
Работите кои ги кажуваш несомнено се точни, нема ништо спорно, ама поентата на мојот муабет беше друга. На пример, две другарки секој ден се гушкаат, а всушност откога ќе си завртат грб, зборуваат се најлошо. Значи ете зборам за најбанални примери од животот. И што ќе се случи на тој ден? Ете, ќе се најдат тие две особи и наместо гушка, едната на другата ќе и каже кучко, другата идиоту и од тој ден веројатно очи нема да сакаат да си видат.

На пример и во самиот филм Liar Liar убаво се кажува целата поента. Само еден ден не можеше да лаже, а целиот живот му се преврте за 360 степени.

Нормално дека најчесто вистината е субјективна, но ете што ќе се случи додека секој човек ја изнесе својата субјективна вистина на виделина.

Што би било доколку секој студент во лице му кажува на својот професор дека е искомплексирана стара будала или кога никој не би можел да го негира неверството на својата девојка или својот дечко? Колку нечисти тајни би излегле на површина?

Субјективна или не, сепак многу работи би се промениле. Ако не друго, бар ќе знаеш кој бил лицемерен кон тебе, кој навистина те сака, јас на пример еднаш во мојот 19годишен живот нема да бидам срамежлива и ќе признаам чувства, некој друг исто ќе дознае многу работи, во секој случај тој ден ќе внесе многу промени.
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Мислам дека субјективната вистина е производ на моментот (во голем дел) и токму поради тоа треба и вреди да се преиспита, бидејќи се наоѓаме во континуум на моменти кои се причинско-последично поврзани едни со други - а не во временски "loop" во кој засекогаш ќе останеме запаметени и славени како на пример, човекот кој покажа мадиња и интегритет (или невоспитување) пред професорот, нарекувајќи го искомплексирана стара будала :)

И, благо-офтопично: Неверство никогаш, ама никогаш не се простува целосно. Постои само желба за простување - и желбата е вистинита :) Прашањето е: дали ќе е доволна таа вистина. Одговорот е неблагодарен: ако имаш среќа, ќе биде.
 
Треба и вреди да се преиспита, да, тоа е точно, но колку луѓе всушност би седнале и би се запрашале или би размислиле околу тоа? Секој гледа во моментот кој живее, таа негова вистина го интересира само за тој даден момент. Голем дел од луѓето се кријат зад лажна маска, затоа што сметаат дека нивната вистина нема да биде прифатена, дека тоа што се они ќе биде отфрлено од општеството. Колку луѓе живеат во сопствена лага и лажирање на својот сопствен живот заради онакви или овакви причини? Колку работи се кријат, тајат, превртуваат и извртуваат?

Затоа и велам дека еден таков ден ќе го промени светот. Ќе промени многу погледи, пријателства, ќе паднат признанија, многу маски ќе паднат. Можеби и некои луѓе ќе се запознаат самите себе на тој ден, бидејќи има луѓе кои никогаш не дознаваат кои се и што претставуваат за самите себе. Многу маски би паднале, тој ден нема да има лажен морал и тогаш ќе се види вистинската природа, карактер и желби на секој еден од нас.Затоа што всушност ретко кој знае навистина каков е. Мислам дека е реткост некој да се има самиот себе во целост запознаето.
 
[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Во никој случај нема да биде добро ако сите ја кажуваат вистината :tapp: како што беша на филмот ,,Лажго Лажго,, тој убаво му објасни на неговиот син зошто мора да лже: заради неговата работа, заради да не ги навреди луѓето и сл ...
Секоја вистина кажана со лоша намера е полоша од секоја лага !!!
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Крејзи ин лав, секогаш мислам дека преку директен пример најдобро ќе разбере човек кој што сака да каже. Знам дека и ти како и јас, како и многу луѓе на дуњава помислиле: Што би било кад би било; што ако тогаш бев похрабар, по директен - и кога станува збор за "слатки љубовни проблеми", тоа секогаш ќе остане како неодговорено прашање.

