Страшното е што губиме од второкласни екипи, екипи кои начекаа најдобрите екипи од Македонија да се пред распаѓање или пред преселба во втора лига па почнаа да не победуваат каде и колку сакаат... Шкендија има мизерна екипа, може се добри во нашава лига каде со буџет од 200-300 000 евра можеш да направиш тим кој без проблем ќе оствари пласман во некој европски куп, а со плус 100-200 000 евра може и титула да се освои, но со овој тим да играат против некој второлигашки бугарски тим сигурно ќе изгубат. Не е само Шкендија, Металург и Ренова се на исто ниво, начекаа лигава да ни е "село без кучиња" па почнаа да редат успеси, а во Европа не можат ниту една потпросечна екипа да победат. Каде бе порано некоја екипа од Азербејџан, Луксембург, Босна, Албанија или некоја друга вукојебина смееше да помисли да победи на Градски или пак во Прилеп!? Тогаш се знаеше, 10-12 000 публика минимум и овие третокласни екипи си одеа дома со полни гаќи. Сега на кое "дереџе" дојдовме!? Овие тимови за коишто бевме експерти во областа на фудбалот, сега се молат некоја екипа од Македонија да им падне на ждрепката од некој европски куп.
Како што кажав, Металург, Ренова, Шкендија и сличните на нив "кондом" клубови начекаа парам-парче лига и нормално дека ќе се радуваат на победи против младинциве на Вардар, Пелистер, Силекс итн.
Абе ме заболе за овие клубови, сакам на Градски да ги гледам старите и вечни дерби натпревари против Победа и Пелистер, сакам да видам јака Брегалница, Беласица, Тиквеш, Борец и сите клубови коишто оставија белег во нашиот фудбал, а не да ги гледам овие фабрички новокомпонирани клубови за една употреба.
Кога сите овие клубови ќе го имаат стариот сјај, тогаш можеме да кажеме дека имаме фудбал во државава.