L
Lezbiangirl
Гостин
e ova bi sakala da go vidam :pos2: seriozno jas mislam deka nema da imam problemi bidejki retko pravam lice i so skoro site sum na cisto
"Тој и тој ми се свиѓа" е вистинит исказ, во секој случај. И шо праиш ти? Проценка - погрешна или правилна - дали треба да кажеш дека ти се свиѓа некој дечко, дали треба ти да пристапиш прва или тој, дали ова, дали она... мал милион оправдувања поради опасноста од соочување со стравот очи во очи. И пази, и тоа е вистина. Твоја вистина. И моја, и сечија, никој не е имун на таква дилема...Да, ама ете на пример во нормална ситуација никогаш на никого не би му признала дека го свиѓам, особено не прва. Вака на сите шо ми се свиѓале порано ќе им кажам на времето дека ми се свиѓале или на тој што ми се свиѓа, одам директно бам бам бам и после си одам.
Работите кои ги кажуваш несомнено се точни, нема ништо спорно, ама поентата на мојот муабет беше друга. На пример, две другарки секој ден се гушкаат, а всушност откога ќе си завртат грб, зборуваат се најлошо. Значи ете зборам за најбанални примери од животот. И што ќе се случи на тој ден? Ете, ќе се најдат тие две особи и наместо гушка, едната на другата ќе и каже кучко, другата идиоту и од тој ден веројатно очи нема да сакаат да си видат.А што по ѓаволите е "вистината"?
Во виното ли е вистината?
Или, привлечната "вистина" е всушност се она што воспитувањето или општеството го репресирале до мерка да го цениме како највистинито, бидејќи го чувствуваме како "опасно" и "забрането" - а можеби е една проста информација, нефилтрирана низ центрите за разум и логика кои не прават она што сме? Како таа информација тогаш би била "вистина"?
"Тој и тој ми се свиѓа" е вистинит исказ, во секој случај. И шо праиш ти? Проценка - погрешна или правилна - дали треба да кажеш дека ти се свиѓа некој дечко, дали треба ти да пристапиш прва или тој, дали ова, дали она... мал милион оправдувања поради опасноста од соочување со стравот очи во очи. И пази, и тоа е вистина. Твоја вистина. И моја, и сечија, никој не е имун на таква дилема...
Ама, доколку "на пијано" на најдобриот другар му речам дека е глупав шо се заљубил во некоја риба - не е вистина - бидејќи е факт кој го кажувам во ситуација кога не сум во најдобра способност за расудување. А расудувањето со користење на разум е она што не прави човечки интелигентни суштества. И, како може тогаш некој да ја оспорува вистината, ако таа вистина е резултат на проценка и здрав разум? Па, макар била и производ на страв?
Нема вистина и невистина...Има само една паричка, и два начина на гледање на нејзините страни - кои се во суштина исти, плоснати, со некои ситни гравури на нив.
Треба и вреди да се преиспита, да, тоа е точно, но колку луѓе всушност би седнале и би се запрашале или би размислиле околу тоа? Секој гледа во моментот кој живее, таа негова вистина го интересира само за тој даден момент. Голем дел од луѓето се кријат зад лажна маска, затоа што сметаат дека нивната вистина нема да биде прифатена, дека тоа што се они ќе биде отфрлено од општеството. Колку луѓе живеат во сопствена лага и лажирање на својот сопствен живот заради онакви или овакви причини? Колку работи се кријат, тајат, превртуваат и извртуваат?Мислам дека субјективната вистина е производ на моментот (во голем дел) и токму поради тоа треба и вреди да се преиспита, бидејќи се наоѓаме во континуум на моменти кои се причинско-последично поврзани едни со други - а не во временски "loop" во кој засекогаш ќе останеме запаметени и славени како на пример, човекот кој покажа мадиња и интегритет (или невоспитување) пред професорот, нарекувајќи го искомплексирана стара будала
И, благо-офтопично: Неверство никогаш, ама никогаш не се простува целосно. Постои само желба за простување - и желбата е вистинита Прашањето е: дали ќе е доволна таа вистина. Одговорот е неблагодарен: ако имаш среќа, ќе биде.
Лицемерието е еден од најголемите предизвици да и јас на некој можда чуден садистички начин помислам колку кул би било да има ваков ден. Сепак, повеќе сум хипик, а (се надевам) мааалку лицемер (како грешен човек) па не би ми пречел денот, фиктивно речено.Многу маски би паднале, тој ден нема да има лажен морал и тогаш ќе се види вистинската природа,карактер и желби на секој еден од нас.Затоа што всушност ретко кој знае навистина каков е.Мислам дека е реткост некој да се има самиот себе во целост запознаето.
Малце оф - топик...Па ослободи се од товарот бе Мацо, барем од онај кој е од страната која нема да ти направи многу беља. Таков ден никогаш нема да дојде во реалниот живот на глобално ниво, ама секој може да се труди да биде поискрен првично према себе, после према другите - тешка задача, ама верувам, со позитивни промени повторно прво кон себеградење и задоволство од себеси, а второстепено за/кон другите.
Направи нешто што ќе те направи да се почувствуваш добро - дури и да сите искуства или општествени норми ти викаат дека е опасно, и погрешно. Дозволи си слобода...ама не заборавај: слободата е воедно и една голема обврска.
После тоа, ќе може да ја коментираш темава далеку појадро. Те зедов за пример бидејќи меѓу редови (океј, не е баш меѓу редови, него ептен по редови ) читам некоја (меѓудругото логична) потреба да се направи нешто контра "мислењето на светот" а во согласност со личните желби.
И кажи во кои кафиќи ќе се вртиш тој ден ))))