Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Така ти изгледа дека ДПМНЕ ја испушта од рака јаката позиција која ја има. Де види колку партиски војници се пикнати во администрација последните неколку месеци. Погледни го малку кругот на новата бизнис олигархија која се создава...новите партиски шерифи низ градовите.
Дпмне не ја испушта позицијата што ја има, туку од ден на ден се' повеќе ја злоупотребува.
Зарем Дпмне има капацитет да решава и битни државни прашања освен чистење канали, купување двокатни автобуси, садење дрвца.....и ред други ситници за кои по пет пати дневно држи прес конференции, а коа ќе дојде ред да се заземе став или одговори на некое битно државно прашање.....со детектор не може да ги најдеш.
Инаку тоа што ти го нарекуваш уцена, во нормалните парламентарни демократии се вика КОНСЕНЗУС.
Консензусот е потребен за да не на секои четири години се менуваат битни државни закони, кои се донесени со согласност само на владејачката партија. Битните државни закони треба да имаат континуитет во нивното спроведување, а тој континуитет може да се обезбеди само ако тој битен закон е донесен со консензус или во согласност со најбитните креатори на политиката во Македонија.
Na sdsm i treba reformi.Sepak za zdrava demokratija treba zdrava opozicija.
Vo sekoj slucaj ke bide mnogu interesno mesecive pred izbori.Nekako e vo magla ili kazano tisina pred bura.Doprva ke se vzestat rabotite![]()
Полека на СДСМ почнуваат и странциве да им помагаат да ги кренат на нозе ќе им го враќаат лицето БЦ зошто е подготвен да ни биде кум за нашето име:pop:
Кој се плаши од лустрација?
Оливера Војновска
Лустрацијата го изгуби здивот пред воопшто и да се направи првиот чекор. Наместо Македонија да почне да ја пишува новата страница од поновата историја, процесот што требаше да ја демократизира државата се заглави меѓу конкурсите, партиските штабови и инсталациите на тајните полициски служби.
Оваа политичка гарнитура по многу колебања пред десетина месеци собра сили и го донесе Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, популарно наречен Закон за лустрација. Но, на нашата политичка елита очигледно и' недостасува храброст да се соочи со предизвиците и да ја направи потешката задача: да го спроведе Законот. Тоа е единствениот пат, полн со неизвесности на новите генерации да им остави чиста ситуација, растоварена од гревовите од минатото. Иако не сме имале таков тоталитарен систем како некои од посткомунистичките земји од источниот блок.
Но, кој се плаши од лустрацијата и од тоа што би можело да излезе на виделина? Главните партии на македонската политичка сцена, преку своите пратеници во Собранието, дадоа согласност сите сегашни и идни кандидати за вршење јавна функција да потпишат изјава дека не биле соработници на тајните служби, корисници на информациите, наредбодавци. Се постигна општ консензус дека лицата кои во изминатите 60 години соработувале со ваквите служби ќе се дистанцираат од политичките процесии, ќе им се оневозможи да вршат значајни функции: претседател, премиер, министер, пратеник, гувернер, градоначалник, судија, обвинител, народен правобранител...
Само, по се' изгледа, дека желбата брзо им помина. Зошто инаку ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ би се тепале за превласт во комисијата за лустрација? Ако навистина сакаат да се направи вистинска, правична лустрација, тогаш нема потреба да се борат за доминација во ова тело. За да не страдаат невини луѓе и да не се претвори процесот во инквизициска постапка, туку од јавниот живот да си заминат оние кои функционирале со кодошење, основно е комисијата да биде назависна.
Тоа не би требало да претставува тешка работа или некаков проблем.
Па, сигурно во државата има доволно стручни, квалитетни и пред се' луѓе со морален кредибилитет кои немаат партиски книшки, кои можат да бидат избрани за членови на оваа комисија и на кои ќе им се верува. Така, и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и ДПА и ДУИ (кои сега глумат некаква индиферентност) нема да стравуваат дека оние другите ќе ги ловат кодошите во спротивниот табор.
Скептиците уште при усвојувањето на Законот прогнозираа дека лустрацијата ќе се одолжува се' додека не се заборави на неа. Сомнежите за искреноста во намерите на сите кои на големи ѕвона бараа лустрација ги подгреа фактот што лидерите на политичките партии тогаш не беа во собраниската сала за да го засилат аплаузот на пратениците. Остана забележано дека независно од широко постигнатиот консензус, ниту еден лидер на партија (освен Павле Трајанов) не гласаше за Законот за лустрација.
Македонската политичка елита, во секој случај, ќе треба да вложи дополнителен напор лустрацијата кај нас да не добие искривен облик.
Расчистувањето со старите структури во нашето кревко општество можеби ќе отвори нови рани. Иницијаторот на овој процес, либералот Стојан Андов, кој е со најдолг стаж од актуелните политичари во Македонија, констатира дека ние сме „специјалисти за изигрување закони“. Сигурно не се без основа и стравувањата дека се' уште немаме демократска зрелост за правично да се спроведе еден ваков процес, туку тоа ќе биде селективно. Голема непознатост е и тоа дали ќе се одбере најдобриот начин.
Сепак, овој процес мора еднаш да се направи и од него како држава да излеземе посилни.
Greshna ti e procenkata deka strancite kje go vrakjale Branko i kje go krevaat na noze SDSM...pogreshnata politika na VEMERO go prai toa em toa neusetno...kako po difolt na se ona shto kje posakuvaat dobivaat obratna reakcija.