Мудрост=искуство+способност за применување на истото;
За да си мудар не треба да си школуван, а ако си школуван не значи дека си мудар. Искуството си го прави своето, а вистинското знаење се стекнува само преку пракса и практичен пример, од книга не се учи. Од друга страна пак, за да имаш искуство треба да имаш доволно преживеано, а за да имаш доволно преживеано треба да си доволно стар.
Можете да кажете што сакате, ама во мојот досегашен живот немам сретнато ниту еден старец или старица кои не знаат што зборуваат, а многу млади кои без оглед на степенот на образование немаат три чисти така што за мудрост треба да си доволно стар, сепак.