Дали владата не лаже?

  • Креатор на темата Креатор на темата romeo_ferara
  • Време на започнување Време на започнување
Сите влади насекаде лажат. Битното е само од тоа лажење да има некаков профит за народот.

Секоја влада (барем онаа што е паметна) се грижи за тоа. Од најпроста причина што сака да ги изберат пак во иднина, па нешто ќе направат добро за народот.
 
romeo_ferara; напиша:
1777225Факти :
-дефицитот во трговската размена расте , а владата покажува пораст на бруто национален производ
Напишано од Трн Во Око
Биди љубезен и образложи го ваквото тврдење, како е ова можно?

Сакам одговор поткрепен. Извор, референци, податоци.
Извор, референци, податоци.
-нема преговри за европска унија
Со ова влада нема ни да има.
Зошто ?
Кратко и јасно.
Блгарска, наместо Европска.
-расте државниот административен апарат
Напишано од Трн Во Око
Како и секоја година...а го знаеш ли барем процентот? Колку одат во пензија, а колку нови се вработуваат?
После секојмесечните трубења од сите меѓународни институции во врска со превработеноста и нововработеноста во државната администрација, трнчо сака бројки на отидени во пензија за да спореди !
Па погледни само како од година во година се зголемуваат давачките од буџетот кои одат за администрацијата.
- лоша надворешна политика
Катастрофално лоша.
- медиуми независни готово и да нема
Па што ќе има кога владата им закупува 50% од рекламниот простор.
Со еден куршум....два зајака.
Ем медиумите под контрола.
Ем народот со испран ум :toe:
Идеална ситуација.................ама за во ДР Конго.
- нема инвестиции
Еве една споредба во врска со странските директни инвестиции во Македонија. Чисто да видат некои, каде всушност котираме ние во регионот.
стопанството е повторно закочени
А пази, до вчера Славевски викаше дека Македонија нема да ја осети глобалната криза, па заради тоа владава не превземала некакви чекори.
нема пари во оптек
Доказ за трнчо.
Буџетот за време од 6 години е трикратно зголемен.
Инфлацијата споредбено со нивото пред шест години, е неколку пати зголемена.
Давачките спрема државата....исто.
Се' оди нагоре, а стандардот на граѓанинот стои во место.
Поголем доказ....здравје:toe:
- двоцифрена инфлација
Доказ за двоцифрена инфлација.

Дали лажат по медиумите со рекламни спотови , искривувајки ја реалноста , во стварност којзнае што ни се случува ??????
Вашето мислење .
Нашето мислење ??

Шест месеци без реклами, и ќе се види реалната состојба во Македонија.
Тоа е моето мислење.

Друго дваесет е дали некој сака да ја согледа вистинската состојба, или да гледа реклами.
 
Па што ќе има кога владата им закупува 50% од рекламниот простор.
Со еден куршум....два зајака.
Ем медиумите под контрола.
Ем народот со испран ум :toe:

Еве една споредба во врска со странските директни инвестиции во Македонија. Чисто да видат некои, каде всушност котираме ние во регионот.

Прво навистина ли мислиш дека било каде на земјината топка постојат независни медиуми? Мислиш ли дека Медиа сет е независна? Или СНН, или ФОХ, или Сител, ВАЦ, било кој медиум во светов, од најлокални радија до глобалните светски куќи?

Во споредба со странските инвестиции сме најверојатно последни. Али за да се споредиме со регионот прво треба да се споредиме самите со себе? И треба да кажеш дека странските инвестиции во целото владеење на СДС заедо со ЕСМ се еднакви само на 2008 година од владеењето на ВМРО, кога светот ја доживеа најголемата економска криза, за која онаа во 1929 е мачи кашаљ.

И треба да се каже дека сите т.е. 90% од стопанството во Македонија е продадено т.е. земено за багатела од сегашната олигархија за севкупно 30 милиони евра. Нешто што вреди неколку десетици илјади денари, јас да го продадам за 30 денари, или треба да сум луд или да не е мое. Ете толку инкасирала државата од генијалноста на твојот гуру.
 
Демек работава изгледа вака:

А ти CNN имаш видено Буш да шиба реклами на секој час, за тоа колку е он успешен во работата која ја работи.
Значи има независни медиуми, малку зависни, презависни и претерано зависни.
Шо мислиш. У која група спаѓаат нашите ?

Абе до кога ќе ти објаснувам дека мене не ме интересира сдс бе.
Не се сега ОНИ НА ВЛАСТ.
ДПМНЕ ја води тржавата.....или мисли дека ја води.
Мене ме интересира напредокот на Македонија во споредба со тие околу нас.
Најголемиот подем нашите комшии го остварија во последните три/четири години.

Алооо!

Балканот се глобализира....напредува.
Само ние стоиме во место бре.

А ти пак анализирај колку биле инвестициите во времето не седесето, и зошто Бранко не станал или Киро не легнал.

Демек работава изгледа вака:

И не е демек....туку токму така.
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]:pos:[/FONT]
 
Факти :
-дефицитот во трговската размена расте , а владата покажува пораст на бруто национален производ
тоа завии од кој агол гледаш
-нема преговри за европска унија
преку курот, искрено и не ни сакам европска унија ( све само педери и педофили )
-расте државниот административен апарат
значи подобри усливи за граѓаните кои имаат потреба од државата ( административни потреби )
- лоша надворешна политика
затоа што сме Македонци
- медиуми независни готово и да нема
ко демек СНН и ББС се независни, ма даај
- нема инвестиции
хммм... ова звиси како го гледаш, продажбата на окта и телеком за мене не се инвестиции
- нема визни олеснувања
и нема да има затоа што сме Македонци, за тоа треба да се жалеиш пред фуере, он вика дека има
- стопанството е повторно закочени
... од 68 е така
- нема пари во оптек
марк ( упс евро у поново реме ) долар франк, пари има ама педери нема или обратоно беше ( види К15 )
- двоцифрена инфлација
Дали лажат по медиумите со рекламни спотови , искривувајки ја реалноста , во стварност којзнае што ни се случува ??????
Вашето мислење .
маркетингот е страшна работа, работам маркетинг подолго време... и да не ти кажувам што све не луѓето се палат...( сума сумариум маркетингот е ок свтвар да не ме сватиш погрешно )
 
А ти CNN имаш видено Буш да шиба реклами на секој час, за тоа колку е он успешен во работата која ја работи.
Значи има независни медиуми, малку зависни, презависни и претерано зависни.
Шо мислиш. У која група спаѓаат нашите ?
Абе до кога ќе ти објаснувам дека мене не ме интересира сдс бе.
Не се сега ОНИ НА ВЛАСТ.
ДПМНЕ ја води тржавата.....или мисли дека ја води.
Мене ме интересира напредокот на Македонија во споредба со тие околу нас.
Најголемиот подем нашите комшии го остварија во последните три/четири години.

Ти изгледа глдеаш и СНН и све остало, ама некако англискиот ми ти е почетен.
И те молам наброј ми ама еден независен медиум. Независен медиум не постои, тој зависи од неговиот финансиер или газда. Пара врти где бургија неможе. Колку пари толку музика. А ако мислиш дека стварно постојат независни медиуми, ондак ти си за у некоја бајка. Па ми текнува пред неколку години кога шпицата на А1 беше ...А1, Независна телевизија...абе ајде.

Е сега за инвестицииве. Со оглед што не сме на море да го распродаваме за бам бадава, и со оглед со последните две години ако ги собереме математички имаат двапати повеќе странски инвестиции отколку сите години пред тоа, автоматски значи дека ако се продолжи така во наредните пет годнини т.е. секоја година да има значаен скок на странските инвестиции по неколку години ќе биде подобро.

И не се сравнуваат така инвестициите со апсолутни бројки. Треба да го видиш соодносот со иневстициите во србија која е 8 милиони т.е. 4 пати поголема со поголеми ресурси и има незам колку ти инвестиции, ама ајде друг пат ме мрзи да ти објаснувам.

А ако ти мислиш дека од еднаш ќе нагрнат овде инвестиции, дека таа работа не е постепена тогаш незнам што да кажам освен да бараме извори на нафта у Св.Николе, али онака јаки, со големи залихи. Кој нејќе веднаш да дојдат две-три милијарди евра годнишно, море и на шест месеци,...и тата би сине...Али тешко.
 
Лоша надворешна политика

затоа што сме Македонци

Wroong !!! Изманипулирано одговорче , денес демант ти дојде и од Мексико и Конго . Али ај нека не бидат они релевантни , со тоа што велиш дека сме Македонци , значи ја оправдуваш надворешната политика а истата мижи пред низа факти изнесени и овде на форумов а и се потпира на лажната подршка која ни ја дава Америка која е ШТЕТНА за Македонија а е во врска со името .
 
Ти изгледа глдеаш и СНН и све остало, ама некако англискиот ми ти е почетен.
Хахаха....Да бе, само што се запишав на прв степен. Коа ќе земам диплома, веднаш частам.:pos:

И те молам наброј ми ама еден независен медиум. Независен медиум не постои, тој зависи од неговиот финансиер или газда. Пара врти где бургија неможе. Колку пари толку музика. А ако мислиш дека стварно постојат независни медиуми, ондак ти си за у некоја бајка. Па ми текнува пред неколку години кога шпицата на А1 беше ...А1, Независна телевизија...абе ајде.
Ќе ти реплицирам со твоите зборови.
Пара врти где бургија неможе. Колку пари толку музика....кои индиректно кажуват дека владата уствари троши големи државни пари во саморекламирање.
Е јебига, ама тука си во право.

Е сега за инвестицииве. Со оглед што не сме на море да го распродаваме за бам бадава, и со оглед со последните две години ако ги собереме математички имаат двапати повеќе странски инвестиции отколку сите години пред тоа, автоматски значи дека ако се продолжи така во наредните пет годнини т.е. секоја година да има значаен скок на странските инвестиции по неколку години ќе биде подобро.
Абе ти пак тоа па тоа.
Србија, Хрватска и Босна имаа војни во кои економијата им отиде длабоко во минус....инфраструктурата 50% оштетена.
Па сега се далеку пред нас. Да ти напоменам и за Албанија, или не мора ?
Гледај Сашо. Да се разбереме една работа. Балканот во последните шест години стана посигурно место за инвестиции. До пред неколку години, на никој не му текнуваше да инвестира во несигурно подрачје во кое секоја минута може војна да избие.
Така да природно е да има раст на СДИ бидејќи како што реков, Балканот се глобализира, напредува.
Но.
Зашто бе Сашо Македонија која беше и по стандард и по инвестиции понапредна, иста или слична со Србија, Хрватска, Босна и Албанија, денес е далеку позади нив ?

И не се сравнуваат така инвестициите со апсолутни бројки. Треба да го видиш соодносот со иневстициите во србија која е 8 милиони т.е. 4 пати поголема со поголеми ресурси и има незам колку ти инвестиции, ама ајде друг пат ме мрзи да ти објаснувам.

А ако ти мислиш дека од еднаш ќе нагрнат овде инвестиции, дека таа работа не е постепена тогаш незнам што да кажам освен да бараме извори на нафта у Св.Николе, али онака јаки, со големи залихи. Кој нејќе веднаш да дојдат две-три милијарди евра годнишно, море и на шест месеци,...и тата би сине...Али тешко.
Да не ми кажеше, немаше да знам како тоа се споредува :)

Споредба, специјално за Сашо.

Еве што вели мојата анализа за странските директни инвестиции, калкулирани по глава на жител:

Македонија.
2,070,000 жители.
Странски инвестиции за 2007 = 240 милиони евра.
116 евра по глава на жител.

Хрватска
4,500,000 жители.
Странски инвестиции за 2007 = 3,600 000 000 евра
800 евра по глава на жител.
590% повеќе инвестиции од Македонија, споредено по глава на жител за 2007 година.
За да одиме во темпо со Хрватите, ќе ни требаат минимум 1,656,000,000 евра странски инвестиции годишно.

Босна и Херцеговина
4,000,000 жители.
Странски инвестиции за 2007 = 1,470,000,000 евра.
368 евра по глава на жител.
217% повеќе повеќе инвестиции, споредено по глава на жител.
По истата методологија, Македонија би требало да има 761,176,000 евра годишно, за да се споредува со Босна.

Црна Гора
685 000 жители
Странски инвестиции за 2007 = 1,000,000,000 евра.
1460 евра по глава на жител.
Или 1,160% повеќе од Македонија.
За споредба со Црногорците, Македонија годишно ќе треба да има 3,202,200,000 евра странски инвестиции.

Србија
7,500,000 жители
Странски инвестиции во Србија за 2007 = 2,600,000,000 евра.
350 евра по глава на жител.
200% повеќе странски диретни инвестиции од Македонија, споредено по глава на жител.
Или Македонија по ова пресметка би требало да има 1,103,310,000 евра инвестиции годишно, да би се споредувала со Србија.

Анализата вели.
Не по глава, туку и по две нозе од жител да вкалкулираме, сепак во овој поглед сме далеку од нашето опкружување.

Македонија, пред некој ден беше рангирана на 71-во место во светот, по однос на спроведените реформи кои придонесуваат за нивото на странските инвестиции.
Позади нас се сите овие држави кои погоре ги спомнав.
Па каде е тука проблемот ?

###################################################

Еве ти уште една АНАЛИЗА.

Македонија vs. Хрватска.

Просечна нето плата во Македонија за 2002-ра....190 евра.
Просечна нето плата во Хрватска за година 2002-ра...450 евра.

