Da ja vratam temata na VISTINSKIOT PAT.
КОПРОДУКЦИЈА НА СДСМ И КОС
Во секој случај, ваквите размени на пораки дадоа доволно штоф за обработка на одредени настани. Да го земеме за илустрација скандалозното палењето на американската амбасада во Скопје во 1999 година. Ем станува збор за најмоќната држава, ем за наш, нели стратешки партнер, а од друга страна нема никаков интерес да се расветли 'кој го тоа направи, дами и господо', што би рекол Ѕинго. Штом се забошотува, според нашето непишано правило, ќе да е во дешавката инволвирана оваа СДСМ-овска подземна структура. Впрочем, медиумскиот интерес е под нулата, а и обвинителско-судскиот- исто така. И еве, сега, кога дојде до расцеп на дворот, 'деталите' се користат колку да 'прими к знању' другата групировка дека 'имаме и ние коњ за трка'.
Да појдеме во анализата од уметничкото прашање на Есад Рахиќ до Ѓорѓи Спасов: Кој е пиротехничарот од краткиот документарец 'Спонтано палење на Американската амбасада'? Значи и Еско го знае, ама и Ѓорѓи го знае потпалувачот, ама ете нејќат да го споделат со нас ова драгоцено сознание. Сепак, барем е јасно дека двајица врвни функционери на СДСМ го знаат 'батката'. Дека оваа инсценирана 'спонтана' акција е крчкана во 'Бихачка' потврдува уште еден инсајдер- Латас. А дека и тој е дел од филмот се гледа од следново негово прашање до Бучковски: 'Дали е негова лична одлука или сугестија на југословенските служби, кон крајот на мај 1999 г. на состанок со Црвенковски, на кој присуствував и јас (Латас, н.з.) да инсистира на свикување на голем анти-НАТО митинг, со образложение дека расположението на јавноста оди на таа страна, а плус би било големо враќање на СДСМ по загубените избори? Дали потоа таков митинг е одржан?- го допрашува Латас. Еве, и овде школски да логицираме. На состанокот во мај '99 г. меѓу Бранко, Бучко и Латас, паднало идејно решение за анти НАТО митинг. Ќе да се авторските права на Бучко, ако е според Латас. Дилемата е дали е автентична или од српски 'произход' е сал привидна. Според оваа верзија, Бучковски понатаму е кој ургирал во судот за да се забошотат пријавите за 9 лица, кои учествувале во палењето на амбасадата, од кои 7 се активисти на СДСМ, а двајца на неговиот партнер-партијата на Иван Стоиљковиќ, и тоа сите од Скопје. Прашањето пак: Дали потоа случајот е навистина забошотен, е излишно затоа што барем тоа е неспорен факт. Ниту кривичните ниту прекршочните пријави немаа судски епилог. А ваква моќ врз судството може да пројави сал СДСМ и нивната мрежа без оглед кој персонално се јавил со урегенцијата.
Но скандалот 'амбасадата во пламен' барем во сценаристичкиот дел уште пред неколку недели преку серијалот во Шпиц ја дополни и Јанко Бачев, кој во време на случката работи во ДБК. Неговата верзија за Фокус ја потврдија и други фактори кој работеле на настанот. И тој се согласува со тезата за српско замешателство, па за ФОКУС вели дека документарецов 'палење на амбасадата' е реализација на тајниот центар на СДСМ во копродукција на безбедносните структури од Белград и инсталациите на КОС во македонската СДБ, и тоа во мошне чуствителниот период на големо антинатовско расположение поради нападите врз СРЈ'. Сепак Бачев ги збогатува мотивите, па покрај дигање рејтинг (Бучковски според Латас), ќе наведе и дека важна улога имала и 'суетноста и осветољубивоста на Црвенковски, кој беше незадоволен од тоа што во тој период американскиот амбасадор Кристофер Хил имаше одлични односи со премиерот Георгиевски'.