Па искрено да ти кажам, и лудо е...кога ем отворено шириш љубов кон Србија, иако ниеден чесен Македонец нема причина за тоа, како што нема причина за ширење љубов кон Бугарија или Грција, туку само кон Македонија.
Јас подеднакво ги презирам сите, србомани, бугарофили, гркомани...итн. Затоа што немаат грам достоинство ниту самодоверба, а тоа се едни такви скудоумни паразити кои никогаш ништо самите не направиле за себе, туку им е сервирано по заслуга од нивните господари. Со такви луѓе, држава не се прави ниту води. Примери гледаме веќе 18 години.
Таа Југославија скапо нè чинеше, поготово нас, Македонците.
А ти браниш луѓе кои отворено збореа да останеме во Југославија, а таа Југославија, после 88ма, беше со српска доминација во владеењето. Е ако тоа не е србоманство, планетава не е тркалезна.