Ајде, еве реплика на постот, кога си запнал:
Супер
За ова веќе реплицирав, ама некако не ти се читаше. Откако Бране направи ршум во преговорите, сега Никола немало во кој да го впери прстот. Одговорноста била на Никола. Позициите во преговорите, на наша штета, ги помести Бранко. Мангупски. Suicide ова не може да го види, па него му е простено. Ти знаеш, ама се правиш на три и пол. Затоа постот кон тебе ми беше поостар.
Секоја штета доколку е направена, може едноставно да се одстрани. Прекин на преговорите. Не преговараме. Тхе енд. Готово. Тоа е различен став, а не...народот ќе каже, Петко ќе каже. Тоа е кукавичко затскривање. Инаку што мислеше ти ? Дека ќе ги фатиме грците не кондиција па ќе се дигнат раце. Штом се водат преговори, МОРА да завршат со компромис, или не мора, само во ситуација доколку се прекинат. Тоа ти се викаат различни ставови и различни концепции.
Друго:
Под преземање на крупен чекор вие подразбирате: неспособен е да ги потпише Грчките барања. Тоа е она за што му забележувате. А ако ги потпише ќе му следи политички линч, т.е. негова одговорност која тој требало да си ја преземе. Па не е он SuicideMessia па да прави такви салто мортале чекори. Ви текнало ли некогаш дека иако е премиер, тој или било кој утре, не сме го изгласале за да го потпише тој документ, не сме му дале поддршка за такво нешто, па затоа е обврзан да не праша, на референдум. Ако во следните избори излезе човек и каже дека ќе потпише а ние му ја дадеме довербата, во ред. Се дотогаш, секој чин на носење одлука без добивање на согласност од гласачите, е без мандат и е предавнички.
Во ред, гледам дека и ти си паднал на финтата референдум. Долга и широка расправа ќе биде тоа, во која имам безброј аргументи да ти противречам. Но прво да го почекаме.
Тука ќе скратам. Вие кои сте поддржувачи на идејата дека треба да го смениме името, идентитетот, пасошите, уставот... за да влеземе во ЕУ и НАТО, треба да сватите дека сте убедливо малцинство во земјава, а во демократијата одлучува мнозинството. Така да глупаво е да кукате што некој не се однесува на начин за кој што вие немате 51% “аргументи“
Вие кои сте подржувачи ? Кои сме тоа ние ? И каде ти прочита мој став со кој Јас се сложувам да се смени името, идентитетот, пасошите, уставот.... Доколку некаде го има, биди љубезен и дај линк да го видиме сите, во спротивност не генерализирај.
Вие пак, кои мислите дека можеме да го смениме името, а да ни остане се друго, како компромис нели, не сте баш во допир со реалноста. Тоа ни Груевски, ни Црвенковски, ни било кој друг нема да го извлече од Грците.
Може може...и те како може.
Вака.
Уверен сум дека најмалку со привремената референца можевме да влеземе во НАТО, доколку се имаше слух да се искористи Бушовата наклонетост. Уверен сум дека е можен компромис во кој јазикот и идентитетот ќе биде зацементиран, уставот нема да се менува исто како и пасошите, и државите кои не признале како Република Македонија и во иднина да не нарекуваат така.
Ова не е невозможна мисија. Ова требаше да биде компромисот направен пред некој месец. Се ми се чини дека ова ќе биде и идниот компромис.