Ете се прибрав и јас па да пишам
Денеска на Градски околу 500-600 луѓе дојдоа да го проследат Вардар. Од нив околу 200 бевме Комити, што е солидна бројка со оглед на тоа што повеќето се на одмори. Иако беше договорено денеска да не се навива сепак не издржавме и од 30-та минута па до крајот му се даваше поддршка на нашиот омилен клуб. Можам да кажам дека конечно некој посериозно ја сватил работата, и очекувам дека сезонава ќе бидеме на ниво како навивачка група. Имаме нова песна која одлично иде, и со тек на време кога ќе ја научиме сите ќе биде фантастичмо. Исто дизајнот на картите за утакмицава многу ми се допадна
На трибината имаше неколку членови на Ултрас Гелзенкирхен па во нивна чест беше испеано Гелзенкирехен-Скопје неколку пати. Навивањето се на се беше солидно, истотака имавме неколки пароли за одлуката мечевите да се играат во недела, а и често се скандираше ФФМ Мафија!
Да се насочам кон утакмицата. Прилично очекувано почнавме очајно, дури и ПОВЕЌЕ од очајно. Во првите неколку минути Металург имаше многу шанси. Удари од чисти позиции кои завршуваа за малку над голот, а особено не решетаа по левата страна каде што неколку пати нашите не успеаа да покријат. Се прашувам само кај е Симов??? Овој што бранеше беше каменисимо. Одбраната во првците неколку минути беше швајцарско сирење, и мислев дека ќе изгубиме со 7-0. Како одминуваа првите 15 минути, Вардар почна да ја држи топката. Почнаа поубаво да додаваат и не ја продаваа после 2-3 додавања. Шанси немавме но ја имавме иницијативата. Скоро до крајот на првиот дел, се играше на средината на теренот, без ниедна шанса кон двата гола. Вториот дел Вардар го почна фантастично. Имавме многу напади, многу корнери и полушанси. И таман напаѓавме и бевме далеку подобар тим, судијата им досуди слободен на шупациве, и мајсторски погодија за 0-1. Таман помислив дека е готово Вардар се врати. Ако не се лажам, Арбен Нухиу кој според мене беше најдопбар Вардаров играч на овој меч, успеа да стрела во долниот десен агол од противничкиот гол. Вардар тргна посмело. И тука неколку пати згреши еден од поискусните. Имавме милион контри но на Трипуновски како да не му текнуваше дека по левата страна има постојано слободен играч кој има чист пат кон голот, па ја заглавуваше на десна страна. Аман Никола, маме му ебам, да си купиш еден цвик со диоптер не ќе биде лошо
До 75 минута, Вардар доминираше, и тука почна да се покажува дека немаат веќе сили. Имаше Крстев шанса за 1-2 но промаши. И таму при крајот одново аматерска реакција на одбраната и победа на Металург
Ми идеше да заплачам во тие моменти. Толку бевме блиску да им земеме бод на најголемите фаворити за титула, и не успеавме. Искрено не заслуживме бод, ама боли тоа што голот беше примен на крајот. Пола од екиапата која настапи беа млади играчи. Ни го повредија Пандовски
Од младиве тој што беше 16-ка, ептен лесно го добиваа во дуели, ама ако се трудат може ќе биде нешто и од нив. И да не заборавам еден спорен момент, кога Нухиу влезе во шеснаесетник и беше завлечен. Според мене тука имаше чист пенал, и тоа можеше многу да смени бидејќи беше негде 75-та минута и плус беше 1-1. Ама уште еднаш копилето Ставрев досуди на наша штета :nerv:
Со нетрпение го чекам следниот дуел во Кратово...