Мудрост- искуство или знаење?

  • Креатор на темата Креатор на темата еленче
  • Време на започнување Време на започнување
Ме мрзеше цела тема да ја исчитам ама од неколкуте рандом поста разбрав дека некои ги мешаат поимите искусни и старост што е крајно смешно. Мислам дека нема потреба од објаснување.
Друга работа, на пат кон мудроста многу е важно и какво искуство си имал, како си гледал на тоа, какво знаење си имал(зашто и знаењето е релативна работа), твоите ставови и на крај ти како личност.
Што се однесува на знаењето, да важно е но би ја додала и интуицијата како една од највисоките скали до мудроста.
Кога ке имам повеке време ке дообјаснам...
 
Мудроста е комбинација од искуството и знаењето.
Но не она знаеше кое го учиме на школо или од книги, туку она знаење кое го учиме од искуство.

Точно дека искуството само по себе не е доволно, бидејќи не секој извлекува поуки и животни лекции од него.
 
Комбинација од двете заедно, едно без друго не иде.
 
Велат ѓаволот не знае многу затоа што е ѓавол, туку затоа што е стар! Кој се помудри постарите кои имаат искуство или помладите кои имаат повеќе знаење т.е оние кои веќе преживеале се или оние кои што го водат светот? Ве молам напишете ги вашите мислења...
Мудрост не се добива ако си стар или ако знаеш многу.Можеш да имаш и над 100 години и да си го прошетал светот па пак да си глупав хипнотизиран егоистички кретен.Можеш да си млад и да знаеш хемија,физика,математика,економија и други површински науки па нема да бидеш мудар туку само заслепен депресивен кретен.Мудроста не се наоѓа во книгите или во другите држави и минатите години.Мудроста е со тебе од кога ќе се родиш,секој се раѓа со мудрост но тој не знае.Веднаш кога се раѓа него го учат дека над него е бог,прецедателот,главниот у маало,тој богатиот и сл.Вака не се наоѓа мудрост и тешко дека во ова до каде сме стигнале сега ќе има мудрост.Дознај кој си,кај си и зашто си и набрзо ќе го откопаш бунарот на мудроста.Тоа е патот до мудроста.
 
Старите,некои,иако се стари пак не се мудри...
Младите,некои,иако начитани,пак исто не се мудри...
Гаволот не е мудар од шо е стар,туку што е лукав.
Значи тоа што го знаеш од искуство или од книги и треба да го искористиш,да примениш,да си дозволиш да згрешиш...така се стекнува мудрост.
 
за мудрост треба да имаш карактер,знаење,старост,лудост и доза на ексцентричност
 
- земете една хипотетичка споредба помеѓу врвен специјалист по стоматологија со 20 годишно искуство и обичен овчар со исто толку работен стаж. кој е поподготвен на мудри одлуки и проценки?.
 
Мудрост е убава работа, благородна. Можеш да даваш мудрост на други. Мислам дека мудроста секогаш е за позитивни цели.
Мислам дека е Искуство и разбирање, проценување.
 
Мудроста според мене е комбинација од знаење искуство и старост.Мада некој и мн искусен да е и стар па не може да е мудар...зависи и до човеко колку уче на грешките
 
Точно така..Секој стар човек е мудар човек..
Секој?
Пекрасно.
Значи да не се секирам јас многу за себе, треба само да остарам.
Инаку да, мудроста доаѓа со староста но само ако успешно се совладаат сите пречки во животот.Ако се совладаат сите кризи кои се застапени во животните периоди тогаш настапува его-интеграција.
Секако треба и да има пречки нели?
Што ако цел живот не се соочиме со никакви потешкотии во ништо?
Тогаш џабе ни се и 1000 години:back:
 
Откако опкружувањето ќе остане задоволно, биди способен да се задоволиш и себе, тоа е есенцијална мудрост, а истото важи и во обратен редослед. Или преведено по нашки, човек што во еден живот соберал барем малку љубов и пријатели, успеал да преживее и згора на тоа е среќен со тоа што го има, мора да е мудар човек.:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom