Политичка сцена

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување
Na sdsm i treba reformi.Sepak za zdrava demokratija treba zdrava opozicija.
Vo sekoj slucaj ke bide mnogu interesno mesecive pred izbori.Nekako e vo magla ili kazano tisina pred bura.Doprva ke se vzestat rabotite:)
 
политичка (с)цена?
тоа би требало да е вистинскиот наслов на темата
 
Така ти изгледа дека ДПМНЕ ја испушта од рака јаката позиција која ја има. Де види колку партиски војници се пикнати во администрација последните неколку месеци. Погледни го малку кругот на новата бизнис олигархија која се создава...новите партиски шерифи низ градовите.
Дпмне не ја испушта позицијата што ја има, туку од ден на ден се' повеќе ја злоупотребува.
Зарем Дпмне има капацитет да решава и битни државни прашања освен чистење канали, купување двокатни автобуси, садење дрвца.....и ред други ситници за кои по пет пати дневно држи прес конференции, а коа ќе дојде ред да се заземе став или одговори на некое битно државно прашање.....со детектор не може да ги најдеш.

Инаку тоа што ти го нарекуваш уцена, во нормалните парламентарни демократии се вика КОНСЕНЗУС.
Консензусот е потребен за да не на секои четири години се менуваат битни државни закони, кои се донесени со согласност само на владејачката партија. Битните државни закони треба да имаат континуитет во нивното спроведување, а тој континуитет може да се обезбеди само ако тој битен закон е донесен со консензус или во согласност со најбитните креатори на политиката во Македонија.

Битни креатори на политичката сцена нема па и зборот консензус е некако неразбирлив за нашите “политичари“. Комплекс на виша вредност е она што го поседуваат сите политичари па затоа ниеден закон никогаш нема да се донесе со консензус.
А што се однесува до она што би се случувало на политичката сцена со еден збор веќееееее виденоооо
Простете ми се повраќа одам да се ....
 
Na sdsm i treba reformi.Sepak za zdrava demokratija treba zdrava opozicija.
Vo sekoj slucaj ke bide mnogu interesno mesecive pred izbori.Nekako e vo magla ili kazano tisina pred bura.Doprva ke se vzestat rabotite:)

Полека на СДСМ почнуваат и странциве да им помагаат да ги кренат на нозе ќе им го враќаат лицето БЦ зошто е подготвен да ни биде кум за нашето име:pop:
 
Vo politickata scena na Republika Makedonija ne se samo SDSM,ima i drugi partii.Pa da ne gi samo SDSM stavame sekogas vo prv plan.Sega,nekolku meseci pred izborite mnogumina ke si gi vrtat kapite od onamu od kade ke duva veterot.
 
Полека на СДСМ почнуваат и странциве да им помагаат да ги кренат на нозе ќе им го враќаат лицето БЦ зошто е подготвен да ни биде кум за нашето име:pop:

Greshna ti e procenkata deka strancite kje go vrakjale Branko i kje go krevaat na noze SDSM...pogreshnata politika na VEMERO go prai toa em toa neusetno...kako po difolt na se ona shto kje posakuvaat dobivaat obratna reakcija.
 
Кој се плаши од лустрација?

​
Оливера Војновска​

Лустрацијата го изгуби здивот пред воопшто и да се направи првиот чекор. Наместо Македонија да почне да ја пишува новата страница од поновата историја, процесот што требаше да ја демократизира државата се заглави меѓу конкурсите, партиските штабови и инсталациите на тајните полициски служби.

Оваа политичка гарнитура по многу колебања пред десетина месеци собра сили и го донесе Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, популарно наречен Закон за лустрација. Но, на нашата политичка елита очигледно и' недостасува храброст да се соочи со предизвиците и да ја направи потешката задача: да го спроведе Законот. Тоа е единствениот пат, полн со неизвесности на новите генерации да им остави чиста ситуација, растоварена од гревовите од минатото. Иако не сме имале таков тоталитарен систем како некои од посткомунистичките земји од источниот блок.

Но, кој се плаши од лустрацијата и од тоа што би можело да излезе на виделина? Главните партии на македонската политичка сцена, преку своите пратеници во Собранието, дадоа согласност сите сегашни и идни кандидати за вршење јавна функција да потпишат изјава дека не биле соработници на тајните служби, корисници на информациите, наредбодавци. Се постигна општ консензус дека лицата кои во изминатите 60 години соработувале со ваквите служби ќе се дистанцираат од политичките процесии, ќе им се оневозможи да вршат значајни функции: претседател, премиер, министер, пратеник, гувернер, градоначалник, судија, обвинител, народен правобранител...

Само, по се' изгледа, дека желбата брзо им помина. Зошто инаку ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ би се тепале за превласт во комисијата за лустрација? Ако навистина сакаат да се направи вистинска, правична лустрација, тогаш нема потреба да се борат за доминација во ова тело. За да не страдаат невини луѓе и да не се претвори процесот во инквизициска постапка, туку од јавниот живот да си заминат оние кои функционирале со кодошење, основно е комисијата да биде назависна.

Тоа не би требало да претставува тешка работа или некаков проблем.

Па, сигурно во државата има доволно стручни, квалитетни и пред се' луѓе со морален кредибилитет кои немаат партиски книшки, кои можат да бидат избрани за членови на оваа комисија и на кои ќе им се верува. Така, и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и ДПА и ДУИ (кои сега глумат некаква индиферентност) нема да стравуваат дека оние другите ќе ги ловат кодошите во спротивниот табор.

Скептиците уште при усвојувањето на Законот прогнозираа дека лустрацијата ќе се одолжува се' додека не се заборави на неа. Сомнежите за искреноста во намерите на сите кои на големи ѕвона бараа лустрација ги подгреа фактот што лидерите на политичките партии тогаш не беа во собраниската сала за да го засилат аплаузот на пратениците. Остана забележано дека независно од широко постигнатиот консензус, ниту еден лидер на партија (освен Павле Трајанов) не гласаше за Законот за лустрација.

Македонската политичка елита, во секој случај, ќе треба да вложи дополнителен напор лустрацијата кај нас да не добие искривен облик.

Расчистувањето со старите структури во нашето кревко општество можеби ќе отвори нови рани. Иницијаторот на овој процес, либералот Стојан Андов, кој е со најдолг стаж од актуелните политичари во Македонија, констатира дека ние сме „специјалисти за изигрување закони“. Сигурно не се без основа и стравувањата дека се' уште немаме демократска зрелост за правично да се спроведе еден ваков процес, туку тоа ќе биде селективно. Голема непознатост е и тоа дали ќе се одбере најдобриот начин.

Сепак, овој процес мора еднаш да се направи и од него како држава да излеземе посилни.

Aj бе нека се лустрираат сите бе!
До еден!
Сите досиеа ако ги имаат да излезат на ТВ! Јавно!
Ма ич кур не ми чуе дали бил од вемеро или седесе.
Врие од кодоши и во двете!
Ама немаат јаца бе, муда, cohones, balls...etc.
Мивки!
 
Greshna ti e procenkata deka strancite kje go vrakjale Branko i kje go krevaat na noze SDSM...pogreshnata politika na VEMERO go prai toa em toa neusetno...kako po difolt na se ona shto kje posakuvaat dobivaat obratna reakcija.

Да точно е тоа затоа што со него меѓунациналните односи ни се супер, економијата е супер, синдикатот нема никаквби проблеми, а името, е тоа е најмал проблем за него, елините и ЕУ. Инаку ние сме глупи и не разбираме што е тоа да имаш став, да се спротиставиш со аргументи на посилните и да кажеш доста па и јас имам барем малку достоинство. Тој толку добро ни го испра мозокот со неговата “фабрика“ и дозволи народот да мисли дека ако нема Тито за водач ние сме дебили што не знаат што сакаат.
 
Back
На врв Bottom