Слаткар(истика)

Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.679
Поени од реакции
9.296
Чекај, поголема слава? Момче, интерпретира 9 години, ни се понyди на сите на послужавник, го слушна цела македонија, на кого се бендиса се бендиса, на кој не се бендиса, не се бендиса..
Да не мислиш да се премисли некој? Некој со тек на врме да го засака? Па незнам ти каков албум да излезе ќе ги има истите фанови како у моментов, а верувам и помалку со тек на време.
И не реков кеш за цел живот, он со овој кеш ни 1 година нема да изгура. А ко шо рече ти, не сакаат сите да идат на факс, им се кејфа да бидат неписмени телиња.. Не се секирај, времиња се мењаат, за 5 години ко ќе треба да се жени, момата ќе го праша дали има постојан извор на доходи, каков таков, да ја издржава неа или децата..
Шо ќе праи тогаш? Пак ќе се гребе од мама и тато? Или жена му ќе го издржава..

И, ме испровоцира малце момакот па затоа пастирав видео од Метал бенд, а не рок бенд, рок не слушам, ме иритира..

Еве ти пријателе нешто што мислам дека ќе го укапираш.

Македонија слушна за Слаткар пред една година или една ипол година. Тогаш почна Македонската јавност да се запознава со него. До тогаш беше друга приказна, го слушав и во тоа време, имаше доста интересни теми. Само ќе ти кажам едно сега. Сега Слаткар ја стекна својата публика. Се ќе зависи од НЕГО, дали ќе успее да ја задржи...Никој од неговите фанови кој ги има моментално не се има откажано од него (прерано е), иднината ќе покаже се. Сети се на Еминем кога го немаше долго време од сцената и скоро сите мислеа дека готово, пропадна човекот. Легенда според мене, сега извади албум и публиката која го почитуваше порано, повторно е со него. Тоа дали Слаткар ќе биде заборавен после 5 години, не може да се предвиди. Може својата кариера да ја прошири и надвор од границите, а може и да се запусти, но времето ќе каже се.

Океј, моја грешка, за тоа со метал-рок, не е важно. Не слушам таков вид музика, но немам ништо против. Има полно луѓе кој се крстат на таа музика и тоа го почитувам.

Е сега за тоа со 2-те видеа...капирам која ти е целта,но сепак има уште едно големо НО.
Хип-Хопот во Македонија не може да се споредува со Хип Хопот во Америка, зашто? Во Америка веќе подолго време Хип-Хопот се одвојува како доста популарен правец, ако не и најпопуларен правец на музика во Америка, додека во Македонија сега започна да зема голем замав. Да бидеме реални, Слаткар го направи тоа што ниеден Македонски рапер го нема направено од осамостувањето на Македонија, а и пред тоа. Хип-Хопот почна да го слушаат и почитуваат многумина во Македонијава наша и почна да ги надминува сите граници. Се надевам ме свати што сакам да кажам:smir:

Ја би одел сега на спиење...Утре би ти реплицирал, на тоа што ќе ме реплцираш ти(ако ме реплицираш ти сега секако).:salut:
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ако немаше направено ич кеш кој би дал за него пари за студиото кое го има(не е само тој, ама и тој учествува).

Сакаш со наводниците да кажеш дека не е заработува, или јас не те разбирам?

Само кој заработува во Македонија? Што ти подразбираш по тезгари?

А што има врска ова со темата? Јас не ја разбирам поврзаноста на темава со видеото што си го залепил. Колку шо видов некои металци беа.
Студиото е напраено од заеднички кеш на браќата [пука], кацар, желе..
Цела токсикологија, шо опфаќа еден тон луѓе.. Така да он, свој капитал нема, веруј. И кај ме виде дека реков дека не напраил ич кеш? Ај баш цитирај ме молим те..
Реков дека тој кеш шо го има за една година ќе го испие и после ќе работи кај браќата у продавница :)

Е сега за тоа со 2-те видеа...капирам која ти е целта,но сепак има уште едно големо НО.
Хип-Хопот во Македонија не може да се споредува со Хип Хопот во Америка, зашто? Во Америка веќе подолго време Хип-Хопот се одвојува како доста популарен правец, ако не и најпопуларен правец на музика во Америка, додека во Македонија сега започна да зема голем замав. Да бидеме реални, Слаткар го направи тоа што ниеден Македонски рапер го нема направено од осамостувањето на Македонија, а и пред тоа. Хип-Хопот почна да го слушаат и почитуваат многумина во Македонијава наша и почна да ги надминува сите граници. Се надевам ме свати што сакам да кажам:smir:

Ја би одел сега на спиење...Утре би ти реплицирал, на тоа што ќе ме реплцираш ти(ако ме реплицираш ти сега секако).:salut:
E! Ипак ми ја укапира поентата..
Еминем има на располагање 6 милиарди луѓе, музицира на англиски јазик, американец е..

Слаткар располага со 2 милиона, со просечна плата од 200 еура.. Од тие 2 милиона се сомневам дека 50к го слушаат.. и да продолжат да го слушаат, мислиш дека он се пуни кеш и неговото сељачење се исплати? Или иде на шоп-шопинг само на спот?
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.545
Поени од реакции
33.762
И престанете со глупата компарација. Еминем е докажан. Слаткар не. Поедноставно - кур.
 
ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Студиото е напраено од заеднички кеш на браќата [пука], кацар, желе..
Цела токсикологија, шо опфаќа еден тон луѓе.. Така да он, свој капитал нема, веруј. И кај ме виде дека реков дека не напраил ич кеш? Ај баш цитирај ме молим те..
Реков дека тој кеш шо го има за една година ќе го испие и после ќе работи кај браќата у продавница :)
Не верувам извини, малку ми е не логично тоа. Никој никого не прави газда во своето.
Ти читај,те прашав што ти значат наводниците во предходниот пост,

Дали, дали сваќаш колку кошта еден спот, и дека тој самиот си го плаќа? Дали сваќаш дека СИТЕ пари што до сеа ги "заработил" за 2-3 месеца ќе бидат испијани и испушени?
овие наводници што значат. Значи те прашав, сакаш да кажеш дека не заработува или? Си ги ставил наводноците намерно или .... намерно?
Малку вон тема ама таа е.
 
Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.266
Поени од реакции
6.917
Вечер ќе пее у Неготино,ќе го закачам малце :pusk:
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Не верувам извини, малку ми е не логично тоа. Никој никого не прави газда во своето.
Ти читај,те прашав што ти значат наводниците во предходниот пост,

овие наводници што значат. Значи те прашав, сакаш да кажеш дека не заработува или? Си ги ставил наводноците намерно или .... намерно?
Малку вон тема ама таа е.
Во наводници е зашо тоа се брзи пари, односно леб без мотика, пари на кој изворот може у секој момент да им секне..

:а?: Од кога споредба Слаткар - Cypress Hill ? :shout:
Бараа споредба со рап и рап, им даов споредба рап и рап, башка сценски настап..
Еден момак ме свати шо ми беше поентата, тоа ми е доволно..

И, шо знаеш па ти за Cypress, незнам шо се избаци така дрско..
 
SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Уште еден испад и ќе ја гледате темата само одлогирани. Знаете кои.
 
Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Македонија слушна за Слаткар пред една година или една ипол година. Тогаш почна Македонската јавност да се запознава со него. До тогаш беше друга приказна, го слушав и во тоа време, имаше доста интересни теми. Само ќе ти кажам едно сега. Сега Слаткар ја стекна својата публика. Се ќе зависи од НЕГО, дали ќе успее да ја задржи...Никој од неговите фанови кој ги има моментално не се има откажано од него (прерано е), иднината ќе покаже се. Сети се на Еминем кога го немаше долго време од сцената и скоро сите мислеа дека готово, пропадна човекот. Легенда според мене, сега извади албум и публиката која го почитуваше порано, повторно е со него. Тоа дали Слаткар ќе биде заборавен после 5 години, не може да се предвиди. Може својата кариера да ја прошири и надвор од границите, а може и да се запусти, но времето ќе каже се.
Велиш дека само од него зависи дали ќе ја задржи публиката?
Не, зависи од продукциската куќа, дали ќе го напраи уште „пофаца“ од сега или не, и дали Слаткар ќе се прошири на интернационално ниво [што најверојатно би било исто толку парадоксално како достигнувањето на ѕвездите].
Жално е, но неговата публика се појави на виделина кога се дружи со дотичните особи кои го извадија од гомната.
Кој беше бе слаткар пред да го извади албумот?
Кој го знаеше? Никој, се срамеа да го спомнат, беше мочко, јаките ми хип-хопери.

И сега не е којзнае што. Признавам бе, иако со тешко срце, ама народов македонски изгледа сака комерцијала. На крај краева, што сакаат нека прават, ама нека не го споредуваат со светски познати хип-хопери или што и да се, кои се исто така комерцијала [не велам дека не се], ама се СВЕТСКИ познати!, не ги знаат само во Македонија.
Според мене, славава ќе му трае исто како снег во топол месец март.
Но добро, живи били па видели.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.616

Кај нас во Ново Лисиче е обратно. Пред да го извади албумот, сите ја сакаа неговата музика пошто ги капираа текстовите, и им беше интересно кога ке чујат некое зборче што е кул и се фура само во НЛ или пак кога ќе се спомне задња петка или друго место на кое висат нормалните џаболебари.
Сега, се срамат од него, го пцујат низ маало, и никој не го ферма. Близнаците [пука козметика] го откачуваат малце по малце, скит го шитна, че [братму] почна да си иде на трансоваќа...Сите го шитнаа..
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586

Пошо он се искомерцијализира максимално, почна со песни ко шопинг, аутоматски он прв ги шитнал нив коа ке видиш. :)
 
Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Бараа споредба со рап и рап, им даов споредба рап и рап, башка сценски настап..
Еден момак ме свати шо ми беше поентата, тоа ми е доволно..

И, шо знаеш па ти за Cypress, незнам шо се избаци така дрско..
Не ме потценувај дека сум дрска, најпрвин почни од себе.
Прашав затоа што неможе да се прави споредба меѓу мега,светски популарни хип хоп ѕвезди кои имаат долгогодишен успех, кариера.. и некој кој штотуку започна соло кариера на ниво на држава и има досега еден успешен соло албум и друг во времето на Единствена Опција зад себе.

Модерејтор, честитав роденден на Слаткар... денес му е, па се извинувам за било какви недоразбирања :nesum:
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.679
Поени од реакции
9.296
Велиш дека само од него зависи дали ќе ја задржи публиката?
Не, зависи од продукциската куќа, дали ќе го напраи уште „пофаца“ од сега или не, и дали Слаткар ќе се прошири на интернационално ниво [што најверојатно би било исто толку парадоксално како достигнувањето на ѕвездите].
Жално е, но неговата публика се појави на виделина кога се дружи со дотичните особи кои го извадија од гомната.
Кој беше бе слаткар пред да го извади албумот?
Кој го знаеше? Никој, се срамеа да го спомнат, беше мочко, јаките ми хип-хопери.

И сега не е којзнае што. Признавам бе, иако со тешко срце, ама народов македонски изгледа сака комерцијала. На крај краева, што сакаат нека прават, ама нека не го споредуваат со светски познати хип-хопери или што и да се, кои се исто така комерцијала [не велам дека не се], ама се СВЕТСКИ познати!, не ги знаат само во Македонија.
Според мене, славава ќе му трае исто како снег во топол месец март.
Но добро, живи били па видели.
Покрај продукциската куќа, исто така зависи многу. И викаш кој беше Слаткар пред да го извади албумот. Слаткар пред да го извади албумот имаше во мали мери помала публика, но подоцна можеби изгуби дел од таа помала публика а доби поголем. Викаш кој беше Слаткар во минатото? Ова е негово време, во екот на неговата кариера. Многу работи зависат од него и од продукциската куќа и тоа дали ќе успее да остане во блага константност што ја има моментално. Ако фатиме да зборуваме кој што беше пред да стани славен има до утре да правиме муабет.
Друго не е само во Македонија комерцијалата излезена и не е само македонскиот народ кој сака комерцијални песни...Коментирав на споредба со странски хип-хопери, тешко е да правиш споредба за Хип Хопот во Америка и во Македонија. Нема врска тоа што Македонија е во далеку помала земја од Америка. Хип Хопот во Америка веќе владее околу 2 децении ако не и повеќе, додека во Македонија хип-хопот сега зема голем замав и моментално е на најголемо ниво од постоењето на Македонија, а и пред тоа. Ако правиш споредба на Слаткар, може тоа да биде со некој наш друг рапер. Моментално има најголема публика од кој и да е рапер во Македонија и мислам дека треба тоа да се почитува.:smir:
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Не ме потценувај дека сум дрска, најпрвин почни од себе.
Прашав затоа што неможе да се прави споредба меѓу мега,светски популарни хип хоп ѕвезди кои имаат долгогодишен успех, кариера.. и некој кој штотуку започна соло кариера на ниво на држава и има досега еден успешен соло албум и друг во времето на Единствена Опција зад себе.

Модерејтор, честитав роденден на Слаткар... денес му е, па се извинувам за било какви недоразбирања :nesum:
До некаде може да се прави споредба, со оглед дека Слаткар 9 години пробува нешто, а Cypress се избацуваат у 91ва а у 92ра имаат продадено над милион албуми..
Значи, у време кога хип-хопот Почнува да расте, у време кога хип-хопот е строго за црнци, а Cypress како мексиканци/шпанци прават ебан БУМ.
Сеа ти ќе ме убедуваш дека они се родиле како ѕвезди?
Ха.

Е сеа, неможе да се прави споредба, зашо Паткар живее на место каде што неможе да профитира како нив, АЛИ! Сепак! Пробува?!
Тоа ме изиритира кај него, малце му беше што цело НЛ го поштуе и кејф шо ни напраи на сите, шо си пиефме и пушевме на негови песни, па мораше да Профитира? Хм, профитира? У Македонија?
Ух, како ме иритираат фаци ко вас ко ќе ми кажат дека он добил публика со искачање у комерцијала, дека он демек пари напраил..
Оф леле..
Публика? Фала, поише поштуем да ме ценат маалски другари шо сум играл граница со нив од мал него да ме ценат 15 годишни кучки шо незнаат да одат на штикли шо не ме капираат ни еден збор што изговарам освен "Сиса за медаља" патем, крадена фраза од Бедкопиииз, момци шо за него се Богови..

Покрај продукциската куќа, исто така зависи многу. И викаш кој беше Слаткар пред да го извади албумот. Слаткар пред да го извади албумот имаше во мали мери помала публика, но подоцна можеби изгуби дел од таа помала публика а доби поголем. Викаш кој беше Слаткар во минатото? Ова е негово време, во екот на неговата кариера. Многу работи зависат од него и од продукциската куќа и тоа дали ќе успее да остане во блага константност што ја има моментално. Ако фатиме да зборуваме кој што беше пред да стани славен има до утре да правиме муабет.
Друго не е само во Македонија комерцијалата излезена и не е само македонскиот народ кој сака комерцијални песни...Коментирав на споредба со странски хип-хопери, тешко е да правиш споредба за Хип Хопот во Америка и во Македонија. Нема врска тоа што Македонија е во далеку помала земја од Америка. Хип Хопот во Америка веќе владее околу 2 децении ако не и повеќе, додека во Македонија хип-хопот сега зема голем замав и моментално е на најголемо ниво од постоењето на Македонија, а и пред тоа. Ако правиш споредба на Слаткар, може тоа да биде со некој наш друг рапер. Моментално има најголема публика од кој и да е рапер во Македонија и мислам дека треба тоа да се почитува.:smir:
Пријателе, тоа е прелазна публика што ја следи модата, до вЌера беа турбофолкери, како не капираш?
Тоа е публика шо за една година ќе слуша строго Транс, па следната година строго поп, или зависи на што се ложат поише..
Публика од маало шо ти врти песни на телефони не е публика шо мења став за 10 минути..
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Извинете за испадите. Али ми отиде и прашањето. Ја слушнав "Полетај" пред некој ден. Добар текст и музика. Али дали е текстот автобиографски или не?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.616
Извинете за испадите. Али ми отиде и прашањето. Ја слушнав "Полетај" пред некој ден. Добар текст и музика. Али дали е текстот автобиографски или не?
Верувам да...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom