Слаткар(истика)

Само што се прибирам од концертот во Струмица. Најдобар настап на кој сум присуствувал досега, кој што сака нека каже ама досега вакво нешто никој нема направено. Покрај Слаткар, на сцената се појавија неповторливиот Dj Славе, Кацар, Сиги, Аце NL и Тони Зен.

Првиот ред резервиран за нас, старата екипа. Го зачувал поштовањето човекот и го заслужува истото, спомна за нас неколку пати, што впрочем ме зачуди али ипак ќеф ми бидна.
Единa маана е што немаше повозрасни, се осетив стар меѓу сите 14-17 годишни деца, многу малку беа полнолетни, мајке ми.

Славе на почетокот растури со сетот, па после ко загревање се појавија погоре спомнатите, и интрото на "Колку е добро да си рапер" ја направи стварно вечерта пожива. Беше одлично, да не го тупам повеќе, и колку сакате ќењајте, има кој да ве брише. :baeh:

Дефинитивно Хип Хоп револуција.
 
Уф... провод топ. Бев мегу погорните редови оти имаше гужва претерана на вратата па почекав сите да влезат и на крај си влегов. Дефинитивно ПАРТАЛИ прават. На почетокот одлично загревање со Римуван Стих од Кацар и уште 3-4 песни од Сиги,АцеНЛ и Кацар. Слаткар кога излезе се вжешти атмосферата,Тони Зен после него кога настапи беше ВРВ на концертот. Едноставно РЕСПЕКТ ГОЛЕМ ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА И ТОНИ ЗЕН!

t7y3ie.jpg
 
Откако заврши концертот исто како од градинка да ги пуштија децата беше низ центарот :) Сите дотерани, убави, модерни.... сите се спремале за концертот иако имаа по 15-16 год. За Слаткар немам ништо против, секој ден си ја слушам шоу шопинг, шопинг, шопинг :aplauz:
 
А да ве прашам... Освен песните од албумот рецитираше нешто друго? Т.е постаро, уште од времето на Единствена Опција? И Тони Зен кои песни ги испеа?
 
А да ве прашам... Освен песните од албумот рецитираше нешто друго? Т.е постаро, уште од времето на Единствена Опција? И Тони Зен кои песни ги испеа?

Немаше ништо од старите работи. Само од новиот албум, се што е под печат на Јованов рекордс. Инаку Кацар испеа едно соло, исто и Аце и Сиги. Тони Зен ја испеа Скандал, Mi casa es su casa, и двапати Спушти се доле, еднаш дур му траеше сетот, и како завршеток на концертот.
 
Желе не беше така ??
 
Не беше, пишав погоре.

ОК фала на информацијата,пошо јас зборев со него и ми рече може да отиде,ама нема да пее,ке седел на страна,затоа прашав :)
 
Му бев синоќа на настапот и НЕЗАБОРАВНО си поминав .. Саат ипол пеење, играње, рокање, урлање и т.д т.д. Алал му вера !!!
 
Јас во принцип не слушам ваква музика, а од дечково ми се допага најмногу FM песната.
 
Закон беше вчера во Струмица .. многу јака забава ... браво за Слаткар, Тони Зен и Токсикологија , растур направија
 
Славе на почетокот растури со сетот, па после ко загревање се појавија погоре спомнатите, и интрото на "Колку е добро да си рапер" ја направи стварно вечерта пожива. Беше одлично, да не го тупам повеќе, и колку сакате ќењајте, има кој да ве брише. :baeh:

Дефинитивно Хип Хоп револуција.

Интрото со контрабас и гитарата беше ко на антички???
 
Организација КАТАСТРОФА , па така ли се организира концерт , 100% од картите пуштени у предпродажба , па ово нема ни у београду, се знае како се прави предпродажба , 50% од картите само се пуштаат а другите на самиот влез , а не одиме ние со друштво на концерт , и таму на врата викат нема карти неможе да влезете , а пред мене копиљаци од 10 години влегуваат што знаат овие деца од ( што кур бараш ти со мене или пушам џоинт и ред другите ствари кои ги употребува слаткар у неговите текстови) , тотален промашај за организацијата , не би требало да пуштаат дечки под 17 годишна возраст на ваков концерт , ние останавме надвор со сигурност тврдам едно 50 души ако не и повеке , и тоа над 18+ а копиљаците влегоја :nenene: , а како што ми кажаа концертот бил топ , супер поминале сите ...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom