UPDATE:
Утре протести во Северна Грција
Не е лесно во земја каде има недостаток на демократија да се остваруваат малцински права. По денешните инциденти, утре ќе има протести, но не очекувам тие да бидат масовни“, ова за Студио 2 го изјави Павле Васкополус, претседател на „Виножито“.
Како се случи инцидентиот?
-Имаше втор обид на грчката армија да го користат уште еднаш теренот, да направат воени вежби на тој терен, и да ги притиснат селаните, кои во селото Забрдени со години се спротиставуваат на одржување воени вежби на таа територија. Но за жал денеска попладне повторно дојдоа припадниците на грчката армија, и селаните почнаа да се спротиставуваат на ваквата акција. Тогаш имаше интервенција од армијата, полицијата, кои што удрија еден од селаните и тој е префрлен во болница, а други четири одма се одведени во полицијата.
Кога ќе бидат пуштени од затвор приведените. Има ли некоја реакција од грчките власти?
-Сеуште чекам информација од полициската станица, но сакам да истакнам дека при секој обид на било кои граѓани, мирни луѓе, Македонско население во северна Грција, било за што нормално да реагираат, и кога ќе ги информираат македонските медиуми, без разлика дали тоа се изјави на официјални лица на Република Македонија, веднаш во грчките мас-медиуми се извртува вистината, дека се работи за провокација на некои агенти од Скопје. Тоа се толкува како провокативна акција од било кој Македонец, кој зборува за нормалните случувања овдека. И мислам дека и овој пат, грчките медиуми ќе манипулитраат и тоа е се разбира, негативно од страна на Грција во однос на македонското малцинство овде.
Дали утре можеби е закажен протест на македонците кои што живеат во северна Грција?
-Воопшто не е лесна работа, во Грција, земја со дефицит од демократија, во еден малцински регион, луѓето да излезат и да демонстрираат. Посебно не, за луѓето од македонските села, кога гледате што се случува овде. Сите знаеме дека постојат многу начини на демонстрирање на сила врз малцинство. Не очекуваме масовни демонстрации од страна на македонците овде.
Извор А1