Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
Добро. Да речеме дека е така...Ами винаги е полезно да се запитаме "Кој има изгода"?
И тогава нештата си идват на мјастото.
Днес ние виждаме т'ржеството на идејата на Новакович.
Македонија само формално е отделена от југославија.
Тја политически и икономически се р'ководи от ср'бски кадри.
Би било тв'рде наивно да смјатаме, че С'рбија не си е оплела кошницата.
ште се в'зд'ржа от по-натат'шна откровеност, заштото никак не е безопасно
да се назовават нештата с истинските им имена.
...и да речеме дека и ова е верно. Повторно, нема да анализирам историја на јазик, бидејќи тука не е местото и едноставно, нема да се убедиме во ништо. Јас те прашувам тебе Атал, кој ми пастираш изјава на Ефтим Гашев кој обвинува за ширење на антибугаризам од српските пропагандни тајни служби -Нима те учудва това ? ја погледни п'рвите документи след конференцијата
за с'здаване на македонскија език. Сравни ги с'с сегашнија официален език.
Сега ште ти кажа една коледарска песен от рајона на гр. штип,
отпреди 1944 г.:
"Седнал дедо на бучка,на бучка,
да си шие торбичка, торбичка.
Зашо му е торбичка, торбичка,
да си сбира жел'дче, жел'дче,
да си чува гуденце, гуденце,
Зашо му е гуденце, гуденце,
да му дава масчица, масчица
да си храни бабата, бабата..."
Да виждаш сходство сегашнија език во Р. Македонија ?
1. Дали го поддржуваш ставот на Гашев дека треба да се зајакне пропагандата на Бугарија?
2. Дали би сакал да се замени српската пропаганда со бугарска, бидејќи една хипотетичка вистина која ја прочитав меѓу редови во твоите постови е дека ние сме сродни народи,а србите сакале да не разделат за да имаат своја корист од ресурсите на Македонија, еднаш откако сме влегле во федеративната држава Југославија ?
3. Ако таа пропаганда била толку силна, исто како и потребите на Југославија (која во разговорот ја рамниме со Србија) за Македонија, зошто да се фингира отцепување од федерацијата, кога може глатко и многу по директно да се одржуваат врските ако Македонија би останала во федерацијата?
3.1 забелешка: јас би рекол дека очигледно пропагандата на СфРј не била насочена кон обезличување на Македонскиот народ, како посебен ентитет, кое обезличување се случува во класичните пропагандистички сценарија, со цел народот да се поведе кон нечија туѓа "воденица". Не е дека ја оправдувам потполно културната пропаганда која се случувала, ама во нити еден документ од тоа време Македонците не биле дефинирани како јужни србијанци. Али, ова е само моја забелешка, очекувам лично твој одговор.
Ете, не си отворил тема. Отворил тема македонецот Серпико, на која сака да дискутира за подвизите на Цар Самуил (на пример). И тука ти ја гледаш лагата која "тајните организации ми ја наметнувале низ годините" и не е во согласност со апсолутната твоја вистина. Од друга страна, твојата вистина не е во согласност со мојата, која не кажува дека Самуил бил србин, црногорец или босанец, ами Македонец.Да си видел јазе да отварам некоја тема ?
Идам, читам и кога има лаги и пропагиране на омраза,
понекогаш не се сд'ржам.
Нашето историско минато е обшто. Дали го сакаме, или не, истината е такава.
И нормално, тука имаме судир на мислења, кој ќе резултира со анимозитет меѓу нас. Следствено, ќе се случува КИЦ, "заблудите на Македонизмот" и слични активности во насока на потврдување на твојата вистина, од "твоја" страна. Скратено, сакаш да ме убедиш дека "србите ме прелагале дека постојат Македонци како ентитет засебен од сите други народи на Балканите, за да ме искористуваат". Прав ли сум досега?
И главниот проблем е што ти тоа се дрзнуваш да го правиш во моја куќа. Твојот став е твоја работа, и јас не го оспорувам нити потврдувам. Не се дрзнувам да те убедувам дали си прав или не, бидејќи ти ќе им веруваш на книгите кои си ги учел од 3-то оделение па натака. Мене ми е тоа сосема јасно. Еднакво, како што неможам да убедам некој грк од поновите генерации кој може единствено да верува во сервираната доза на патриотизам и историски факти, на грчки начин.
Со тоа што, ако го имаше и ти истиот став према мене (како јас према тебе), немаше да има "ширење на антибугаризам".
За жал, можам да констатирам дека теоријата на господин Гашев (со која и ти се согласуваш, очигледно) е базирана на крајно некултурно поставување, непочит према соседната држава и нејзините граѓани (според Гашев, "неосвестени, прелагани б'лгари" - парафразирам) и правото на лично определување, нетолерантност и потценување према интелектот и способноста за расудување на македонскиот етнос (бидејќи мој заклучок е дека ова е насочено само кон етничките Македонци - ако грешам, исправи ме). И добро бе Атал... како да нема "антибугаризам"? Кога вие го доведувате терминот "антибугаризам" на рамниште на наша борба за Македонски идентитет, и вашата "вистина" ја осеќаме како атак врз нашата вистина, наша вистина која кога сме во прашање ние (како страна кон која ти се обраќаш, со желба да ја "освестиш") секогаш за нас ќе е померодавна и поверодостојна.
И се дури не покажеш почит према Македонците, "антибугаризмот" за тебе, за мене ќе биде напад врз личното верување и чувство. Се дури постојат такви напади (кои ти ги нарекуваш одбрана на историската вистина) кои денес се во форма на КИЦ, утре ќе се во форма на веење знамиња и панихиди за некој херој, задутре ќе се во форма на нешто трето... ќе постои "антибугаризмот".
Tочно и очигледно е дека делиме заедничка историја во одреден дел од неа. Исто е точно и дека никогаш нема да може да се договориме за таа историја, бидејќи е нај-непрецизна наука. Она што може да се договориме е да се почитуваме меѓу себе како луѓе, како соседни народи кои треба да се поддржуваат и помагаат и сега и во иднина - а таа почит, не може да дојде еднострано, никогаш - но може да се уништи еднострано.
Затоа ако го сакаш тоа, те молам, не ме убедувај дека "сум заблуден Македонец" т.е. бугар по потекло. А јас нема да ти одговорам на начин кој не доликува, но ќе е потребен кога ќе се најдеме гради-во-гради а како оружје ќе имаме пар камени плочи и три хартии.
Сакаш пријателство со Македонци? Многу е просто. Покажи дека не почитуваш нас и нашите ставови. Не мора да се согласиш со нашите ставови, ама од почит нема да ме убедуваш во твоите - посебно не во моја куќа. И ќе бидеме пријатели.
Пријатна ноќ и тебе.