Филмови што моментално ги гледам,освен Пацифик уште го немам почнато чекам да ги догледам прво другиве серии.
Спартак:Крв и песок(Spartacus:Blood and sand) - 2010
Само што заврши серијава пред некое време со прва сезона,поради тоа нема уште рејтинг на имдб.Инаку втората сезона се чека да испадне почетокот на Јануари 2011.
Инаку во серијава се работи за Тракиски војник,кој подоцна станува гладијатор за време на Римската империја во лудусот за гладијатори кој се наоѓа во градот Капуа.Серијата е главно околу главниот лик Спартак(нема врска со востанието на Спартак)и неговиот пат кон стекнување на репутација во арената со цел на крајот да добие слобода.Исто така има и други поважни настани ама нема да ги откривам.Инаку филмов ми се допаѓаше главно поради приказната,исто така има многу ефекти(малку повеќе,ама не е важен фактор) па ако имате добар плазма ТВ ќе уживате.Моја оцена 8 од 10.
Натприродно(Supernatural) - 2005 - 2010
Серијава се емитува од 2005 до 2010 и содржи 6 сезони,незнам за наредна,на имдб има 9.0/10 рејтинг што е одлично.
Во оваа серија се работи за двајца браќа кои нивниот татко ги има научено да се борат против натприродното зло,каде тие пробуваат да го најдат затоа што тој изчезнал при една мисија.Пошто моментално ја гледам серијава незнам многу инфо ама до кај што сум стасан ми изгледа на одлична серија со добро глумење и добра приказна.Сега-засега не давам рејтинг оти ја немам догледано.
Пацифик(The Pacific) - 2010
Прилично нова серија,има само 1 сезона пошто е мини-серија,рејтинг на имдб е 8.4/10 што ја прави исто така добра серија.
Пацифик е серија каде што е опфатена 2СВ и настаните на Пацификот помеѓу УСА и Јапонија,приказната се базира на тројца на ликови и нивните животи.Сметам дека ќе биде одлична серија според траилерот и мислењата што ги видов за неа.Серијава е од истиот креатор на Band of Brothers,па ако сте ги гледале ќе знаете дека тоа беше одлична серија па така се надевам дека ќе биде и оваа.