Просечна нето плата во Македонија за 2008-ма - 15, 631 денари, или 255 евра.
Просечна нето плата во Хрватска за 2008-ма - 5, 167 куни, или 740 евра.

Просечната плата во Македонија во временски период од 6 години, пораснала за 34 проценти.
Просечната плата во Хрватска за време на истиот период пораснала за цели 64 проценти.

Потрошувачката кошница во Македонија за 2008-ма изнесува околу 12, 333 денари = 202 евра, или околу 75% од просечната плата.
Потрошувачка кошница во Хрватска изнесува околу 340 евра или 40% од просечната плата.

Невработеноста во Хрватска, која во 2002-ра изнесувала 24%, денес е намалена скоро на половина, т.е. 12,67 %.
Невработеноста во Македонија во овој ист временски период е зголемена за 1,5 процент.

Македонија vs. Србија

Просечна нето плата во Македомија за 2002-ра година, 190 евра.
Просечна нето плата во Србија за 2002-ра година, 106 евра.

Просечна нето плата во Макеонија ова година, 255 евра.
Просечна нето плата во Србија 2008-ма година, 430 евра.

Додека зголемувањето на платите за овие 6 години во Србија изнесувало над 300%.
истото во Македонија изнесувало 34 проценти.

###################################################

Интересен е исходот од една моја анализа на цените од 56 артикли и услуги во Србија и Македонија, почнувајќи од прехрамбени производи и пијалоци па се до средства за хигиена, аналгетици и комунални услуги.

Исходот е следен:
Во Србија просечниот граѓанин, за овие 56 артикли и услуги, месечно троши околу 19, 477 динари...или околу 256 евра.
За истите производи и услуги, граѓанинот во Макдонија троши 14, 375 денари, или околу 235 евра.

Споредено со платите, кои во Македонија изнесуваат околу 255 евра, а во Србија 430 евра, доаѓаме до заклучок дека на просечниот Македонец откако ќе ги измири сите месечни давачки му остануваат цели 20 евра во буџетот, за разлика од Србинот кому му остануваат 174 евра, што е скоро десетпати повеќе.

Невработеност во Србија, 13%.
Невработеност во Македонија, 36%.

###################################################

Бараше споредби...еве ти споредби.
Па кога ќе проанализираш и споредиш, повели реплицирај.
 
Реален, си се изнамачил, а на твоите референци воопшто ништо нема конкретно туку фабрикувани изјави од СДСм кои никогаш не биле поткрепени...

И прекини да споредуваш, тука станува збор за Македонија и инвестициите, а не регионот и инвестициите. Ниедна држава на Балканот не е на иста или слична позиција, секоја со свои проблеми, квалитети и маани.
 
Реален, си се изнамачил, а на твоите референци воопшто ништо нема конкретно туку фабрикувани изјави од СДСм кои никогаш не биле поткрепени...

И прекини да споредуваш, тука станува збор за Македонија и инвестициите, а не регионот и инвестициите.
Која СДСМ бе, немаат пари да платат некој за да состават толкаави реченици, тој ссдсмм
 
Браво реален...баш си се потрудил....тоа е вистината што ја пишуваш...

за жал
 
Реален, си се изнамачил, а на твоите референци воопшто ништо нема конкретно туку фабрикувани изјави од СДСм кои никогаш не биле поткрепени...

И прекини да споредуваш, тука станува збор за Македонија и инвестициите, а не регионот и инвестициите. Ниедна држава на Балканот не е на иста или слична позиција, секоја со свои проблеми, квалитети и маани.

Абре трнчо трнчо да си ми жив и здрав.
Има уште долго долго да те лажат дека живееш во швицарска.
Шибај само пријателе. :toe:
Незнам уште какви докази сакаш. Можеби со печат од нотар или од Влада на Р.М.

А релевантноста на податоците, особено во последниот пост, е со точност од 95%.

За споредбата.
Како тоа можеш да се споредуваш сам со себе за да увидиш дали си успешен или не.
Само некому не му одговара таа споредба....тоа е работата.
Некој мисли дека Македонскиот народ цел живот ќе паѓа на финта Бранко.
Епа нече мочи Пантиќу тако.

После 5/10 години, кога инвестициите кај нашите соседи ќе се мерат со десетици милијарди.....платите со илјадници евра....ти и Сашо пак ќе ме убедувате дека инвестициите во Македонија во 1993 година биле 10 милиони евра, а сега се 700 милиони, и за тоа сме многу напредни !

Епа по други пут, нече мочи тако Пантиќу.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom