Анастазија, дали ги имаш видено тие “панихиди“ со свои очи да видиш што се пее и вее, па зашто се најавуваат 4 автобуси да дојдат на чествувањето во Скопје од националистичката партија на Каракачанов кој води отворена антимакедонска кампања и во рамките на Бугарија, но што е полошо..и во рамките на ЕУ, па не прикажува како крадци на историја, не' негира како националност итн.
И со кое право таквите луѓе кои ни го реметат мирот и толеранцијата, не' нарекуваат 'србокомунисти' бидејќи нам ни пречи нивниот начин на дејствување спрема Македонците.
Таквите провокации можат многу лесно да се надминат, но повеќе изгледа на тоа дека намерно им се потребни за да не' испровоцираат бидејќи сакаат да има инциденти и да дојде до тепање, како после би можеле да прават пропаганда во своите медиуми.
А никој од нас неможе да остане мирен и невидлив кога купче идиоти се собираат во центарот на градот и те понижуваат...дома.
НE!