Слаткар(истика)

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Такви нијанси, као измислил нов жарн, или бил сиромашен настрана, пошо ја можам, рецимо, да речам дека Мајкл Џексон имал патетични, петпарачки текстови, а Еминем е алчен белец, кој е успешен just because he's white.
Тоа се све лични перцепции и ствар на личен вкус, кои не се нешто релевантни као оцена и баш радио нив темава иде у ќорсокак.

А, она што е факт е дека сите четворица постанале комерцијала. И дека сите, барем нешто ново вовеле (Слаткар, у поглед на вулгарноста, ако гледаме локално, односно за Мк, е жива аванграда)
А песната „Мрдам газ јас , мрдаш гас ти ...“ незнам од кого беше :back: ?
Сме имале и порано вакви обиди за внесување на вулгарности во мејнстримот , и сите завршиле неславно бидејќи се едноставно деградирачки .

И лично не ми пречи многу комерцијала тоа што е , ама бар да имаше квалитет за да биде. Има комерцијални изведувачи кој се бајаги добри и успешни , од светска сцена пример се Kings of Leon , а од македонска Нон-Стоп.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.545
Поени од реакции
33.762
Па во тоа е поголемата поента. Компарација на жанрови.
Рапот се комерцијализира на еден начин, рокот на друг. Сега ако пример си приврзаник кон рокот, комерцијализиран рап ти е чисто срање, или обратно. Во секој жанр имаш комерцијала, само објективноста те органичува правилно да ги перцепираш стварите.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
А песната „Мрдам газ јас , мрдаш гас ти ...“ незнам од кого беше :back: ?
Сме имале и порано вакви обиди за внесување на вулгарности во мејнстримот , и сите завршиле неславно бидејќи се едноставно деградирачки .
Тоа беше срамежлив, софт порн.
Ова е по хард-кор и е ново.:back:

Деградирачки, иначе?
Као, за уметничата вредност на музиката или за женскиот пол? Озбилно прашувам.

И пак, поентата ми беше околу комрцијализацијата, која сите ја плукаат.
Плукајте ги онда и оние шо ги слушате, пошо бар 80% од нив може да ги сметаме за мејнстрим.
 
BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Па во тоа е поголемата поента. Компарација на жанрови.
Рапот се комерцијализира на еден начин, рокот на друг. Сега ако пример си приврзаник кон рокот, комерцијализиран рап ти е чисто срање, или обратно.
И Марчело е комерцијален рапер па пак е квалитетен , и Notorius B.I.G , 2 Pac, сите беа искомерцијализирани ама имаа квалитет... Инаку ada , за 2те е деградирачки .
За женскиот пол што ги нарекува курви , кучки и сл. а они сепак му рипаат пред сцена. Ама сепак секој со свој фетиш . А во однос на музиката како уметност имам напоменато во претходните страни зашто е деградирачки.

И за сите останати коментари од страна , јас не велам да не го слушаат , нека си го слушаат луѓе. Јасно ми е дека таквите како него ќе успеат на македонската сцена , меѓутоа не ми е јасно зашто македонската сцена е таква каква што е , неквалитетна . Секој со свој вкус , меѓутоа од уметнички аспект тоа е тоа... Ама тоа на други теми овде да се задржиме на Слаткар..
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Па во тоа е поголемата поента. Компарација на жанрови.
Рапот се комерцијализира на еден начин, рокот на друг. Сега ако пример си приврзаник кон рокот, комерцијализиран рап ти е чисто срање, или обратно. Во секој жанр имаш комерцијала, само објективноста те органичува правилно да ги перцепираш стварите.
Дефинирај ми комерцијализирање.
 
kIRe9

OK. u'r right
Член од
4 март 2009
Мислења
1.419
Поени од реакции
73
комерцијалата се продава.. се праат пари... нема дискусија дека слаткар отиде у комерцијала... чим отиде да снима кај џеј џеј.... и не зборете не бил комерцијала ова она... нека фура... али никаков респрект.... за мене он не е ништо повеќе од продадено аеродромско душиче кое снима r'n'b ... рап више не праи
 
Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
комерцијалата се продава.. се праат пари... нема дискусија дека слаткар отиде у комерцијала... чим отиде да снима кај џеј џеј.... и не зборете не бил комерцијала ова она... нека фура... али никаков респрект.... за мене он не е ништо повеќе од продадено аеродромско душиче кое снима r'n'b ... рап више не праи

Шо има лошо у тоа шо оди накај комерцијала? Зошто продадено? бидејки сака да направи некоја пара за живот?
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.545
Поени од реакции
33.762
Дефинирај ми комерцијализирање.
Слаткар.

Комерцијала е продавање за пари. Океј нели за фифти сент, ќе направи добар кеш, но дали вреди локалната комерцијала? Дали се заработува добро? Дали вреди да се продадеш за ситна пара? Слаткар знаеше да прави песни од душа, но.. кога отиде кај Јованов и Геј Геј се продаде и пее за моменталната публика и тоа што тие сакаат да го слушнат.

А, сето тоа е, да повторам, минливо.
 
И животот е минлив :(

Ок, комерцијала беше и Тоше Проевски, и Каролина...и еден Влатко Стефановски се искомерцијализра (пошо нели строго за Мк збориме). САФ беа комерцијала, Паркети се.
Како тоа им ја одредува вредноста као перформери?
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.545
Поени од реакции
33.762
Па, за во случајов кај Слаткар, ствара одбивност.
Луѓето од рап културата не се големи фанови на Фен, Мекич, Јованов и слична клапа.
Губи од стил, квалитетна и лојална публика. И служи како пример дека комерцијалата е лоша, не за практикување, за слушање.

Животот е минлив, но музиката не. Уште се слушаат хитови од 80те.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Па, за во случајов кај Слаткар, ствара одбивност.
Луѓето од рап културата не се големи фанови на Фен, Мекич, Јованов и слична клапа.
Губи од стил, квалитетна и лојална публика. И служи како пример дека комерцијалата е лоша, не за практикување, за слушање.

Животот е минлив, но музиката не. Уште се слушаат хитови од 80те.
Одбивност. Лична одбивност.
И тоа е све. Само фактот дека некако, некој иритира на лично ниво, као појава, со текстовите, со дткањето, ватевр.

Нема тоа никаква врска ни со комерцијала, ни со продавање. Не го давајте тоа ко аргумент.
Пошо реков, за девеест и нешо пошто од музичарите, меѓу кои и оние навистина квалитетните, може да речеме дека се продале и искомрцијализирале.
Останатите, оние хц андерграунд и инди, не ги ни знаеме, општо. Баш поради тоа што се андерграунд, бла бла...(
 
S

StormRage

Гостин
:eek:ftopic: Постот не ти држи вода

Колку што се разбирам јас во музика тука има и такт и темпо и се што го рече ти горе :back:

bdw Слаткар е срање :)
Е ова е рап... не Сдаткар...

Оф мори мајко! Ти ќе ми кажуваш кого да го слушам од балканот:tapp:
А што мислиш за песната на едо мајка- бомба, а што за махир и алма? Или не ја знаеш? Pобарај ја на Youtube да не се посрамотиш! Ја виде разликата?
А шо е слаткар? А ти шо музика слушаш?
А за болдов: Што паметно имаш ти кажано бе? Само сереш!
ок 90% овде го запознае едо маајка по бомба... ама сепак слаткар е дупка...

речи ми сеа дека слаткар има појако нешто од ова...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Кога би склопил пост од смешките кои ги истресовте у задњиве 10 поста, нема теорија да ми стигне све. Уствари ај ќе пробам на кратко...
blind напиша:
Мајкл Џексон измисли нов жанр ,Поп музиката
:shok: Седна еден ден и рече, ја денеска ќе го напраам попот, fuck Madonna, fuck all the white bitches... In fact, i`m gonna become white.
blind напиша:
воведно го воведе и Мунвокот како начин на играње.
Многу битна ствар за стануење некомерцијален... :cuc:
blind напиша:
Курт Кобејн е човек кој свиреше (и пееше) за своја душа и со своите „квалитети“
Јеп, затоа се појави на MTV unplugged, пошто душата му викаше “оди во тоа студио... таму ќе докажеш дека си некомерцијален и своооој бууууууу“
blind напиша:
Еминем правеше албуми за себе , за своја душа ,можеби непрофесионални но тоа е бидејќи немал скршен динар
За своја душа, една зимска ноќ, на сон му се јави Архангел Михаил и му рече “Синко, bad publicity is good publicity, ти само стори го ur thang, an` fuck all them other bitches“.
:tapp:
Абе дечкото сфати од старт како се праат пари, плус беше добар рапер, made a fucking fortune, and still cant help cursing Kim.
blind напиша:
А песната „Мрдам газ јас , мрдаш гас ти ...“ незнам од кого беше ?
Сме имале и порано вакви обиди за внесување на вулгарности во мејнстримот , и сите завршиле неславно бидејќи се едноставно деградирачки
Buuuuuuulshiiiiiiiiit. Песната “Мрдни го“ на Peace brothers која сигурно е стара преку десет години, сеуште е хит во скопските и македонските дискотеки, а како помали се криевме од родителите коа ќе го пуштеа спотот на Тв. И то што веќе го спомнав, имаше своевремено еден стих од Чиста околина кој викаше:
“Тепај да те слуша, еби да те сака“ - по експлицитно и вулгарно од ова не може да биде, а тесктот е пишуван во раните деведесети. Неславно... јок јок :nenene: ние растевме со таа музика, ја сакаме и почитуваме и ден денеска... :wink:
ada напиша:
Тоа беше срамежлив, софт порн.
Ова е по хард-кор и е ново.
Не е бре ново. Ластовица што правеа во нивните песни? Какво ново?
И ова да не е ново? Изворна македонска музика. Вулгарностите постоеле и ќе постојат.
blind напиша:
За женскиот пол што ги нарекува курви , кучки и сл. а они сепак му рипаат пред сцена. Ама сепак секој со свој фетиш . А во однос на музиката како уметност имам напоменато во претходните страни зашто е деградирачки.
Look, if you want to be Blind about reality, it`s your choice. Ама ако збориме за да се разбереме, тогаш ти мора да сфатиш дека е тоа речникот на раперите. Тупак и биги кои ги спомињаш викаат bitches а со вториот настапува и Lil Kim која со задоволство се нарекува себе си така, бидејќи тоа не е навредливо баш баш за неа, Edo Maajka кој ти е фаворит, каже кучке у сваку јебану песму, Марчело малку помалку се етикетира себе си како рапер.
wot напиша:
Комерцијала е продавање за пари. Океј нели за фифти сент, ќе направи добар кеш, но дали вреди локалната комерцијала? Дали се заработува добро? Дали вреди да се продадеш за ситна пара? Слаткар знаеше да прави песни од душа, но.. кога отиде кај Јованов и Геј Геј се продаде и пее за моменталната публика и тоа што тие сакаат да го слушнат.
Сине, знаеш кој е најголемиот проблем. Генерализацијата. Као сеа малиов се искомерцијализирал пошто потпишал со Јован Јованов и више нема сила ни да си го држи а камо ли да моча по други. Уствари, додека сите серакаат пошто и онака не знаат друго да праат у животот освен кењање (за друго треба напорна работа и талент) неговите песни полека стануваат хитови кои ќе останат барем во круговите кои ја сакаат таа музика. “Полетај“ е неверојатен сингл, и таа како и неколку останати траки ќе се памтат. Па никој не ги знае сите песни на Сафизам албумот као најпупуларни, али голем дел од нив останаа во рап водите како дела за кои се дава голем респект. Не се сеќаам тогаш дали имало волку гужва и прашина, али не е ни битно. Факт е дека албумот кој го карактеризираат повеќето како комерцијален (и за кој не можам да се противам, сепак Шопинг е на цедето), во себе содржи Мистер комплекс, Полетај, Сите моменти, ФМ, и уште нешто друго. Ама за нив никој нема да се закачи да сере, зашо се добри песни.
Најсмешно е што како андерграунд фаците коа серат за народњаци, така и сеа се сере за Спушти се доле. Ама на сите им се дига коа Сара Леши е дебела и се спушта доле, и сите сакаат нивната цура да им се спушта доле. Најголемите хомосексуалци кои не искочиле од плакарот пцујат најгорзно по хомосексуалноста.
ada напиша:
Ок, комерцијала беше и Тоше Проевски, и Каролина...и еден Влатко Стефановски се искомерцијализра (пошо нели строго за Мк збориме). САФ беа комерцијала, Паркети се.
Како тоа им ја одредува вредноста као перформери?
Значи да не те етикетираат као комерцијала, мора да бидеш непознат. Гарант Eye Cue не се комерцијални, пошто уште не се пробија на MTV Adria, а пробаа. Ама се андерграунд, пошто не ги знае пола Скопје, само одбрана убава група луѓе.
Комерцијала дефиницја бараше. Комршл :) - реклама. Побитен е moonwalk-от од песната. Побидетен е блинг блингот од песната, побитно е јадењето љиљаци на сцена од пеењето. Whatever the fuck sells. У превод, СВЕ е ебана комерцијала, али немаш баш избор. Е сеа слушам некој термин квалитетна комерцијала. И тоа е као океј, Епа ајде кој ќе ми објасни зошто е Полетај квалитетна комерцијала, или неквалитетна, кој како мисли?! М? :nesum:
wot напиша:
Па, за во случајов кај Слаткар, ствара одбивност.
Луѓето од рап културата не се големи фанови на Фен, Мекич, Јованов и слична клапа.
Губи од стил, квалитетна и лојална публика. И служи како пример дека комерцијалата е лоша, не за практикување, за слушање.
Па тоа е зашо имаат и тие самите памет на врапци и его на петли. Зашо не знаат да се радуваат на туѓ успех и зашо се гледаат себе си како неуспешни. Класика македонска, да му умре козата на комшијата, наместо да фатат да смислат начин како да бидат бољи, пооригинални, поумешни. Абе повеќето од нашите артисти на сцената, и андерграунд и комерцијала (по секоја можна дефиниција) немаат општа култура, да не збориме за изграден речник, ставови и идеи. Да креираш музика значи да си... па креатор. А креатор со малограѓански поглед на свет не постои.
Stromrage напиша:
Е ова е рап... не Сдаткар..
Е ова е класичен пример, од типот за кој зборував пред малку. Типична обувка од почетокот на минатиот век која во некои излоирани средини сеуште е задржана иако нејзиниот изглед и функција се длабоко архаични во урбаните средини.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Кога би склопил пост од смешките кои ги истресовте у задњиве 10 поста, нема теорија да ми стигне све. Уствари ај ќе пробам на кратко...

Не е бре ново. Ластовица што правеа во нивните песни? Какво ново?
И ова да не е ново? Изворна македонска музика. Вулгарностите постоеле и ќе постојат.
Слаткар не прави алузии, за разлика од претходниве. И е медиумски покриен. Пак, за разлика од претходните (во тој контекст беше она со "новото"...всушност, само одговарав на примерите за "новитет" на Blind)

Значи да не те етикетираат као комерцијала, мора да бидеш непознат. Гарант Eye Cue не се комерцијални, пошто уште не се пробија на MTV Adria, а пробаа. Ама се андерграунд, пошто не ги знае пола Скопје, само одбрана убава група луѓе.
Комерцијала дефиницја бараше. Комршл :) - реклама. Побитен е moonwalk-от од песната. Побидетен е блинг блингот од песната, побитно е јадењето љиљаци на сцена од пеењето. Whatever the fuck sells. У превод, СВЕ е ебана комерцијала, али немаш баш избор. Е сеа слушам некој термин квалитетна комерцијала. И тоа е као океј, Епа ајде кој ќе ми објасни зошто е Полетај квалитетна комерцијала, или неквалитетна, кој како мисли?! М? :nesum:
Истото го зборев и прашував и јас.
Затоа и не знам како се најдов на листата топ глупости на темва. Неврмајнд.

Цело време се обидувам да кажам како аргуметот со комерцијала и продавање, не вреди ни да се измочаш врз него.

И го даваат Едо Мајка или Марчело за пример.
Guess what? КОМЕРЦИЈАЛА

За крај, нашата музичка сцена е ОЧАЈ у целина. Срање и некреативност.
Некоја извитоперена копија на западњачки кич. Што ја прави уште победна од оригиналот. (damn, ова на целата наша држава асоцира :wub:)

Па, кога го оценувате Слаткар, земајќи ја целата македонска сцена во предвид, испаѓа дека апсолутно не е полош или понеквалитетен од било кој друг.

Уствари, и во спушти се доле и во шопинг има итекако хумор, кој е чак и интелегентен, па и само-потсмевање. Ако ништо друго, знае и да се нашали на своја сметка.
Другиве, кај не ги бива, уше и сериозно се сфаќаат и презентираат.
 
D

DartWader

Гостин
И Легијата и Марчело и Едо и Слаткар и 99% од музиката (без разлика кој тип) што луѓето ја слушаат е комерцијала. Значи сите тие што продаваат албуми , земаат пари за своите настапи , продаваат мајци и слично се комерцијала.
Сега за Македонската сцена , сите музичари (ајде да ги наречеме така , мада со сигурност 95 % немаат поима што се ноти , ритам , хармонија и сл. ) бараат начин лесно да се збогатат и да бидат славни. Што не се најде некој доктор на пример кој си има сигурна работа да пее ? Ке зема пари од професијата(доктор) а ке си пее/свири за душа. Нема . Сите преку музиката гледаат лесен начин на заработка , а со тоа се губи смислата на музиката и станува бизнис. :tapp:

Офтопик ама неможев да се воздржам
 
Kajgana Shop

На врв Bottom