Еден полесно повреден, и четворица притворени македонци, по инцидентите сто се случија попладнево во леринско.
Откако пред десетина дена, грчката армија на барање на локалното население го напушти времениот камп во близина на селото Забрдени, денеска грчки воени сили повторно пристигнаа во регионот. Овој пат придружувани со силни полициски сили и механизирани возила на армијата.
Откако локалното население се обидело да ги попречи, војниците да вршат вежбовни активности во близина на селото, интервенирале специјални сили на грчката полиција.
„Зимаа луѓе за во затвор да ги носат. Четворица имаме до сега, а до ноќта сигурно ќе земат и други“, изјави македонец од леринско.
Притоа едно лице е полесно повредено во турканиците а четворица се приведени.
Против нив се очекува уште вечерва да бидат поднесени пријави за напад на службено униформирано лице, за што според грчките закони следуваат и неколку годишни казни затвор.
Македонците од неколку села во леринско Забрдени, Овчарани се уште се наоѓаат на приодот кон новиот камп на грчката армија.
„Пред тенковите седиме, лежиме долу, народот не сака војската да вежба со тешко оружје. 150-200 полицајци има сигурно. Тие ќе се зајакнат, ќе донесат и специјалци. Селото е македонско, Забрдени се вика“, изјави mакедонец од леринско.
По последниот инцидент кој се случи пред десетина дена, локалните лидери се договориле војската во своите активности во регионот да не ги уништува нивите, да не користи оклопни возила и да не врши гаѓање со боева муниција во близина на населените места.
Сепак без никаква најава грчките власти испратиле нов контингент војници кои засилени со полиција денеска предизвикаа инциденти во леринско. За активностите на грчката војска и полиција не биле информирани ниту локалните пратеници, кои што минатата недела во грчкиот парламент побарале војската да не го вознемирува локалното население во овој крај.
За разлика од однесувањето на грчката армија која по протестите на Пелопонез , и уште неколку други места од каде се повлече без никакви проблеми, во Егејска Македонија грчките власти со поинаква тактика
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=98804