Предлог за серии и кратки рецензии

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Врати че се роде (Ќе се вратат штрковите).

Мене лично ми е омилена серија од овие балкански простори, одличната актерска екипа го креира ова безвременско дело. Инаку серијата е црна комедија ќе го насмее и ќе го растажи човек во една епизода тука нема мрдање.
Стварно добра серија, не ја догледав и ми беше криво, фала што ме потсети и да! имаш паво убедливо најдобра серија од балканскиве простори..Бјелогрлич е актериште!! :)
 
G

grande-juve

Гостин
Curb_Your_Enthusiasm


curb_your_enthusiasm[1].jpg

Серијава дефинитивно е најдобрата што сум ја гледал, најмалку во жанрот комедија (а од комедија сум ги гледал сите го сакаат рејмонд, козби, канцеларија, 3 камен од сонце, фрејзер, сите го мразат крис, и други не ми текнува сега), ако не и воопшто. До сега 7 сезони по 10 епизоди во секоја и траат по 30 минути, и буквално ниедна не прошла без смеење, ама има барем по најмалку 2-3 од секоја сезона каде што смеењето предизвикува солзи и болки во стомакот. Се се врти околу Лери Дејвид и ситуациите кои тој ги прави или во кои се наоѓа, инаку Лери Дејвид кој и во серијата е Лери Дејвид е кокреаторот и сценаристот на Сајнфелд, и всушност серијата е продолжение на неговиот живот по завршувањето на Сајнфелд. Сите ликови се многу смешни и плус надополнети со такви како М Скорсезе, Шекил ОНил, Бен Стилер, Мел Брукс, Дејвид Швимер од пријатели, Тед Денсон ака Бејкер и многу други. Само изгледајте ја првата епизода (не пилотот), и ќе ви биде јасно. Кој сака да се смее, нема да остане разочаран,
10 од 10 од мене
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Незнам за кои мислиш, дека како препораки не ти се допаднале ама: Брејкинг Бед и Сикс Фит Андер се фар аут серии, далеку пред се што иде у моментов, веруј. За што се работи можеш да видиш на предходните страни.
Breaking Bad - супер серииче
а пак
Six feet under! - туф туф туф ... џабе коментари .. треба да се гледа ... ама докрај !
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.683
Поени од реакции
34.181
Six feet under! - туф туф туф ... џабе коментари .. треба да се гледа ... ама докрај !
Докај 3та сезона сум, во последно време ја баталив ради филмови..
Aко не се оправи Brenda, кажете да не продолжувам, одбивна ми стана. :)
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Докај 3та сезона сум, во последно време ја баталив ради филмови..
Aко не се оправи Brenda, кажете да не продолжувам, одбивна ми стана. :)
лол .. истово му го пишав на Psyside кога бев таму ...
Гледај ич да не му ја мислиш !

земи си шамивче за крајните епизоди во 5та сезона :)

--- надополнето ---

само гледај си ги по ред .. не трчај да видиш шо ќе се деси ... кулирај си :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.683
Поени од реакции
34.181
само гледај си ги по ред .. не трчај да видиш шо ќе се деси ... кулирај си :)
Немам таква навика, никогаш не брзам. Плус, ми се допаѓа многу за да скокам, доста е потресна, доста допира, реална и морбидна е. Само Брендава со курвањето го поти.. :)

Отворете тема, офтопик сме, заслужува тема серијава, 10ка е. Од тоа што имам гледано.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Aко не се оправи Brenda, кажете да не продолжувам, одбивна ми стана. :)
На кого не? :) хахах али не се секирај ќе се оправи ама па после...ај да не ти кажувам, и како што ти кажа Екслекс, само полека и сконцентрирано, крајот го краси делото. Сикс Фит Андер се случува само еднаш на екран, но и во животот...

Екслекс се увери во тоа, и тек како :)

П.С. Јас имам отворена тема за серијава, ако не го мрзи Џими нека ги пребаци мислењава таму, а кога повеќето филмомани од форумов ќе ја изгледаат, таа тема ќе добие статус "важно" :cuc:
 
Член од
11 октомври 2008
Мислења
1.258
Поени од реакции
101

Ова е најдобра серија од овој вид која ја имам гледано. Се работи за неколку братства и сестринства, затоа има нешто и за двата пола интересно. До сега има 3 сезони, четвртата оваа есен. Серијата ги следи животите на луѓе кои студираат според грчкиот систем, и се фокусира на 2 братства и 1 сестринство ( Kappa Tau Gamma (ΚΤΓ) и Omega Chi Delta (ΩΧΔ), и Zeta Beta Zeta (ΖΒZ) ). Серијата исто ја даваат на Fox Life иако сите епизоди ги имам изгледано на PC, под име Братства и Сестринства.

p.s Името нека не ви смета, нема никаква врска :)
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Гледам коментари од корисници над мене и можам само да се надоврзам - SIX FEET UNDER е една од најдобрите серии што сум ги гледал. Серијата мора да се изгледа до крај за вистински да се доживее, а не е многу долга. Чудно што ниедна телевизија кај нас ја нема емитувано, но голема препорака за сите - симнете ја.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Гледам коментари од корисници над мене и можам само да се надоврзам - SIX FEET UNDER е една од најдобрите серии што сум ги гледал. Серијата мора да се изгледа до крај за вистински да се доживее, а не е многу долга. Чудно што ниедна телевизија кај нас ја нема емитувано, но голема препорака за сите - симнете ја.
Болдираното, чиста вистина....

Секој кој ја изгледал Сикс Фит Андер, за мене доживеал нешто што кај ниеден друг филм/серија неможе да се доживее, осознаее. Буквално серијава може да ти го смени животот, сериозно. Колку е само реална и длабока...емотивна...тоа е чудо....Алан Бол е бог!!! :cuc:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Да, и Американска убавина му е прекрасен... и затоа се` уште се чудам што му требаше True Blood? :\
Тру Блад мене ми се допаѓа, ама далеку е од Сикс Фит Андер или пак Американ Бјути, сепак контроверзна,мрачна и уникатна - забегана е. Затоа ми се допаѓа, има интересни карактери. Првите 2 сезони во поглед на квалтиет беа супер додека 3-ва доста изгуби од поглед на тој аспект...
 
Член од
8 септември 2009
Мислења
15
Поени од реакции
7
Modern Family

Modern Family e американска ситком серија која ги раскажува приказните на три семејства низ најкомичните делови од нивниот живот. Phil и Claire се дел од традиционално америкаско семејство кое се соочува со секојдневни проблеми како и секое друго семејство, заедно со нивните три деца Haley, Alex и Luke. Jay и Gloria се штотуку венчана двојка, но проблемот е што Jay е два пати постар од Gloria и често наидува на разни коментари. Тие заедно се грижат за Manny детето на Gloria од првиот барк кое делува на малку посозреано за неговите години. Cameron и Mitchell се геј двојка која штотуку посвојува бебе од Виетнам (Lilly) и се соочуваат со нов предизвик. Низ урнебесни ситуации се претставени новите промени на овие три семејства, а како овие три семејства се поврзани ќе дознаете од кога ќе го изгледате пилотот.
Мое лично мислење е дека серијава е една од најдобрите комедии што се појавиле во последнава декада. Серијата изобилува со извонреден и паметен хумор (сличен на оној во Аrrested Development) и нешто што најмногу ми се допаѓа е тоа што нема laugh track. Снимена е во mockumentary стил (како The Office) што дава можност за подобро запознавање со ликовите. Има одлична екипа oд докажани актери Julie Bowen (Ed, Boston legal), Jesse Tyler Ferguson (The Class), Ed O`Niel (Married with children) како и други нови таленти. Дури и децата се повеќе од талентирани. Серијата наиде на одлични критики, според некои прогласена за најдобра нова серија, а според некои веднаш култна поради нејзината оригиналност.
Премиерата беше гледана од 12.6 милиони американци и веднаш е обновена за втора сезона која почнува во септември 2010.
Серијата за нејзината прва сезона е номинирана за 14 Emmy награди меѓу кои и три во категоријата за најдобра машка споредна улога, две во категоријата најдобра женска споредна улога и во категоријата најдобра серија. Мodern Family е серија што дефинитивно не смее да се пропушти
Оцена: 9,5/10
 

Attachments

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јао знам дека секој мој втор пост на подфорумов е мој али лето е, сонцево тепа и што да правам друго освен да гледам филмови ака серии или да читам книги.

Wonderfalls



Серијава има 8.9 на имдб. Прилично е андерграунд, многу малце луѓе ја имаат гледано али и за таа една сезона што ја има - си створи верни обожаватели. Ја не сум некој таков, али серијата е добра у секој случај. Различна е. Снимена е во Канада. Има 13 епизоди од по речиси саат време. Се работи за Џеј, една млада девојка која живее во камп приколка, прилично мрзлива, работи во една продавница за сувенири. И сеа голем број од сувенириве се животинчиња. И туку тие ќе почнат да и зборуваат, поточно да и даваат наредби кои таа мора да ги слуша.
Мислам дека Wonderfalls ќе им се допадне повеќе на девојките, што не значи дека машките не треба да ја гледаат. Ипак тоа е мое мислење. И мислам дека ќе им се допадне на оние на кои им се допаднала Pushing daisies, некако слични ми се. Може ради тоа што исти луѓе работеле на двете серии.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
704
Поени од реакции
260
Филмови што моментално ги гледам,освен Пацифик уште го немам почнато чекам да ги догледам прво другиве серии.

Спартак:Крв и песок(Spartacus:Blood and sand) - 2010

Само што заврши серијава пред некое време со прва сезона,поради тоа нема уште рејтинг на имдб.Инаку втората сезона се чека да испадне почетокот на Јануари 2011.

Инаку во серијава се работи за Тракиски војник,кој подоцна станува гладијатор за време на Римската империја во лудусот за гладијатори кој се наоѓа во градот Капуа.Серијата е главно околу главниот лик Спартак(нема врска со востанието на Спартак)и неговиот пат кон стекнување на репутација во арената со цел на крајот да добие слобода.Исто така има и други поважни настани ама нема да ги откривам.Инаку филмов ми се допаѓаше главно поради приказната,исто така има многу ефекти(малку повеќе,ама не е важен фактор) па ако имате добар плазма ТВ ќе уживате.Моја оцена 8 од 10.




Натприродно
(Supernatural) - 2005 - 2010

Серијава се емитува од 2005 до 2010 и содржи 6 сезони,незнам за наредна,на имдб има 9.0/10 рејтинг што е одлично.

Во оваа серија се работи за двајца браќа кои нивниот татко ги има научено да се борат против натприродното зло,каде тие пробуваат да го најдат затоа што тој изчезнал при една мисија.Пошто моментално ја гледам серијава незнам многу инфо ама до кај што сум стасан ми изгледа на одлична серија со добро глумење и добра приказна.Сега-засега не давам рејтинг оти ја немам догледано.





Пацифик
(The Pacific) - 2010

Прилично нова серија,има само 1 сезона пошто е мини-серија,рејтинг на имдб е 8.4/10 што ја прави исто така добра серија.

Пацифик е серија каде што е опфатена 2СВ и настаните на Пацификот помеѓу УСА и Јапонија,приказната се базира на тројца на ликови и нивните животи.Сметам дека ќе биде одлична серија според траилерот и мислењата што ги видов за неа.Серијава е од истиот креатор на Band of Brothers,па ако сте ги гледале ќе знаете дека тоа беше одлична серија па така се надевам дека ќе биде и оваа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom