Ти изгледа глдеаш и СНН и све остало, ама некако англискиот ми ти е почетен.
Хахаха....Да бе, само што се запишав на прв степен. Коа ќе земам диплома, веднаш частам.
И те молам наброј ми ама еден независен медиум. Независен медиум не постои, тој зависи од неговиот финансиер или газда. Пара врти где бургија неможе. Колку пари толку музика. А ако мислиш дека стварно постојат независни медиуми, ондак ти си за у некоја бајка. Па ми текнува пред неколку години кога шпицата на А1 беше ...А1, Независна телевизија...абе ајде.
Ќе ти реплицирам со твоите зборови.
Пара врти где бургија неможе. Колку пари толку музика....кои индиректно кажуват дека владата уствари троши големи државни пари во саморекламирање.
Е јебига, ама тука си во право.
Е сега за инвестицииве. Со оглед што не сме на море да го распродаваме за бам бадава, и со оглед со последните две години ако ги собереме математички имаат двапати повеќе странски инвестиции отколку сите години пред тоа, автоматски значи дека ако се продолжи така во наредните пет годнини т.е. секоја година да има значаен скок на странските инвестиции по неколку години ќе биде подобро.
Абе ти пак тоа па тоа.
Србија, Хрватска и Босна имаа војни во кои економијата им отиде длабоко во минус....инфраструктурата 50% оштетена.
Па сега се далеку пред нас. Да ти напоменам и за Албанија, или не мора ?
Гледај Сашо. Да се разбереме една работа. Балканот во последните шест години стана посигурно место за инвестиции. До пред неколку години, на никој не му текнуваше да инвестира во несигурно подрачје во кое секоја минута може војна да избие.
Така да природно е да има раст на СДИ бидејќи како што реков, Балканот се глобализира, напредува.
Но.
Зашто бе Сашо Македонија која беше и по стандард и по инвестиции понапредна, иста или слична со Србија, Хрватска, Босна и Албанија, денес е далеку позади нив ?
И не се сравнуваат така инвестициите со апсолутни бројки. Треба да го видиш соодносот со иневстициите во србија која е 8 милиони т.е. 4 пати поголема со поголеми ресурси и има незам колку ти инвестиции, ама ајде друг пат ме мрзи да ти објаснувам.
А ако ти мислиш дека од еднаш ќе нагрнат овде инвестиции, дека таа работа не е постепена тогаш незнам што да кажам освен да бараме извори на нафта у Св.Николе, али онака јаки, со големи залихи. Кој нејќе веднаш да дојдат две-три милијарди евра годнишно, море и на шест месеци,...и тата би сине...Али тешко.
Да не ми кажеше, немаше да знам како тоа се споредува
Споредба, специјално за Сашо.
Еве што вели мојата анализа за странските директни инвестиции, калкулирани по глава на жител:
Македонија.
2,070,000 жители.
Странски инвестиции за 2007 = 240 милиони евра.
116 евра по глава на жител.
Хрватска
4,500,000 жители.
Странски инвестиции за 2007 = 3,600 000 000 евра
800 евра по глава на жител.
590% повеќе инвестиции од Македонија, споредено по глава на жител за 2007 година.
За да одиме во темпо со Хрватите, ќе ни требаат минимум 1,656,000,000 евра странски инвестиции годишно.
Босна и Херцеговина
4,000,000 жители.
Странски инвестиции за 2007 = 1,470,000,000 евра.
368 евра по глава на жител.
217% повеќе повеќе инвестиции, споредено по глава на жител.
По истата методологија, Македонија би требало да има 761,176,000 евра годишно, за да се споредува со Босна.
Црна Гора
685 000 жители
Странски инвестиции за 2007 = 1,000,000,000 евра.
1460 евра по глава на жител.
Или 1,160% повеќе од Македонија.
За споредба со Црногорците, Македонија годишно ќе треба да има 3,202,200,000 евра странски инвестиции.
Србија
7,500,000 жители
Странски инвестиции во Србија за 2007 = 2,600,000,000 евра.
350 евра по глава на жител.
200% повеќе странски диретни инвестиции од Македонија, споредено по глава на жител.
Или Македонија по ова пресметка би требало да има 1,103,310,000 евра инвестиции годишно, да би се споредувала со Србија.
Анализата вели.
Не по глава, туку и по две нозе од жител да вкалкулираме, сепак во овој поглед сме далеку од нашето опкружување.
Македонија, пред некој ден беше рангирана на 71-во место во светот, по однос на спроведените реформи кои придонесуваат за нивото на странските инвестиции.
Позади нас се сите овие држави кои погоре ги спомнав.
Па каде е тука проблемот ?
###################################################
Еве ти уште една АНАЛИЗА.
Македонија vs. Хрватска.
Просечна нето плата во Македонија за 2002-ра....190 евра.
Просечна нето плата во Хрватска за година 2002-ра...450 евра.
Просечна нето плата во Македонија за 2008-ма - 15, 631 денари, или 255 евра.
Просечна нето плата во Хрватска за 2008-ма - 5, 167 куни, или 740 евра.
Просечната плата во Македонија во временски период од 6 години, пораснала за 34 проценти.
Просечната плата во Хрватска за време на истиот период пораснала за цели 64 проценти.
Потрошувачката кошница во Македонија за 2008-ма изнесува околу 12, 333 денари = 202 евра, или околу 75% од просечната плата.
Потрошувачка кошница во Хрватска изнесува околу 340 евра или 40% од просечната плата.
Невработеноста во Хрватска, која во 2002-ра изнесувала 24%, денес е намалена скоро на половина, т.е. 12,67 %.
Невработеноста во Македонија во овој ист временски период е зголемена за 1,5 процент.
Македонија vs. Србија
Просечна нето плата во Македомија за 2002-ра година, 190 евра.
Просечна нето плата во Србија за 2002-ра година, 106 евра.
Просечна нето плата во Макеонија ова година, 255 евра.
Просечна нето плата во Србија 2008-ма година, 430 евра.
Додека зголемувањето на платите за овие 6 години во Србија изнесувало над 300%.
истото во Македонија изнесувало 34 проценти.
###################################################
Интересен е исходот од една моја анализа на цените од 56 артикли и услуги во Србија и Македонија, почнувајќи од прехрамбени производи и пијалоци па се до средства за хигиена, аналгетици и комунални услуги.
Исходот е следен:
Во Србија просечниот граѓанин, за овие 56 артикли и услуги, месечно троши околу 19, 477 динари...или околу 256 евра.
За истите производи и услуги, граѓанинот во Макдонија троши 14, 375 денари, или околу 235 евра.
Споредено со платите, кои во Македонија изнесуваат околу 255 евра, а во Србија 430 евра, доаѓаме до заклучок дека на просечниот Македонец откако ќе ги измири сите месечни давачки му остануваат цели 20 евра во буџетот, за разлика од Србинот кому му остануваат 174 евра, што е скоро десетпати повеќе.
Невработеност во Србија, 13%.
Невработеност во Македонија, 36%.
###################################################
Бараше споредби...еве ти споредби.
Па кога ќе проанализираш и споредиш, повели реплицирај.