Стрелец
El Mariachi
Темава ја започнувам со еден дел од колумна на Горан Михајловски!
Оттаму, не ме чуди силната меѓусебна омраза на симпатизерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ... Се изгубија критериумите за вредности... На луѓето им е веќе најмалку битно дали ќе има инфлација или не, дали ќе има некоја голема инвестиција или не, дали под уставно име ќе не' признае некоја голема земја или не... Се' се сведе на тоа да се упати по некој погрден збор (а некогаш и по некоја сочна пцовка) кон противничката партија и кон нејзините симпатизери...
Не знам колкумина ја гледаат опасноста од продолжување на ваквиот тренд во државата!
Постојано повторувам во изминативе две години дека најголемиот грев на Груевски е тоа што провоцира делби кај Македонците... Најголем дел од својата енергија ја троши во борба против политичките неистомисленици... 90% од конференциите за печат на владата се наменети против СДСМ, а со иста намена се и 100% од партиските конференции за печат на ВМРО-ДПМНЕ!Завчера гледав селски театар од 19 век. Претставата се викаше Свечена академија за Денот на револуционерната борба. Шетаа со вештачки мустаци и бради и не убедуваа дека не ги знаеме Гоце, Јане и Даме.
Не знам од каде им е идејата дека кој било во оваа земја не знае кои се македонските револуционери и дека кога било во историјата на земјата некој ги забранил и не им била оддадена должна почит. Од што сакаат да се покажат големи патриоти, покажуваат дека не оделе на училиште. Па, да му се сневиди, во химната ги има.
Прво се делевме на Македонци и Албанци и христијани и муслимани. Потоа Владата воведе едночудо нови празници и не подели на ВМРО-вци и комунисти, религиозни и атеисти, патриоти и непатриоти. Први мај за комунисти, Велигден за религиозни. Нова година за атеисти, а Божик за религиозни. 11 Октомври за комунисти, 23 Октомври за ВМРО-вци. А на Илинден Претседателот и премиерот е забрането заедно да се појават на Мечкин Камен.
Откако направи поделба по сите основи, Владата пласира нова кампања за спасување на духот. "Отвори го срцето", демек биди толерантен.
Господине Груевски, моето срце никогаш не било затворено. Плаќам данок за да можеш ти да ги плаќаш кампањите, не се карам со соседите, имам пријатели од сите вери и националности, се залагам лицата со посебни потреби да не бидат дискриминирани и ги почитуваат тие што мислат поинаку од мене...
Зар ми треба кампања за да ме учи на толеранција? Исто како што ми требаше кампања да ме убеди дека "Јас сум Македонија"? Па сум. Од билборд ли треба тоа да го научам?
Имам разбирање за кампањата "Отвори го срцето", само ако Груевски мисли дека со тоа ќе не направи толерантни кон неговата влада за поделбите што ни ги воведе.