Политичка сцена

  • Креатор на темата Креатор на темата ogledalo
  • Време на започнување Време на започнување

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
Дали се сложувате дека политичкава сцена се разбранува наголемо после парламентарните избори во јуни оваа година?
Комбинаторики, заврзлами,недолседности....све е резултат дека за политичкиот субјект постои краткорочен интерес..ништо друго.

Вмро Дпмне..ноншалантно ја испушта од рака јаката позиција која ја има после изборите бар на изглед така делува, со тоа мнозинство сепак дозволува уцени од слаба опозиција и релативно на мали играчи во политиката им дава големо значење. Сето ова што кога ке се прави баланс на сработеното главната одговорност е на Вмро Дпмне, а креирањето на битни прашања го решава со ``лидерски средби``, одолговлечувањето за наметнување председателски кандидат, кокетирањето со некои закон ( пред се за мене со бранителте) сето тоа може да биде по штета на партијата на власт.

сдсм....очај, вд директори, воскреснувањето на разни зомби кои треба да се вратат на политичката сцена, политики на уцени со напуштање на собрание, навидум рушење на предизборна коалиција со лдп ( последни случувања http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158940&idg=8&idb=2511&rubrika=Makedonija),потикнување на синдикатот на муратовски да ровари, шурување со металските олигарси, раздрмување на позицијата во преговорите со циганите...сетот тоа треба да створи слика на неспособност на владата која тие би ја искористиле..дури и кокетирање со љубе( кој со ѓаволот тикви сади од глава му се удиратт..ова до љубе )

дуи.. до пред некое време навидум страбилна, адеми рулз почна мечката и тамо да игра, најави за судир на интелектуално и ``диво`` крило..го поставува прашањето дали дуи има капацитет да биде ``државотворна `` партија, се на се сепак засега главен играч во албански блок или што би се екло ``на запад ништо ново``

дпа....прележа сида...дали ќе закрепне ќе видиме, во момент куче со расипани заби на кое му се дава премногу значај..сепак селмани ги раздрма добро

за другиве џабе да пишуваме нив и фамилиите не им гласаат за нив.

сето ова плус да го наречам опортунистот љубе кој ја доцедува старата слава и кој сака да ја материјализира, па и најава за камбек на лјубче, во услови на котење на ``предавнички космополити`` кои крекаат по медиумите, на ни малку розева економија..сето ова создава услови за политички немирна зима, каков ќе е расплетот а?????
 
Расплетот изгледа ќе биде како “Прашката пролет“.:smir:
 
гледано од аспект на партија било од власт или опозиција, предизборието вечно трае, во принцип би требло верифакацијата на избори да е сублимат од сработено или несработено, мене сето ова ми личи на сеуште пубертетски стадиум на партиите.
 
Вмро Дпмне..ноншалантно ја испушта од рака јаката позиција која ја има после изборите бар на изглед така делува, со тоа мнозинство сепак дозволува уцени од слаба опозиција и релативно на мали играчи во политиката им дава големо значење. Сето ова што кога ке се прави баланс на сработеното главната одговорност е на Вмро Дпмне, а креирањето на битни прашања го решава со ``лидерски средби``, одолговлечувањето за наметнување председателски кандидат, кокетирањето со некои закон ( пред се за мене со бранителте) сето тоа може да биде по штета на партијата на власт.

потикнување на синдикатот на муратовски да ровари, шурување со металските олигарси

Слаба позиција ,слаба опозиција нема друго објаснување за првиот болдиран текст :toe:

Дали почна и самиот да си признаваш дека Вмро нема капацитет за решавање на битни одлуки.,или пак позади ова стои она старото,/ако тргне на лошо не бевме ние сами и СДСМ беше со нас?

Чек чек не овој истиот оној Муратовски кој на предвремените парламентарни избори ви даде целосна подршка? Еј синдикат излева со соопштение дека таа и таа партија има подршка од истиот:tapp:
 
не е , едино муратовски подршка јавно има дадено 2002 за тие избори кон сдсм
 
не е , едино муратовски подршка јавно има дадено 2002 за тие избори кон сдсм

Ај да не ја носам темава во друга насока пак ќе почне со препукување вмро сдсм.Ама дај бе еве те молам,симни ги барем еден ден тоа наочарчињата ,па може ќе налеташ на изјавата на синдикалците за предвремените избори годинава!
 
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=52507&idg=3&idb=705&rubrika=Makedonija
 
Всушност во последно време и ДПМНЕ како да стана СДСМ,дури и ставовите за името започнаа да ги приближуваат кон Бранковите желби:-сменето име ама Македонски народ и Македонски јазик,нешто што е непојмливо за никого,особено не за Македонците на кој никој во историјата не успеал да им го смени името без кое нацијата и јазикот нема уште долго да егзистираат како такви.:toe:
 
Со постов му го расипа портокаловиот филм на огледалцево, не дека сакаше да проговори за политичката сцена во Македонија туку беше го натокмил таман уводниот пост за да се почне пак со стариот филм седесе ова седесе она :wink:
 
Еве и сонцана нешо се дрмолат. ЛДП као сака да си иде, а СДС као им се лути. Е ова веќе може да се каже дека е фол. Не им верувам ни збор :tv:
 
Дали се сложувате дека политичкава сцена се разбранува наголемо после парламентарните избори во јуни оваа година?
Комбинаторики, заврзлами,недолседности....све е резултат дека за политичкиот субјект постои краткорочен интерес..ништо друго.

Вмро Дпмне..ноншалантно ја испушта од рака јаката позиција која ја има после изборите бар на изглед така делува, со тоа мнозинство сепак дозволува уцени од слаба опозиција и релативно на мали играчи во политиката им дава големо значење. Сето ова што кога ке се прави баланс на сработеното главната одговорност е на Вмро Дпмне, а креирањето на битни прашања го решава со ``лидерски средби``, одолговлечувањето за наметнување председателски кандидат, кокетирањето со некои закон ( пред се за мене со бранителте) сето тоа може да биде по штета на партијата на власт.

сдсм....очај, вд директори, воскреснувањето на разни зомби кои треба да се вратат на политичката сцена, политики на уцени со напуштање на собрание, навидум рушење на предизборна коалиција со лдп ( последни случувања http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158940&idg=8&idb=2511&rubrika=Makedonija),потикнување на синдикатот на муратовски да ровари, шурување со металските олигарси, раздрмување на позицијата во преговорите со циганите...сетот тоа треба да створи слика на неспособност на владата која тие би ја искористиле..дури и кокетирање со љубе( кој со ѓаволот тикви сади од глава му се удиратт..ова до љубе )

дуи.. до пред некое време навидум страбилна, адеми рулз почна мечката и тамо да игра, најави за судир на интелектуално и ``диво`` крило..го поставува прашањето дали дуи има капацитет да биде ``државотворна `` партија, се на се сепак засега главен играч во албански блок или што би се екло ``на запад ништо ново``

дпа....прележа сида...дали ќе закрепне ќе видиме, во момент куче со расипани заби на кое му се дава премногу значај..сепак селмани ги раздрма добро

за другиве џабе да пишуваме нив и фамилиите не им гласаат за нив.

сето ова плус да го наречам опортунистот љубе кој ја доцедува старата слава и кој сака да ја материјализира, па и најава за камбек на лјубче, во услови на котење на ``предавнички космополити`` кои крекаат по медиумите, на ни малку розева економија..сето ова создава услови за политички немирна зима, каков ќе е расплетот а?????
Pocit za trud ako ti si pisal.
Imas nekoi skolski greski...da pojasnam,
1.So Minco ne se suruva tuku toj e zadna sansa za NG...to trebase na Vmro akad. uste odma da kazat...ama na nekoj mu cini Vmro da e prosta masa...
2.Ldp mora da se deli od Sds...ne zaradi Sds tuku ce ima novi partii poblisku do nimi,pa...
3.LB e osvezuvanje...
Skolski pr. kako mozi covek da osoznae na +40...
4.ZZ zasega dobar...
 
Вмро Дпмне..ноншалантно ја испушта од рака јаката позиција која ја има после изборите бар на изглед така делува, со тоа мнозинство сепак дозволува уцени од слаба опозиција и релативно на мали играчи во политиката им дава големо значење.
Така ти изгледа дека ДПМНЕ ја испушта од рака јаката позиција која ја има. Де види колку партиски војници се пикнати во администрација последните неколку месеци. Погледни го малку кругот на новата бизнис олигархија која се создава...новите партиски шерифи низ градовите.
Дпмне не ја испушта позицијата што ја има, туку од ден на ден се' повеќе ја злоупотребува.
Сето ова што кога ке се прави баланс на сработеното главната одговорност е на Вмро Дпмне, а креирањето на битни прашања го решава со ``лидерски средби``, одолговлечувањето за наметнување председателски кандидат, кокетирањето со некои закон ( пред се за мене со бранителте) сето тоа може да биде по штета на партијата на власт.
Зарем Дпмне има капацитет да решава и битни државни прашања освен чистење канали, купување двокатни автобуси, садење дрвца.....и ред други ситници за кои по пет пати дневно држи прес конференции, а коа ќе дојде ред да се заземе став или одговори на некое битно државно прашање.....со детектор не може да ги најдеш.

Инаку тоа што ти го нарекуваш уцена, во нормалните парламентарни демократии се вика КОНСЕНЗУС.
Консензусот е потребен за да не на секои четири години се менуваат битни државни закони, кои се донесени со согласност само на владејачката партија. Битните државни закони треба да имаат континуитет во нивното спроведување, а тој континуитет може да се обезбеди само ако тој битен закон е донесен со консензус или во согласност со најбитните креатори на политиката во Македонија.
 
Со постов му го расипа портокаловиот филм на огледалцево, не дека сакаше да проговори за политичката сцена во Македонија туку беше го натокмил таман уводниот пост за да се почне пак со стариот филм седесе ова седесе она :wink:

А што,зарем и тој беше загледан во серијата “Портокалова преродба“?
 
eve nesto sto denes mi go privlece vnimanieto, nekoj ke rece deka e i toa e demokratija jas poveke vo slucajov go tumacam za ``drnc`` vo partijata kade koncite ne se bas salam kontrolirani i kade sekoj poradi svoeto ``ego`` saka da e kreator na politika preku red )))

СДСМ ги дисциплинира своите пратеници
51BCFA7E2E63014997825F53FA2A28A3.jpg

Пратениците на СДСМ веќе не смеат да даваат изјави за ставовите на партијата и да учествуваат на трибини без одобрение од координаторот на пратеничката група и партискиот портпарол, кои ќе бидат надлежни да ги соопштуваат позициите и одлуките на партијата. Новите правила лично им ги соопштил на пратениците претседателот на партијата Зоран Заев на состанок во минатата недела. Тој побарал пратениците да се придржуваат до „мини-деловникот“ заради поголема компактност на пратеничката група и за да се спречат неусогласени изјави.

Според новите правила, за односи со јавноста се задолжени координаторот на пратеничката група Цветанка Иванова и нејзините заменици, како и портпаролот на партијата Емилијан Станковиќ. Ако пратениците одлучат да дадат изјава без да се координираат, треба да нагласат дека станува збор за лично мислење, а не за став на партијата. Според претседателот Заев, целта на ваквите мерки не била да ги дисциплинираат пратениците, туку да придонесат за поголема компактност на партијата и пратениците.

- Овие предлози дојдоа од самите пратеници, кои сметаат дека на тој начин ќе се зајакне СДСМ. Пратениците сами почувствуваа дека е подобро да бидат координирани и да праќаат заедничка и единствена порака до граѓаните - изјави Заев. Неофицијално дознаваме дека дел од пратениците се спротивставиле на новите правила, ги оцениле како смешни и однапред најавиле дека немаат намера да ги почитуваат. Според нив партиското раководство треба да ги зајакне координациите и отворените дискусии во пратеничката група, на кои ќе се слушнат различни мислења и дискусии и ќе се изградат подобри ставови.

Дилеми кај пратениците се појавиле како да постапуваат кога од нив некој медиум бара да дадат интервју. Дел од нив прашале дали и за тоа треба да бараат согласност. Партиското раководство заклучило дека во тој случај пратеникот треба да ги кажува своите лични ставови, а кога се зборува за партијата да ги следи насоките на СДСМ. Според новите правила, пратениците на СДСМ секое отсуство од седница, покрај на службите, треба да го пријавуваат и на координаторот, за да има евиденција на колку парламентарци може да се потпре во текот на седницата.

izvor dnevnik
 
Back
На врв Bottom