Ахајците во дипломатска офанзива!

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
После веста дека Панама се откажала од употребата на уставното име, следуваше информација за истата одлука на Мексико, а денес и на ДР Конго.

Меѓутоа информациите се проследени единствено од Атинските медиуми без никаква официјална потврда од споменатите земји, на што се должи оваа информативна војна со шпекулации, засилена во последно време..!?



Владата на Демократска Република Конго не расправала за промена на уставното име на Македонија. Висок претставник на конгоанското Министерство за надворешни работи за А1 вели дека не е запознат за никаква одлука на Владата на Конго со која се менува првичната одлука за признавање на уставното име на Македонија.
Шефот на протоколот на министерството за надворешни работи на оваа африканска земја не е запознат со наводите на грчкото МНР според, кои по Мексико и Конго ја сменило својата одлука и до решавање на спорот на Македонија ќе и се обраќа со референцата ФИРОМ.
На прашањето на А1 дека има информација дека Конго ја променил својата одлука и ќе и се обраќа на Македонија со ПЈРМ, Поранешна Југословенска Република Македонија, онака како е призната во Обединетите Нации.
Доменик Кинухиа, од МНР на Конго одговори: „Не го потврдувам тоа. Не знам. Можеби треба да се јавите подоцна. Ќе ја проверам оваа информација. Според мене, тоа не е точно, но морам да проверам“.
- Не сте разговарале неодамна во Владата по ова прашање?
- Мислам не.
Претходно демант на грчките наводи дека и Мексико се согласило Македонија да ја нарекува како ФИРОМ дал и мексиканскиот амбасадор во Обединетите нации.
И преку писмото во кое четири пати се користи уставното име и преку лична изјава на амбасадорот се потврди дека Владата на Мексико ниту расправала, ниту ја изменила одлуката од октомври 2001 година кога беа воспоставени дипломатските односи со РМ под уставно име.
Прва од серијата контроверзни информации на грчкото МНР се случи во јули кога грчкото МНР преку својата интернет страница објави дека еден од најблиските сојузници на САД во Јужна Америка - Панама го сменила односот кон македонското уставно име.
Иако грчките медиуми редовно ги следат настаните поврзани со сите аспекти на проблемот со името вклучително и бројот на земјите кои Македонија ја признале под уставното име, ниту еден грчки медиум досега не ги објави демантите кои пристигнаа од Панама и Мексико.

извор А1





На најновите грчки провокации со соопштение реагираше македонското МНР.

“Очигледно, Грција продолжува со провокативната игра која има манирпулативна употребна вредност за дезинформирање на сопствената јавност која на овој начин треба да се увери во “триумфалалноста“ на грчката дипломатија, се вели во соопштението. Според МНР Атина не може да се помири со фактот дека 125 земји во светот го употребуваат нашето Уставно име
Толкувањето на македонското министерство за надворешни работи е дека Грција сака да ја релативизира вистината дека Македонаиј ја призна и Чиле, последната земја од Јужна Америка со која немавме воспоставено дипломатски односи.
Вака грчките власти се обидувале да престават некаков пресврт во меѓународната употреба на името Република Македонија, создавајќи притоа конфузија кај грчката јавност.
Нашето МНР се уште ја проверува информацијата за Конго, но по искуствата со Панама и Мексико, со отворен сомнеж дека станува збор за уште еден “издишан балон“ на нашиот јужен сосед

сител
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Дипломатот од Конго рекол дека ќе ја провереле информацијата.Знаел дека до сега не викале Р.Македонија, ама ќе проверел. Значи за Коного не може да сме сигурни.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Ништо ова со КОнго да е вистина.Нив можиш да ги купиш за "шаку долара".
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Мексико вчера демантираа :toe: а овие имаат уште храброст да серат...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
10
ама мексико не е конго па грците да си го играат курот со нив. ке им вратат они ако многу им се мешаат во нивната мегународна политика. со конго можат да си играат ама мексиканците не се купуваат лесно.
 
Член од
9 март 2007
Мислења
323
Поени од реакции
21
Вечерва на Канал 5 кажаа дека било веќе официјално тоа за Мексико дека ќе не нарекува ФИРОМ
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
10
Вечерва на Канал 5 кажаа дека било веќе официјално тоа за Мексико дека ќе не нарекува ФИРОМ
ја слушнав дека мексиканците официјално кажале дека не го менуваат ставот. а тоа што стои на страницата на мексичкото МНР е менлива работа. може и грците хакирале нешто!!
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.174
Поени од реакции
4.133
Атињаниве активно работат на случајот,а нашиве...???:tapp:
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Оф леле... Конго, земјата каде секој четврти има сида, каде смртноста на новороденчиња им е 15 посто и каде животен век трае 45 години во просек ќе не вика ФИРОМ? Сега Грциве се посрани од радост поради големото достигнување, така? Блага ретардација...
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Оф леле... Конго, земјата каде секој четврти има сида, каде смртноста на новороденчиња им е 15 посто и каде животен век трае 45 години во просек ќе не вика ФИРОМ? Сега Грциве се посрани од радост поради големото достигнување, така? Блага ретардација...
Тоа е се точно ама пак е битна држава, членка на ОН зашто изгубивме една држава, а еве слушнав и за Мексико и Панама. ред се редат мале мори...:nesvest:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom