Кејот на Вардар - градежна зона

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Високите лимени табли издигнати среде шеталиштето на кејот 13 Ноември, кои се во функција на градилиштето на новиот деловен објект зад ГТЦ, целосно го отсекоа пристапот на граѓаните во овој дел од градот. За да преминат кон плоштадот, граѓаните мора да се качуваат по монтажен мост висок пет метри, а посетителите на кафулињата се чувствуваат како во лименка. Скопјани се револтирани и сметаат дека некоја од институциите, злоупотребувајќи ги законите, му дозволил на инвеститорот да го стави кејот под клуч.

- Првин кафулињата ни го одзедоа шеталиштето со летните тераси, а сега и ова градилиште. Не можам да разберам како се дозволува целиот простор да биде во функција на некој поединец, а сите останати да не можат слободно да поминуваат и да се движат во строгиот центар на градот - револтирано реагира еден постар граѓанин.

Се пожалија и посетителите на кафулињата на кејот. Велат дека сега не им е пријатно да си го испијат кафето бидејќи погледот кон Вардар им е затворен и единствено што гледаат околу себе се лимените табли. - Поради панелите, не може да влезе ни светлина, а можам само да замислам како ќе биде кога ќе почнат да поминуваат камиони секој ден и да се слуша вревата од градилиштето - вели една скопјанка.

Најповиканите за овој случај, Општината Центар и Градот Скопје, тврдат дека се се одвива според закон, но немаат одговор кој е тој закон со кој на мнозинството граѓани им се одзема дел од градот, за да на приватен бизнисмен му се дозволи да гради. Од Општина Центар објаснуваат дека објектот се гради со градежна дозвола и инвеститорот може да си обезбеди пристапен пат за градежните машини.

Од Град Скопје, со сличен став, а тоа е дека фирмите-инвеститори, „Дивелоп“ и „Латис“, имаат одобрение да го заградат просторот за да се пренесуваат градежните материјали до градилиштето. Одобрението го издал Секторот за сообраќај на Град Скопје. Од Градот тврдат дека обврска на инвеститорите ќе биде да ги извадат травертинските плочки во оградениот дел за тешките возила да не ги оштетат, а кога изградбата ќе заврши, повторно треба да ги вратат на истото место. Сепак, нема ни одговор колку време скопјани ќе мора да се откажат од кејот за приватните инвеститори да може да си тераат бизнис.

извор


plostad-gradiliste1.jpg


plostad-gradiliste.jpg


Значи срамота!
Пред недела дена се стаписав кога го видов кејот со лим ограден. На ништо не личи центарот. Секој што има пари си купува земјиште и си гради што сака. Дупки во законот колку сакаш. Општина центар испадна најкорумпирана општина. Наместо центарот на градот да биде најубавиот дел во градот тој е ограден со лимови и се гради на секој чекор.
 
аи центарот лом ке го направат:uvo:
 
Да не би таа црквата да ја градат? :pos:

Навистина изгледа многу грдо.
Пред некој ден, баш кога одев на факултет, тогаш ги монтираа тие металните зелени лимови и помислив дека со тоа сакаат да ги спречат кафичите да не се шират уште понатака :pos:

Што бидна со овој плоштад, кога ли финално ќе го средат како што треба и да не градат ништо повеќе?
 
Нека го остават на мира плоштадот, колку е убав така отворен, чист. А не вака пренатрупан со објекти. Не дека имам нешто против објектите, но не ги личи да постојат на плоштад.
 
Замисли сега кога ќе дојдат 100катниците на владата,ова не е ништо во споредба со 100катница.:pos2:
 
Ja префрлам темава во Архитектура.
 
И шо? Па нормално дека мора да се загради просторот кај што се кради, макар и било на кеј. Дај не потпаѓајте на вакви глупи мозокоперачки статии... Изгледа Велија е уште напизден зошто му ја срушија колибата на плоштад, па мора да промрчи на некој начин.

А статијава која треба да ни создаде гнев кон "инвеститорите кои си тераат бизнис и со тоа ни го уништуваат погледот кон кејот", е всушност нарачана од сопствениците на кафулињата кои поради овие градежни работи (и задолжителни сигурносни прегради) некој период ќе останат со помалку гости. Ги фатило паника кога виделе дека ќе се гради, па одма се обратиле на вистинското место :)
 
Општина центар испадна најкорумпирана општина. Наместо центарот на градот да биде најубавиот дел во градот тој е ограден со лимови и се гради на секој чекор.

Па тоа одмна се знае, бидејќи да не беше корумпирана немаше да дозволат кафичите да ги узурпираат кејот и улица Македонија како што ги узурпираа.
Ацид кафанџиите треба и среќни да бидат што сега им го направија ова, замисли што ќе беше ако ова го почнеа таму во мај па цело лето...
Па тоа ќе беше револуција.
 
Абе плоштадот ни е катастрофа. Лумикс само што не го отвориле, до Телеком почна да се прави нова бизнис зграда, сега и ова... ЦЦЦ :uvo:
 
Глупости! Планот на Скопје е ужас, како се менуваат градоначалниците и властите така и планот на Скопје и се да се тутка нешо негде ни убаво да изгледа ни нишо. Сегде имаат огромни плоштади, ние кај мал ама симпатичен сеа и тоа ќе го уништат :nesum:
 
Глупости! Планот на Скопје е ужас, како се менуваат градоначалниците и властите така и планот на Скопје и се да се тутка нешо негде ни убаво да изгледа ни нишо. Сегде имаат огромни плоштади, ние кај мал ама симпатичен сеа и тоа ќе го уништат :nesum:

Точно е дека се интервенира во урбанистичкиот план на Скопје, ама тенденција е да се задржи трендот на планот усвоен пред 40 години (кој е унаказена варијанта на трудот на Кензо Танге) а дополните се оправдуваат со минувањето на годините и потребите на населението. Не е точно дека секој градоначалник го менува плоштадот.
Таму каде сега ќе се гради, постои "маркица" или градежна парцела, исто како и пред телеком, кај офицерски и меѓу нив. Плоштадот е планиран за "потковичест", одамна. И со тек на време, ќе се реализираат градби зависно со планот.

И црквата беше оправдувана на истиот начин, кога зборуваме за градежниот момент.

Ако се има замерки, треба да се насочат кон промена на планот на плоштадот бидејќи "ние си го сакаме ваков".
Пиши пропало.

Али скалите се најзакон ххахах

Шо сакаше писателот да каже?
И не биди нуб, постирај ко шо е ред :)
 
Точно е дека се интервенира во урбанистичкиот план на Скопје, ама тенденција е да се задржи трендот на планот усвоен пред 40 години (кој е унаказена варијанта на трудот на Кензо Танге) а дополните се оправдуваат со минувањето на годините и потребите на населението. Не е точно дека секој градоначалник го менува плоштадот.
Таму каде сега ќе се гради, постои "маркица" или градежна парцела, исто како и пред телеком, кај офицерски и меѓу нив. Плоштадот е планиран за "потковичест", одамна. И со тек на време, ќе се реализираат градби зависно со планот.

И црквата беше оправдувана на истиот начин, кога зборуваме за градежниот момент.

Ако се има замерки, треба да се насочат кон промена на планот на плоштадот бидејќи "ние си го сакаме ваков".
Пиши пропало.






Шо сакаше писателот да каже?
И не биди нуб, постирај ко шо е ред :)



Abe sho gi pasam bitno ploshtadot e propast i site toa go znaeme.
 
Abe sho gi pasam bitno ploshtadot e propast i site toa go znaeme.

Сакаш бе да научиш нешто повеќе за архитектура, урбанизам и порцесите поврзани со нив, или да ти го избришам мислењето кое е ради реда кажано, па исто како ништо да не си рекла?

Цели 15 години имаш, и експерт си. Браво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom