Не добро небеше муабетот да ве испровоцирам вас туку дечкото викаше дека имало нерегуларности во судењето од страна на судииве кои директно влијаеа на милан јас попрво би рекол дури имавме и мн поклони ама дечкото многу го сака Анчелоти па неможеш да му докажеш
А иначе и тоа што го напишав беше врз основа на она што го читавме по порталиве!
Јасен ми твојот пост, затоа го болдирав делот со '' многуте '' нерегуларни голови во корист на Интер, остатокот од постот е на место, на крај краева се поклопува со дел од мојот пост .
Уште по второто коло на форумов постирав дека двата стартни порази на Милан скапо ке бидат наплатени . . . баталете вие муабети старт на сезона е и слично зашто уште од тогаш Милан беа ограничени за киксови и беа под мала доза на притисок . Направија серија oд 3 победи, меѓу кои и онаа над Интер,
и оп 0-0 со Каљари кои имаа старт на сезона со 5 порази без освоен бод, и покрај тоа пак прават серија од 4 победи, се искачија место над Интер на табелата ( по нивниот кикс со Џенова дома и нерешениот со Фиорентина гости ) и оп,
доаѓаат Торино и Лече, па пораз со Палермо, Јуве а се тоа се случуваше во период кога Интер влезе во серија од 8 победи .
Доаѓаме до крај на Јануари, Интер игра дома нерешено со Каљари, и губи од Аталанта, и Милан и Јуве за момент истото го искористуваат ( поготово Јуве, зашто Милан изиграа 2-2 со Рома али се задржуваме на Милан ) и оп, доаѓаат два нерешени резултати
со Реџина дома и Џенова дома, па порази од Интер, Сампдорија и нерешено со Наполи, а во овој период ( по поразот од Аталанта ), Интер има серија од 10 меча без пораз од кои 2 завршија нерешено . . . и тука бар за момент се стави крај на надежите за титула кога е во прашање Милан, иако успеаа да искористат лош период на Интер и да дојдат до 8 бода разлика со меч помалце, па следеше нерешен со Јуве и воала, на Интер му е потребна една победа во последни 3 меча за титулата .
п.с. Убаво вика Анчелоти, неконстантност, тоа е причината, али требал да напомене дека тимови како Болоња, Торино, Лече, Реџина, Џенова ( домашен терен ) се причината за таа неконстантност .