Ама, ако се најдеме јас и ти, вечерва на пример во некој кафиќ во градов,јас и ти - луѓе кои не се најблиски пријатели, али луѓе кои имаат фин муабет и почитување...И ме препаднеш на прв поглед, во смисол, да ми зрачиш сексуално, либидо до плафон, сплет на околности, момент...
Дали ќе е толку интересно ако ти речам: "Уф, Мацо, како би те легнал на под сега и одма, ептен ми правиш ќеиф вечерва!"? Дури размислуваш за оваа благородна ситуација :))) имај на ум дека никогаш никоја не би ја легнал на под во кафиќ; никогаш не би и пристапил нити на сличен начин на девојка како тебе која е крајно фина, посветена итн итн (бар така делуваш, така те восприемам), никогаш ни на кафе не би те викнал доколку не сум потполно сигурен во моите намери да развиваме нешто повеќе од другарство.(еве ти една вистина :) )

Значи, максимално хипотетички ти зборувам, ама, замени ликови, имиња, место, изречена "вистина" и веројатно ќе погодиш некоја конкретна ситуација од тепка како опишаната, која ничим изазвано напраила само оддалечување и прекин на другарување кое можеби некогаш ќе прераснело во блиско пријателство, врска или па во основоположништво на нов кинки правец за конзумирање на телесни задоволства на подови во угостителски објекти :)))

Океј, те сфаќам и поддржувам за добар дел од напишаното. Но, еве пластично, провери дали и во мојата теза нема вистина.

Многу маски би паднале, тој ден нема да има лажен морал и тогаш ќе се види вистинската природа,карактер и желби на секој еден од нас.Затоа што всушност ретко кој знае навистина каков е.Мислам дека е реткост некој да се има самиот себе во целост запознаето.
Лицемерието е еден од најголемите предизвици да и јас на некој можда чуден садистички начин помислам колку кул би било да има ваков ден. Сепак, повеќе сум хипик, а (се надевам) мааалку лицемер (како грешен човек) па не би ми пречел денот, фиктивно речено.

Ама, како ќе ја знаеш твојата вистина, кога (точно е дека) никогаш ни сам себеси не се запознаваш во потполност?

Моментот е момент. А тие шмизлите оговарачки кои ги спомна на почетокот на постот - не би да ги коментирам, посебна научна дисциплина е тоа :)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Јас апсолутно сфаќам што сакаш да кажеш и јас до некаде мислам така, само што сакав да ти ја претставам и другата страна, односно и другиот момент кој би го предизвикал тој ден.:)

Затоа и кажувам дека тој ден би бил хаотичен и затоа и спомнав само еден ден. Не би ни сакала постојано да биде се така, онака што на ум то на друм, нормално дека некогаш во некои ситуации треба да се биде мудар, да се преќути, да се биде дипломатичен. Директноста не дава во сите ситуации добри резултати и обично прво треба да се размисли, па да се делува. Јас сум бар поборник за тоа. Ама сепак стојам на фактот дека добро би дошол за сите луѓе еден таков ден.:smir:
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Па ослободи се од товарот бе Мацо, барем од онај кој е од страната која нема да ти направи многу беља. Таков ден никогаш нема да дојде во реалниот живот на глобално ниво, ама секој може да се труди да биде поискрен првично према себе, после према другите - тешка задача, ама верувам, со позитивни промени повторно прво кон себеградење и задоволство од себеси, а второстепено за/кон другите.

Направи нешто што ќе те направи да се почувствуваш добро - дури и да сите искуства или општествени норми ти викаат дека е опасно, и погрешно. Дозволи си слобода...ама не заборавај: слободата е воедно и една голема обврска.

После тоа, ќе може да ја коментираш темава далеку појадро. Те зедов за пример бидејќи меѓу редови (океј, не е баш меѓу редови, него ептен по редови :) ) читам некоја (меѓудругото логична) потреба да се направи нешто контра "мислењето на светот" а во согласност со личните желби.

И кажи во кои кафиќи ќе се вртиш тој ден :)))))
 
CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
bi bilo mnogu vistinito i glupo znaete sto jas lagata od edna srana ja svakam kako i itrina vestina da se spravite vo odredena situacija koja vo momentot e nepovolna no so tek na vreme taa stanuva nevazna i nebitna pa koristenjeto na lagata opravdana
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Па ослободи се од товарот бе Мацо, барем од онај кој е од страната која нема да ти направи многу беља. Таков ден никогаш нема да дојде во реалниот живот на глобално ниво, ама секој може да се труди да биде поискрен првично према себе, после према другите - тешка задача, ама верувам, со позитивни промени повторно прво кон себеградење и задоволство од себеси, а второстепено за/кон другите.

Направи нешто што ќе те направи да се почувствуваш добро - дури и да сите искуства или општествени норми ти викаат дека е опасно, и погрешно. Дозволи си слобода...ама не заборавај: слободата е воедно и една голема обврска.

После тоа, ќе може да ја коментираш темава далеку појадро. Те зедов за пример бидејќи меѓу редови (океј, не е баш меѓу редови, него ептен по редови :) ) читам некоја (меѓудругото логична) потреба да се направи нешто контра "мислењето на светот" а во согласност со личните желби.

И кажи во кои кафиќи ќе се вртиш тој ден :)))))
Малце оф - топик... :)

Кога пред две години направив нешто што не беше карактеристично за мене, зашто сакав да видам што е толку интересно и забавно, кога ете и за мене не било прифатливо, па и за општеството е погрешно до некаде, уствари според мене е погрешно (а не е тоа што повеќето гарант го помислиле додека ги читале моите први два реда од овој пост и не е дрога:)), мислев дека ќе се осеќам подобро, ете правам нешто поинакво, кога нцки подобро, се уште не можам сама на себе да си опростам што сум постапила толку незрело и детски, се осеќам глупаво, ме јаде одвнатре тоа. И сите што знаат за што се работи ми се смеат, ама ете.. Значи џабе што сум си дозволила слобода, кога заради таа некоја ситница, две години се јадам и си префрлам сама на себе.

Значи во реалниот живот, каде нормално тој ден на искреност нема да дојде, јас цел живот ќе се каам што никад ништо не сум зборела, што никад не сум зцнала кога сум требала да признаам нешто некому. И уште милион работи.

Значи поентата ми беше дека сакав да замислам и да видам другите што мислат во однос на тоа еден ден да бидат сите искрени и да прават како навистина се осеќаат. Зашто не е мал бројот на оние луѓе кои што од страв, што од срам не прават работи кои ги сакаат. Доколку бар за ден тој превез на страв и срам го нема, мислам дека работите во животите на многу луѓе би биле поинакви. Како може човек да биде креатор на сопствениот живот, кога се плаши од себе, од околината?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Не би сакал да дојде тој ден, бидејќи не би можеле да ја контролираме вистината, која сепак може и да повреди некого, и самите себе.

А би се изгубил и сиот оној шарм на животот, малите нешта кои незнам како да ги дефинирам во моментов кои би се изгубиле, се' би било премногу директно, еднолично.

90% од луѓето би ја загубиле работата, пола попови би морале да сменат “професија“, како и сите политичари и сите останати чија кариера во одредени делови зависи од способноста за лажење,глумење.

Не се работи само за лагата, туку и оној дел од “муабетот“ кој се воздржуваме да го кажеме, да признаеме некои работи едни пред други.

Храброста во искрениот пристап треба да ја бараме во себе, секој може доколку навистина сака. Во моментот кога ќе престане да се грижи дали ќе биде прифатен или не од другава страна.
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Ako eden cel den ja kazuvame samo vistinata togas posle toj treba da molcime cel zivot?
 
Mag_sk

••• dreamer •••
Член од
8 октомври 2008
Мислења
43
Поени од реакции
0
Без лицемерие..:vozbud: НИКАКО !
Оде светот у пм! :salut:
 
city park boy

Red Legend Sınce
Член од
30 март 2007
Мислења
2.338
Поени од реакции
22
лелееееееее што све не ке се деси ако зборам цел ден вистина
 
Kajgana Shop

На врв Bottom