- Член од
- 19 јули 2006
- Мислења
- 3.157
- Поени од реакции
- 129
Па ако еден РЕК Битола не може да се води без жртви со кој памет е да се очекува нуклеарка исправно да работи?Во толку мала земја не вреди еден РЕК-Битола да носи секој ден по една жртва(поразителна реалност),со години наназад,за да не “снајде“ како мала земја со струја.Со Бугарите е ептен сомнителна работата а и тоа што за прв пат се бара вложување како аванс,верувај тука смрди работата,смрди итоа “радиоактивно“.
П.С.:-За стручен кадар имам на лагер барем 1000 Ерменци.
Инаку да разграничиме. Едно е дали МК треба да учествува во Белене а сосема друго дали МК треба да гради сопствена нуклеарка.
Бацилус, има земји кои немаат нуклеарка што значи дека се може. Енергијата ќе биде поскапа но дефинитивно се може. Знам пример на цел град кој комплетно се снабдува со енергија од алтернативни извори и дури има и за извоз па доаѓаа емисари од УНЕСКО да проверуваат како е тоа можно.Словенија е уште пмала па се снаоѓа, не е тоа проблемот за снаоѓањето. А тоа што ти си против нуклеарна енергија е друга работа, ама реално гледано ако купуваме од страна струја пак не го елиминира фактот дека некој што се граничи со нас има нуклеарка која претставува исто толкав ризик као да ја имаш и кај тебе во двор.
А реално зборено денес не се може без нуклеарните централи, бидејќи дури и да се искористува максимумот до она што се обновливи извори на енергија, пак нема да биде доволно за да ја одржува во живот денешната индустрија и општо потребите на економиите на државите во светов, така да нуклеарките се моменталното нужно зло ако сакаш крсти го за да можеме ние пред се како човечштво да се развиваме и идеме напред, за да можеме подолго да опстоиме, бидејќи без развој на науката и технологијата ќе останеме на едно ниво и нема да бидеме доволно флексибилни за адаптирање кон евентуалните новонастаните услови,за да опстанеме.
Така да јасно е дека тебе не ти се допаѓаат нукларките, ама ако мислиш дека ако втораа нуклеарка се изгради во албанија или во грција а не во македонија, дека ти ќе бидеш побезбеден и „помирно ќе можеш да спиеш“ тогаш се лажеш тешко.
Така да тргни го на страна тоа што тебе не ти се допаѓаат нуклеарките, и погледни ги фактите кои погоре ти ги наведов и удри есап да видиш што нам најмногу ни се исплати.
Македонија со Словенија ли ја споредуваш?
Кажав веќе што мислам по темава:
Во однос на Македонија, Поранешна Отоманска Покраина Грција и Албанија мислам дека шансите да се зезне работата од незнаење или неозбилност се донекаде еднакви. Кадарот ќе го обучиш ама тоа нема ич да ми даде сигурност мирно да спијам знаејќи каква е професионалноста во овие земји.
Веќе немам што битно да додадам, едноставно имаме различни ставови по темава.