Еве го сведокот за атентатот на Глигоров

  • Креатор на темата Креатор на темата Viktor22
  • Време на започнување Време на започнување
ИСПЛАШЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ

Ако нема политички мотиви, кои се тогаш мотивите за атентатот?
“Исплашен претседател”, вели Удбаш.
Времето во кое се случува атентатот е времето кога Македонија отворено го крши ембаргото на НАТО и ЕУ кон Србија.
“Тогаш се појавуваат црните кеси со пари од шверцот со нафта и цигари. Српскиот бакар се продава како бакар произведен во Бучим. Македонија стана најголем извозник на бакар во светот. Замислете, рудникот кој сега е затворен поради тоа што нема руда за експлоатација, тогаш 'произведуваше' ненормално многу”, открива политичкиот извор.
Тој тврди дека при повлекувањето на ЈНА, во магацините наводно останале тони од цигари марка партнер, детергент за перење алишта на ОХИС, масло на велешката фабрика Благој Ѓорев, кочански ориз, шлемови.
“Сето тоа подоцна беше извезувано нелегално преку наши шпедитерски куќи во Србија. Од нив денес влечат корени и сегашните олигарси”, вели изворот.
Паралелно се одвива и сомнителна приватизација на општествените претпријатија. Во таков момент, под притисок на јавноста и меѓународната заедница, Црвенковски и Глигоров најавуваат борба со “октоподот” на организираниот криминал и расчистување на сметките.
“И покрај тоа што можеби намерите беа само декларативни, тоа не му одговараше на дел од подземјето кое поврзано, пак, со одредени политички и безбедносни структури лесно може да ги прекине истрагите за неуспешниот атентат, но и да си го спаси капиталот”, толкува политичарот.
Оваа изјава делумно е потврдена и со информациите дека по атентатот семејството Глигорови стануваат куќни пријатели со Станислава Чочороска-Полетан, инаку блиска на македонското и српското подземје, а која лани во јануари беше обвинета за шверц на 487 килограми кокаин од Венецуела. Имаше информации дека токму Чочоровска поседувала сознанија во врска со неуспешниот атентатот од 1995 г.
По атентатот Глигоров се врати на функцијата, а борбата со криминалот беше заборавена.

Неразјаснети факти
Удбаш предупредува и на уште еден неразјаснет факт, а тоа е што се случило со транскриптот од разговорот што бил фатен на радиоврска непосредно неколку минути пред атентатот, а во кој се споменува локацијата каде што е изведен нападот. Имено, непосредно по атентатот беше објавено дека полицијата фатила разговор помеѓу две лица на радиоврска и дека од тоа било направено транскрипт. Таа информација подоцна никогаш не се спомна.
“Ако станувало збор за радиоврска, тогаш имало и фреквенција за која е потреба дозвола од надлежен орган”, вели Удбаш.
Останува нејасно и што се случи со сопствениците на фиќото, за кои инаку се објави дека се полицајци. Американскиот весник Њујорк тајмс во почетокот на октомври 2003 г. објави напис во кој се наведува дека, покрај возачот на Глигоров и случајниот минувач, кои загинаа на местото на атентатот, во меѓувреме, на мистериозен начин, животот го загубиле уште шест личности кои се доведуваат во врска со спомнатиот атентат.




http://www.forum.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=6806&Itemid=100
 
Затоа велам дека погрешиле во пресметка на шалитрата,оти тогаш беше прилично евтина па наместо една вреќа купиле две.:smir:
 
Само не ми е јасно зошто Фрчковски чекаше досега за да открие повеќе детали за атентатот кој се случи во далечната 1995 година.
 
Само не ми е јасно зошто Фрчковски чекаше досега за да открие повеќе детали за атентатот кој се случи во далечната 1995 година.

I jas toa se prashuvam...ama nemora da znachi pak deka ne e vo pravo ...plus me nervira nekoj del od gragjanite sho plukaat po nego za 1997ma koga gi tepashe Albancite...kako Makedonci air nemame videno od niv a koga ke si zapleska nekoj odma kriv izleguva...do vchera i vojna imavme so niv.Poradi toa go cenam Frchkovski...zakonski im go spopika na ljochkite...em kjotek do poser em nemaa kaj da se bunat...zakon prekrshen..nema tuka trte mrte...taka trebashe i taka beshe.Da se znae shto e Makedonski zakon i drzhava.:wink:
Plus najmnogu mi se dopadna koga beshe vo Grcija i gi nareche homosi Grcite na predavanjeto odrzhano vo Atina.
 
14:22 - 23.10.2008 Бившиот министер за внатрешни работи Љубомир Данаилов Фрчкоски, од комотната позиција на универзитетски професор во вторникот конкурираше за наградата од 1 милион евра што ја дава МВР за битна информација во врска со атентатот на Киро Глигоров. Професорот не можеше да ја открие мистеријата за тоа кој се обиде да го убие претседателот на "Оазата на мирот" додека тој беше министер во МВР, но затоа 13 години подоцна во неговиот универзитетски кабинет му дошол "крунски сведок", негов полицаец, кој му дал јасна слика за тоа што се случувало во структурите со кои тој, инаку, раководеше и на кои им издаваше наредби

Според Фрчко, Бранко го нарачал атентатот, ДБК го извршила, а тој го покрил. И тоа во Вашингтон, каде што замина како полицаец, а се врати како дипломат.
Признанието на професорот во целост ја потврдува анализата на Форум, објавена пред две недели по повод 13 години од трагичниот настан, дека атентатот на Глигоров беше само обид да се исплаши претседателот кој упорно и тврдоглаво инсистираше на борба против организираниот криминал, наспроти тогашниот премиер Бранко Црвенковски за кого отворено се ширеа муабети дека е близок со структури кои го организираа шверцот со нафта и цигари, како и пирамидалните штедилници.
Впрочем, уште во тоа време се говореше дека Црвенковски бил приморан од Глигоров да го одржи познатиот говор во Собранието за расчистување со "октоподот" и за криминалните "пипки" кои длабоко навлегле во државните структури.
"Професоре, јас сум тој службеник на МВР кој ја сликаше фотографијата на наводниот германски турист пред Бристол на која се гледа паркираното ами 6, ден пред атентатот. Еден од државна (н.з., Дирекцијата за државна безбедност) ми рече да сликаме куп фотки секој ден, не ми објаснуваше зошто. Јас сликав и му ги предадов фотографиите и негативите нему и заборавив", пишува Фрчкоски за тоа што му кажал некогашниот полицаец на некогашниот негов шеф, во кабинетот на сега веќе "еминентниот" професор и "експерт" без чија запршка нема политичка чорба во Македонија!
Бившиот министер, кој неуспешно ја водеше истрагата за трагикомичниот атентат на Глигоров извршен токму во негово време, на овој начин признава дека атентатот не бил организиран од надворешни фактори како што најавуваше во 1995 г., туку од внатрешни структури, полициски структури.
Со сета нему својствена апсурдност, Фрчкоски раскажувајќи ја "прикаската" пропушта да потсети дека тој беше челникот во МВР во тоа време, тој и’ издаваше наредби на Дирекцијата за државна безбедност и, згора, сите информации му беа достапни. Сега, 13 несреќни години подоцна, се прави невешт, вистинољубив, безмалку безгрешно зачнат!
Зошто и токму сега Фрчкоски го објавува ова? Кои се мотивите на министерот кој не го реши случајот, а за тоа подоцна од неговиот премиер Црвенковски наместо со оставка беше награден со позицијата министер за надворешни работи? Кои, пак, биле мотивите на човекот, кој отишол право кај својот поранешен шеф, а не кај сегашната министерка за внатрешни работи или во јавното обвинителство кои го водат случајот?

(целиот текст ќе го прочитате во новото, утешно издание на неделникнот ФОРУМ - број 161)

http://www.forum.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=6818&Itemid=100
 
14:22 - 23.10.2008 Бившиот министер за внатрешни работи Љубомир Данаилов Фрчкоски
Тоа беше времето кога се ратификуваше времената спогодба за ФИРОМ, и време кога Грците преку Фрчковски му понудиле на Киро Ќутук 5 милиони марки за да биде кооперативен во спорот. Колку земал ФРЛЕ?! Инаку, Фрле нема денар во џеб, т.е. празен е ко истресена слама, па доаѓа второто прашање, каде му отидоа парите?
 
Само не ми е јасно зошто Фрчковски чекаше досега за да открие повеќе детали за атентатот кој се случи во далечната 1995 година.

Одлично прашање ZIKS. Фрчко не е будала, тоа е факт...Итар е како лисица...И јас се прашувам, дали можеби некој почна да му се заканува на Фрчко, на пример заради неговите ставови кои ги изнесува секој вторник во Дневник...Без разлика дали се тоа негови мислења и ставови околу спорот со името или директни и ни малку благи критики кон актуелната власт, па сега Фрчко го извади кецот од ракав...И ај сега нега му фали влакно од главата...Ова се само претпоставки, но ако е така, тогаш Фрле е...:zver:
 
Фрчко не е будала, тоа е факт...Итар е како лисица. тогаш Фрле е...:zver:
Sigurno...ne e glup bez argumenti da tvrdi neshto deka e taka i nikako poinaku i plus da ne znae za posledicite...nego naprotiv...a za vtoroto e ushte potochno :)

P.S. Spored mene smetam deka naj odgovoren ke izlezi Pavle Trajanov.
 
Љубчо Ѓорѓиевски му направи атентат на Киро. Плус на времето Љубчо изгледаше ко терорист, со брада и дугачка коса.
100% е он.
 
Што има врска криминалот,шверцот со атентатот.Ништо!.Дајте не се занесувајте,народот ни беше таков.Се со некакви заврзлами се занимаваше секој.Читам овој горе удбаш како сме извезувале Бакар...да беше само бакар.Па ние извезувавме се како наше производство,а во исто време увезувавме и редевме лепенки и тоа до 98 година бар јас што знам.И зошто да не?Ако можеше профит да се оствари,зошто да не?Заради ЕУ која сто и една бариера ни става на сите страни?Па тие не ставија под двојна економска блокада.Ако можел некој да ќари,зошто да не!Но тоа да се става како некаква си причина за убиство на Киро,мора да е малоумност или на сторителот или на тој што се сомнева во едно вакво сценарио.Најверојатно е второво.Инаку се знае ,само Киро знае кој сакал да го нема...само прашање е дали ќе сака да каже дури е жив.Инаку вистината треба да се открие не заради Киро туку заради неговиот возач кој загина.
 
Што има врска криминалот,шверцот со атентатот.Ништо!.Дајте не се занесувајте,народот ни беше таков.Се со некакви заврзлами се занимаваше секој.Читам овој горе удбаш како сме извезувале Бакар...да беше само бакар.Па ние извезувавме се како наше производство,а во исто време увезувавме и редевме лепенки и тоа до 98 година бар јас што знам.И зошто да не?Ако можеше профит да се оствари,зошто да не?Заради ЕУ која сто и една бариера ни става на сите страни?Па тие не ставија под двојна економска блокада.Ако можел некој да ќари,зошто да не!Но тоа да се става како некаква си причина за убиство на Киро,мора да е малоумност или на сторителот или на тој што се сомнева во едно вакво сценарио.Најверојатно е второво.Инаку се знае ,само Киро знае кој сакал да го нема...само прашање е дали ќе сака да каже дури е жив.Инаку вистината треба да се открие не заради Киро туку заради неговиот возач кој загина.

Voopsto ne e problem sto nekoj svercal i krsel embargo tuku sto nekoj napravi ogromno bogatstvo a narodot mizeruvase do krajnost. Ne si naiven pa da ne ti e jasno deka tuka lezi problemot.

Vistinskata pricina za atentatot prasanje dali bilo koga ke ja doznaeme posto mislam onie koi navistina nesto znaele a mozele da propeat veke gi nema a drugite ke bidat nevidlivi.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom