Windows 7 руши рекорди
Новиот оперативен систем на Мајкрософт го надмина и Хари Потер и стана најпродаван производ во претпродажба на сите времиња во Британија, соопштија од најголемата онлајн продавница "Amazon".
За само 8 часа од прикажувањето на рекламата за претпродажба на "Windows 7", нарачани се повеќе копии отколку цел претпродажен период на претходникот "Vista".
Новиот долгоочекуван оперативец официјално излегува во продажба утре, 22-ри октомври.
"Windows 7 ги надмина сите очекувања, надминувајќи го бестселерот Хари потер, што е едноставно чудо кога се работи за софтверски продукт.
Нарачките секојдневно растат", потврди Брајан Мекбриџ, преставник на Британскиот огранок на Амазон.