- Член од
- 29 октомври 2008
- Мислења
- 1.394
- Поени од реакции
- 259
Сакајќи да ги прекрати разните шпекулации и нагаѓања за новиот Windows 7, на овогодинешната Professional Developers конференција, Микрософт презентираше рана верзија од новиот оперативен систем кој треба да излезе некаде во средината на 2009 година.
Секако дека ова не е конечна верзија но од Микрософт уверуваат дека системските побарувања нема многу да се сменат. Наводно новиот ОС може без проблеми да работи и на 1GHz-ен лаптоп со 1GB RAM. Подобрените перформанси се должат на новиот код кој е пишуван целосно одново и не влече корени од старите оперативни системи.
Визуелно но и функционално нема многу да се разликува од претходникот Windows Vista, а новост се изменетиот таскбар, отсуството на Sidebar-от, полуавтоматизација на зголемување и намалување на прозорците (кога некој прозорец ќе се одвлече до горниот раб на екранот тој ќе се максимизира и сл.), подобрено сетирање на UAC (User Access Control), поддршка за Multi Touch екрани и др.
Се што останува е да се стрпиме, па да видиме дали сето ова ќе се оствари.