Ги повторувате ли грешките од минатото?

  • Креатор на темата Креатор на темата *princess*
  • Време на започнување Време на започнување

*princess*

..SiMpLy GorGeOuS..
Член од
17 февруари 2008
Мислења
747
Поени од реакции
21
Сите знаеме дека од грешките најдобро се учи,, а посебно од сопствените.. Но,,дали сте се нашле некогаш во таква ситуација да повторите некоја грешка што сте ја направиле и во минатото? На што се должи тоа? Дали некогаш еднаш да се изгориме не ни е доволно за да ја научиме лекцијата? Или пак махинално ги правиме истите работи без притоа да размислиме два пати? Зошто се случуваат вакви работи? Зошто конкретно вие вака сте постапиле и дали воопшто ви се случило ова некогаш?.. Што мислите каква врска има минатото со ова? Можеби скриената желба да се врати старото време не наведува да се повторуваме во некои постапки,,па макар да се тоа и грешки? Или пак грешките ги правиме несвесно,,и дури на крајот сфаќаме дека всушност и после едното искуство,, сепак повторно го правиме истото,,повторно грешиме.. Што мислите,, како би можеле следниот пат да спречиме да не се случи повторно,,и воопшто дали можеме? Дали човекот го менуваат искуствата,, дали го учат како треба понатаму или пак понекогаш остануваат заборавени и не оставаат трага,, па така и незабележливо самите правиме работи кои претходно се покажале како погрешни..Исто така, ,дали можеби ги повторувате односно ги правите туѓите грешки? Секако дека најдобро учиме од своето искуство,,но колку вие учите од искуството на другите? Или пак мислите дека додека не осетиме на своја кожа не можеме да бидеме доволно свесни за да не направиме таква грешка во нашиот живот во иднина? Колку е тоа мислење правилно? И зошто воопшто мислите дека луѓето ги повторуваат своите грешки? И дали тоа го прават најчесто несвесно или пак намерно,, сметајќи дека овојпат можеби исходот нема да биде ист..
Јас искрено мислам дека сите ние во животот понекогаш сме повториле некоја грешка,,па макар и не толку значајна.. Всушност,,кога станува збор за нешто многу важно,, сметам дека луѓето повеќе размислуваат околу тоа,, и ако веќе еднаш се изгореле тешко дека ќе ја направат истата грешка,,односно тие научиле нешто од таа грешка,,затоа што можеби скапо ги чинела..За разлика од тоа,, според мене,, постојат и прилики кога можеби сме погрешиле но сме пронашле начин да ја исправиме ситуацијата,, па во тој случај тие грешки ги сметам како позанемарени,, и луѓето веројатно не им обрнале доволнмо внимание поради што можеби и не ја научиле лекцијат
а..
Колку вие ги повторувате своите грешки? Каде ја наоѓате причината за тоа? Зошто едноставно се случува тоа и дали воопшто се случува? Колку искуствата влијаат на вас,, и дали ги искористувате максимално како една лекција од и за животот? Повелете:smir:
 
Право да ти кажам,се трудам да не ги повторувам грешките од минатото,а доколку ги повторам,се обидувам на секаков можен начин да ги амортизирам последиците од тие повторени грешки.

Ама во суштина избегавам да ги повторувам.
 
Слатките грешки, ги повторувам, да.:pipi:

Во принцип, мора нешто да има силен импакт врз мене за да научам дека никогаш повеќе нема да ја направам таа одредена грешка, затоа што премногу ме повредила и ми одземала од она мое јас кое што не може да си дозволи губитоци.
Неколку се такви во мојот живот, кои што ме имаат раздрмано доволно за никогаш повеќе да не помислам да ги повторам без разлика на тоа какви се околностите.
 
Она што е минато останува и таму во минатото.
Се трудам да одам напред и да не го повторувам она што веќе сум го поминала. Живееме во сегашноста со цели за иднината, минатото го оставаме назад и во спомените.
Сите правиме грешки, од сопствените грешки и најмногу се учи. Ако веќе нешто сме згрешиле треба да не дозволуваме да се повтори тоа.
Но и човекот не е човек ако не повтори некоја грешка. За некои работи треба да се изгориме навистина добро за да ни дојде памет и да не го повториме тоа повеќе.
 
Се обидуам да не ги праем ама ... :toe:
 
Мислам дека не повторувам грешки, доволно е еднаш да згрешам за да не ми се повтори уште еднаш, не се сеќавам на грешки кои константно ми се повторувале.. Но, никогаш не се знае, доколку би ја направила истата грешка, тогаш навистина ригорозно ќе се потрудам да запамтам па дури и наравоучение да извлечам од истата.
 
Постојано. Не сум тип што учи од грешки, без ралика дали тоа биле мои или туѓи. Плус сум тип кој постојано мисли и се навраќа на минатото и кога ќе си анализирам се, сфаќам дека истите грешки постојано ги повторувам, ама никако да престанам.
 
Да.
Упорно го правам тоа.
Уствари,не сакам да го направам,ама некако неможам да го сменам движењето на кругот.
Зацементиран е во една орбита и не се помрднува.
А најлошо од се,дури и кога претчувствувам дека ќе ја направам грешката,продолжувам да го правам тоа што сум го почнал,енивеј(иако претходниот пат кога се случило,сум ветил дека никогаш нема да го направам истото или да се ставам во слична ситуација).
Како и да е,грешките се големо искуство во живото,барем за мене и се обидувам да научам што повеќе од нив,или барем да искусам можеби емоции кои дотогаш не ми биле познати.
Сепак,додека последиците од направеното се сеуште свежи,неможе да се искористат благодетите на искуството што го дава,бидејќи духот сеуште не е доволно подготвен и смирен за да го прими сето тоа.
Треба да помине одреден период(во зависност од тежината),но сето тоа вреди,кога еднаш ќе се почувствува неговата позитивност.
 
Ги повторувам грешките за кои сум свесна дека барем за момент ке се почувствувам задоволно (грешното задоволство е најслатко) :)
 
Сите учиме од своите, ама изгледа учиме како да направиме уште поголеми грешки :).
Да, ги повротувам грешките од минатото, а тоа се должи на мојата тврдоглавост и инает, затоа што свесно грешките не ги прифакам како такви и логично ги повторувам.
 
Ucam d greskite i se trudam da ne gi povtoruvam, do nekoja mera i mi uspeva. Ama ima greski koi e neizbezno da gi povtoris.
 
Gi povtoruvam,ali ne cesto,i toa koga gi povtoruvam se kaam,posto sekogash se greski od tipot "Sleden pat nema da i veruvam,ili ke ja shitnam ko sho me shitna,ili lele edna usluga nemoze da mi naprai e veke ni ja niso ne pravam za nea/nego"
Pff,i sekogash si se vrakam na staro -.- mn me nervira toa -.- gaden karakter sum upm -.-
 
Да...иако ќе речам дека повеќе никогаш нема да го направам тоа затоа што знам дека е голема грешка по извесен период ке го повторам..Незнам зошто ама една грешка ја имам повторено 10 пати и уште не ми иде умот :nesum:
 
Па се трудам да не ги повторам, ама се некако на крај ќе увидам дека на иста глупост грешам , ама ај додека сме живи учиме:)
 
Не, не ги повторувам од проста причина што не ги ни правам.
Имам добри и имам лоши искуства, немам грешки.
За секој збор кој што сум го кажала, за секоја постапка што сум ја направила и секој чекор кој што сум го превзела, едноставно имало причина. А штом имало причина значи не било залудно т.е. штом не било заедно значи не било ни грешка.

Можеби завршило добро, можеби завршило трагично...на крај секако се вброило во искуства. Но грешки... :nenene:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom