Црвенковски го повикува Груевски на дебата

  • Креатор на темата Креатор на темата SuicideMessiah
  • Време на започнување Време на започнување

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.575
Поени од реакции
295
Црвенковски го повикува Груевски на дебата

При вообичаени околности не сметаме дека би било потребно да одговараме на писмото на младото и надежно лице на политичката сцена, Мартин Протоѓер, кој очигледно има амбиции да се наоѓа на ударни вести и насловни страни преку јавни преписки со претседателот на Македонија, се вели во соопштението испратено од кабинетот на претседателот Црвенковски.
“Очигледно е праксата секогаш кога претседателот Бранко Црвенковски е надвор од земјата да се прават обиди за најжестоки напади од страна на премиерот и Владата. Но, бидејќи станува збор за лице кое без професионално искуство добива доверба од премиерот да членува во редица управни одбори на јавни претпријатија, да води кадровска и пропагандна политика на Владата, па се до преговори за името во Њујорк, сметаме за потребно да ја вратиме дебатата на суштинските теми“, стои во соопштението од претседателскиот кабинет.
Исто така во соопштението е додадено дека, ако позади ставовите на Мартин Протоѓер се затскрива премиерот, го известуваме дека претседателот Црвенковски е подготвен со него лично да дебатира за било кое прашање што е битно за Македонија, во било кое време и на било кое место.
 
Bring Ljubco back!:drk::drk::drk:

Цело е кога има Се (бап).
 
не верувам дека Груевски би излегол на таков тв дуел бидејќи едноставно е многу прост во својот речник, многу е слаб, работи на начин 2 пати повторена лага станува вистина, така да нема теоретски шанси да прифати тв дебата зошто така само би си го изгубил рејтингот.
 
Абе, дајте ново дете... доста ми е од Црвенко па и од Груевски.

До кога тоа па тоа, ќе мелеме ко празни воденици?!
 
мислам ова да се врзи на темата за отповикуванје на димитров , зашто е во контекст на истата.

инаку во однос на дебата малку ми делувна наива, кога јавно се амнестира со потегот за отповикување на димитров и порачува во стилот еве сега никола прави како што мислиш и со тоа самиот ја минимизира својата улога ,сега да повикува на дебата после 2 дена и да се промовира како пак битен играч. не гледам доследност во последниве постапки.....
 
Ауу па од Бате Бране речникот е ко да го слушаш Војводата од Јорк.:pos2:
 
Ауу па од Бате Бране речникот е ко да го слушаш Војводата од Јорк.:pos2:

Ова се пред-изборните дефиниции. Чекај утре, апдејт ќе направи соговорникот :)
 
Не и профати на Рада ја одра на избори,зашто би му профатил на Бранко па сеа :):)
 
Абе, дајте ново дете... доста ми е од Црвенко па и од Груевски.

До кога тоа па тоа, ќе мелеме ко празни воденици?!
Тешко некое ново дете Серпико.Она што нешто некогаш вредело во оваа држава или е некаде во туѓина заминато или е низ историјата ликвидирано.Останаа само будалите да ни ја водат државата зато сме до ова дереџе дојдени.:toe:
Од Бране до ЉуБчо преку Бучко па се до некои елементи околу Груевски денес(за лично Груесвки рано е да се каже,тоа историјата ќе си покажи).:tapp:
 
мислам ова да се врзи на темата за отповикуванје на димитров , зашто е во контекст на истата.

инаку во однос на дебата малку ми делувна наива, кога јавно се амнестира со потегот за отповикување на димитров и порачува во стилот еве сега никола прави како што мислиш и со тоа самиот ја минимизира својата улога ,сега да повикува на дебата после 2 дена и да се промовира како пак битен играч. не гледам доследност во последниве постапки.....
Сака да се амнестира?? Од што? Од тоа што со Кирче го продадоа името, и што ни го сменаа знамето кое го имаме од памтивек? Не е толку склерозен Македонскиот народ, знае кој е крив за што, и потегот што го повлече Бранко е чисто спремање за Локалните избори бидејќи него не му е гајле за ништо друго освен за фотелјата..Се надевам дека и тој ќе замини во политички заборав, како и неговиот колега Љубчо, и конечно да тргниме напред...Наместо да остави, да се сменат корените од комунизмот во СДСМ, да се воспостават нови темели врз што ќе почни да се раѓа вистинска социјалдемократска партија во права смисла на зборот...Тој пак ги влече истите потези...

Го видовме аирот ние од тоа проклето дебатирање, јаки на вилица, мифки на дело.. 17 години дебатираат, и им симнувам капа и морам да признаам дека се многу јаки на дебата (читај: лажење) та Бране та Љубче на чело, затоа го мотаа народот дури тој слепо им веруваше, и поради нив очи си вадеше а тие си пиеја кафе во Комерцијална,и тоа се со цел да си ги наполнат џебовите, и швајцарско-бугарските банки..Од таа дебата аир видоа Штерјо, и цела клапа транзициски богаташи, кои впрочем и ги финансираа тие дебати.Од таа дебата видоа аир партиите на избори, кога нивните им лидери очи си вадеа, а народецов за нив се тепаше по кафеани, слепо верувајќи им во чесните мисли на своите „лидери“..Од таа дебата видоа аир телевизиите им се зголеми нивото на гледаност.. На народов му е преку глава од дебати ... На народов им треба луѓе кои си СТОЈАТ на зборот, и луѓе кои го исполнуваат тоа што го ветуваат...
 
Eve koga ke prifati G'uevski debata so Brane :
 
Attachments

  • pigs_fly.jpg
    pigs_fly.jpg
    23,7 KB · Прегледи: 120
Со дебата ќе ги решат сите отворени прашања и проблеми во Македонија...тоа е клучот за се!

Дебилност...уште некои ќе му се диват на Грујо или на Бранко ако повикал на дебата...јаки муда...

Наместо да јадат гомна меѓусебно, да го забавуваат народот, да фатеа нешто да поработат...ама не како досега против, туку ЗА Македонија!
 
А зашто тогаш во сите нормални држави има дуели? Во Америка пошто Обама и Мекејн одржаа 165734252 дуели, работата трпеше, а? :pos2: Ако некој од нив не се појавеше на дуел, ќе му паднеше рејтигот и тоа како. Само кај нас све е обратно.

Мекејн еднаш сакаше да се одложи дебата (кога се појави финансиската криза) и одма почнаа да го потпрашуваат зашто не сака дуел. Дали поради тоа што можеби нема поима од економија? И да, така и беше. Се покажа дека Мекејн тропна глупости за економијата. И нормално, го кошташе и рејтинг.
 
Чеј малце... дуел во што? :vozbud:

Штета што нема да можам да гледам, ќе се посмеев малце.
Грујо не би дошол до збор тоа е факт :tv:

А кога сме до репутација, на Груевски не му треба, туку на Бранко 0,2% :) Затоа дрхта дечкото да добие прилика да се изнаплука и да ги навлажни пресушените комуњарчиња кои на два пати беа прегазени од Г'ујо смотаниот :helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom