NBA 2008/09

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ауууууу каква тесна гостинска победа на ШАМПИОНИТЕ како лошо почнаа велам ќе има дебакл ама потоа се разиграа сите и победивме:vozbud:
 
Бостон победи благодарение на 6 промашени слободни на Паркер и Финли во последните 60 секунди.
 
А јас го видов Дру Гуден кај Сан Антонио или сум сонувал:nesum:? Кога го трампаа и за кого? Ако знае некој нешто нека ме информира. Изгледа заради колоквиумиве не сум во тек со НБА, па дај помагајте да се вратам во колосек :helou:
 
Да по трампата од Чикаго во Сакраменто Гуден сега е во Сан Антонио. Во Сакраменто изигра дури 1 утакмица и толку. Сега Сан Антонио го лапна, многу добар потег на Тексашката организација.
 
Се согласувам со тебе, сега има кој адекватно да го замени Данкан додека овој се одмара на клупата. Ова е последно засилување во потера по новата титула.
 
А јас го видов Дру Гуден кај Сан Антонио или сум сонувал:nesum:? Кога го трампаа и за кого? Ако знае некој нешто нека ме информира. Изгледа заради колоквиумиве не сум во тек со НБА, па дај помагајте да се вратам во колосек :helou:
Не си сонувал:)

Бостон победи благодарение на 6 промашени слободни на Паркер и Финли во последните 60 секунди.
А што се направи Паркер пред тоа па редно беше и тој да згреши мислам 25 коша имаше на крај.
 
Не си сонувал:)

А што се направи Паркер пред тоа па редно беше и тој да згреши мислам 25 коша имаше на крај.

Паркер одигра маестрален натпревар 47 минути ама последната минута, засени се.
Викаш беше редно?
Не беше редно,затоа што Сан Антонио се шампионски тим, и такви почетнички грешки се редни-карактеристични за Минесота и Сакраменто.
Јас не паметам вака Паркер да има промашено и да му ја поклони утакмицата на противничкиот тим, а ти?

П.С Победа на Лејкерс иако на полувреме беа -14. Клупата предводена од Одом го реши натпреварот.

П.С 2 Амаре Стадемаер заради неговата операција на очниот нерв, ќе мора да носи заштитни наочари низ цела негова натамошна кариера! Навикнете се на новиот изглед на Стадемаер!

view_php.jpg
 
CELTICS oстанете зелени еве зосто миеве се шампиони затоа што имааат три играчи ки можат сами да ја сносат одговорноста и играта и така кога најмногу треба тука секако е пол пирс без ален и КГ како и обично го доведе тимот до значајна победа
 
Како бе другар без КГ? КГ играше 17 минути имаше 10 поени и 4 скока.

Но не се важни неговите минути сега, сега е битно неговото физичко присуство и вокално водење, тоа ги прави другите во Бостон посигурни.
 
Ама сите играа по толку минути можеби Ален играше повеќе и се чуствуваше повредата на Гарнет сеуште не е целосно заздравен ама за 17 минути беше и те како значаен.
 
Перкинс е ЅВЕР, секоја чест!
Ако не се лажам, имаше шпекулации дека Стадемаер, би можел да ја заврши кариерата, ама ова е добро! Само напред ЅВЕРУ!
:helou:
 
Незнам кај да го ставам ова, али навистина ми остави впечаток.

Маркус Џордан, помладиот син на прославениот татко Мајкл, ја водеше својата средношколска екипа Chicago Whitney Young до победничкиот наслов на првенството во сојузната држава Илионис. Во победата на Chicago Whitney Young против Waukegan 69:66, вредна освојување на титулата, 18-годишниот Маркус Џордан беше најдобар стрелец со 19поени. Во последните три минути Маркус ги погоди сите четири слободни удари, со што го доведе својот тим до титулата.
"Ова беше феноменално чувство"- кажа пресреќниот Маркус.
marcusjordan_websportschicago1.jpg
Таткому Мајкл беше на трибините и со уживање го гледаше успехот на неговиот помлад син. Поради натпреварот на неговиот син, го пропушти домашниот пораз на Шарлот Бобкетс од Индијана во НБА лигата.
Мајкл Џордан е, потсеќаме, ко-сопственик на Бобкетс. Неговиот постар син Џеф игра за тимот на University of Illinois.

извор: www.sportdenes.com
 
вечер играат Кливленд и Њу Џерси и дали ќе ја даваат некаде или не???????
 
Абе крв си е крв

може еден од овие двајца ќе испадне барем пола од татко им :toe:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom