Ваучери за компјутери (повторно)

  • Креатор на темата Креатор на темата head
  • Време на започнување Време на започнување
Дали може да се продаде ваучерот и под кои услови? Ако пр. некој сака да ми го купи ваучерот за да си купи компјутер, а јас сакам лаптоп кој би го зел поевтино од странство и конфигурација која ја нема кај нас, дали е можно јас да му купам компјутер/лаптоп на заинтересираниот за да земам кеш од него со кој после би си купил за мене лаптоп од странство (нормално со моја доплата)?

Пошто заинтересиран сум да купам посалам конфигурација која сметам дека кај нас би ја немало или би била премногу голема ценовната разлика. Дали треба да имам некаков договор за купопродажба кај нотар?

Дали имал некој негативно искуство со продажбата на ваучерот (инспекција или др.). Дали ако јас го купам компјутерот и го продадам по иста цена кај нотар на заинтересираниот за ваучер, би имал проблеми со инспекцијата?
 
Имам познат кој сака да купи компјутер, ама како тоа да биде легално.

Претпоставка дека доаѓа инспекција и ме прашува кај ми е компјутерот со Х,У перформанси што е купен од М фирма? Јас покажувам нотарски договор дека го продадов, а за возврат си купив друг компјутер, подобар од овај. Ова би било и правно сосем фино. Ама дали е доволно? Т.е. дали со тоа што даваат ваучер МОРА да купиш твоја конфигурација која би ја користел одреден период (1,2,х години).

ЕДИТ: Кај отиде постот? :)
 
Која инспекција ти доаѓа по дома бе друже.Ние како прва генерација што земавме компјутери со ваучери на никој не сум слушнал да му дошол некој дома да му контролира што како е со ПЦ.Ти си чист од тој момент кога го зимаш компјутерот со твое име и презиме од фирмата која работи која продава компјутери со ваучери.После тоа ти што сакаш прави со твојот компјутер дали сакаш продај го дали сакаш скрши го таму не ти се меша никој.Нема никаде не пишува дека компјутерот мора да го користиш одредено време.Така да ти си чист од тој момент кога го зимаш фино лепо компјутерот од фирмата.Чим ти го прифаќаат ваучерот ич да не ти чуе после :wink:
 
Дали може да се продаде ваучерот и под кои услови? Ако пр. некој сака да ми го купи ваучерот за да си купи компјутер, а јас сакам лаптоп кој би го зел поевтино од странство и конфигурација која ја нема кај нас, дали е можно јас да му купам компјутер/лаптоп на заинтересираниот за да земам кеш од него со кој после би си купил за мене лаптоп од странство (нормално со моја доплата)?

Пошто заинтересиран сум да купам посалам конфигурација која сметам дека кај нас би ја немало или би била премногу голема ценовната разлика. Дали треба да имам некаков договор за купопродажба кај нотар?

Дали имал некој негативно искуство со продажбата на ваучерот (инспекција или др.). Дали ако јас го купам компјутерот и го продадам по иста цена кај нотар на заинтересираниот за ваучер, би имал проблеми со инспекцијата?

Нема шанси инспекција да ти дојде!
што си се исплашил ти толку ова Македонија е :)

Moже да си најдеш некој пријател ќе отидеш со него мора ти лично да се потпишеш кога ќе го купувате компјутерот и готово. Тој купил компјтер ти направил тебе услуга ти го искористил ваучерот (но мора ти со него да одиш кога го купуваш да се потпишеш) и ти дава тој 250 евра на рака и си доплаќаш ти и си купуваш компјутер од кај што сакаш. И со среќа да си го служиш после.

Јас лани си купив солиден лап топ со ваучерот мој од AMC и ептен сум задоволна, а пред да го купам проверив цени за тој лап топ на интернет и истата сума тука некаде беше немаше драстична разлика.
 
Една од „многуте“ вистински добри планови на оваа влада. Ако не нешто друго, Ќе се задоволат потребите на некој 70% од апсолвентите, кои се од внатрешноста, и овде добро би им дошол добар компјутер. Само, штета што ги прават само за комплетни конфигурации, а не поодделно, или за периферна компјутерска опрема... Како би ми дошло едно А3-ча штампач сега...за еден семестар ќе ги повратам парите, принтајќи дома, а не по принтерници. Ама ај, да се надеваме дека ќе се смилуват Гуески и за така.

Е сеа он-топик: дали сте запознаено кога ќе почнат со делење на ваучерите, и како ќе се одвива тој фамозен процес. Или ако имаме искуства од лани (и добри, ама и лоши) би било добро да се споделат. Сепак, колку и да имаш, 250 евриќи на рака, никој не ти ги дава...
 
А зашо да нема бе за бруцоши...наместо да не мотивираат:)..они ко у стил...стигни до 4-та дај 5000евра потроши ги твоите нерви (а богме и години) и ние за возврат ќе ти дадеме ваучерче за да си купиш ново тапа компјутерче:)...не шала на страна браво за потегот ама мора и на тоа да се поработи...
 
Бреј, комуниста :)))
 
Имам познат кој сака да купи компјутер, ама како тоа да биде легално.

Претпоставка дека доаѓа инспекција и ме прашува кај ми е компјутерот со Х,У перформанси што е купен од М фирма? Јас покажувам нотарски договор дека го продадов, а за возврат си купив друг компјутер, подобар од овај. Ова би било и правно сосем фино. Ама дали е доволно? Т.е. дали со тоа што даваат ваучер МОРА да купиш твоја конфигурација која би ја користел одреден период (1,2,х години).

ЕДИТ: Кај отиде постот? :)
Јас ќе ти го купам ваучерот, контактирај ме преку ПП.
 
најдобро на сите што студираат да им дадат ваучер,па после ке видите како цела младина се запишува на факултет:pos2:
 
Не претерувај и ти сеа..:pos2:...тогаш нема само младината да трча на фах..и старциве ќе одат
 
а дали може со ваучерот да се земат делови за ком. мислам појачување на компјутерот да не зимам нов:toe:
 
Не може да се зимаат само делови.Стриктно цел компјутер дали десктоп дали лаптоп тоа е твој избор :helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom