Помош за избор на лаптоп

Член од
2 октомври 2008
Мислења
12
Поени од реакции
1
Здраво кајганџии.

Купувам лаптоп, па во недвоумица сум, HP или Toshiba. Цената е иста (33.000денари) и двата имаат 2год гаранција.

HP 530 - Core 2 Duo T5200 / 1.6 GHz - 2048 MB 667-MHz DDR2 max 4GB (2 slot) - HDD 160 GB - DVD±RW (+R double layer) / DVD- RAM - GMA 950 Dynamic Video Memory Technology 3.0 - WLAN : 802.11a /b/g - Vista Home Basic - 15.4" Widescreen TFT 1280 x 800 ( WXGA ) BrightView

Toshiba Satellite A300-1EB
- Процесор: Intel® Pentium® dual-core processor T2390 1.86 GHz Front Side Bus: 533 MHz, 2nd level cache: 1 MB
- Меморија: standard: 2,048 (1,024 + 1,024) MB
- Тврд диск: 250 GB, certification: S.M.A.R.T.
- Оптички уред: DVD Super Multi drive (Double Layer)
- Графичка картичка: Intel® GMA X3100, memory amount : up to 358 MB total, available graphics memory with 2 GB system memory, memory type : shared
- Порта: Wireless LAN 802.11b/g
- LAN: Fast Ethernet LAN10BASE-T/100BASE-TX
- Аудио: 16-bit stereo MIDI support built-in Harman Kardon® stereo speakers, Toshiba Bass Enhanced Sound System with Dolby® Sound Room™
- Факс модем: International V.92 modem 56 Kbps data and 14.4 Kbps fax
- Оперативен систем: Genuine Windows Vista® Home Premium Edition (pre-installed, Toshiba-HDD recovery)
- Додаток: TOSHIBA Carry Case


Ако може некој искуства со некој од лаптопиве, или пак поискусниве со вакви работи да ме упатат која марка кој би била подобра и сл.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
И јас исто. HP е проверена работа дефинитивно нема да згрешиш. позз
 
Член од
27 септември 2008
Мислења
375
Поени од реакции
24
Јас би ја купил тошибата,затоа што има повише меморија во хард дискот и помоќна графичка картичка за иста цена.Иначе и тошиба е проверена марка,не само HP.
 

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
503
Поени од реакции
282
Дефинитивно HP-то. Подобар е
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Да, само внимавај HP-то да не испадне HP-Compaq. Таква марка непостои и тие се фуш, праени незнам каде. Не се залетувај по процесорот.

Инаку HP-то треба да има подобра графичка според спецификациите, не е интегирирана. Тошибата има интегрирана и користи од системската рам меморија.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Јас имам дома Тошиба, според ценава изгледа е истиот. Свашта има преживеано. Штом дивјак како сестра ми го користи и на него се лакира, руча, шминка, прибира вируси и и` се слизнува одвреме навреме, немај гајле за издржливост и такви работи.
Само како што кажа Џиш, Тошибата има интегрирана графичка картичка, мене само тоа ми пречи кај нејзиниот лаптоп. Инаку супер е.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.573
Поени од реакции
1.873
јас имам HP и сум многу задоволен од него. Од овие двата, Хп има повеќе рам. За појаки перформанси е одговорен рамот, не процесорот.

Имам работено и со Тошиба, купена во исто време со мојот Хп и да ти кажам право некако е многу крута за работа, не ми се допаѓа.

А доколку сеуште си неодлучен оди на гугл и пиши ги двата модели и стави compare. Гугл ќе ти даде една копа резултати а ти фино лепо ќе си ги прочиташ.

Поарно здравје:toe:
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
Јас би ја купил тошибата,затоа што има повише меморија во хард дискот и помоќна графичка картичка за иста цена.Иначе и тошиба е проверена марка,не само HP.
исто. Башка и двете графички се интегрирани со тоа што X3100 мислам дека е подобра. Ја имам Toshiba 4 години, и да чукнам у дрво...
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
јас имам HP и сум многу задоволен од него. Од овие двата, Хп има повеќе рам. За појаки перформанси е одговорен рамот, не процесорот.

Имам работено и со Тошиба, купена во исто време со мојот Хп и да ти кажам право некако е многу крута за работа, не ми се допаѓа.

А доколку сеуште си неодлучен оди на гугл и пиши ги двата модели и стави compare. Гугл ќе ти даде една копа резултати а ти фино лепо ќе си ги прочиташ.

Поарно здравје:toe:
Малку си утнал троа :helou:
 
Член од
8 август 2008
Мислења
447
Поени од реакции
17
ако ме прашаш мене доколку ти лаптопот што ќе го купиш не ти е за работа, бизнис итн, боље ти е статично пц. Едина глупаст кас 80% од лаптопите е што неможеш ништо да смениш а.к.а само можеш рам, цд/двд ром и хдд да смениш ништо друго. Имаше едни модели што беа custom made што значи што сакаш кога сакаш мозеш да мењаваш али тоа кај нас тешко да го најдеш.

Иначе HP според мене ако зимаш, боље перформанси + ако не си знаел ХП и стариот compaq се иста комапија што значи прваци се за лаптопи у свет.
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
јас имам HP и сум многу задоволен од него. Од овие двата, Хп има повеќе рам. За појаки перформанси е одговорен рамот, не процесорот.

Имам работено и со Тошиба, купена во исто време со мојот Хп и да ти кажам право некако е многу крута за работа, не ми се допаѓа.

А доколку сеуште си неодлучен оди на гугл и пиши ги двата модели и стави compare. Гугл ќе ти даде една копа резултати а ти фино лепо ќе си ги прочиташ.

Поарно здравје:toe:
Рам = Капацитет на колку апликации и слично може да функционираат наеднаш
Процесор = Со која брзина ќе ги извршува истите

исто. Башка и двете графички се интегрирани со тоа што X3100 мислам дека е подобра. Ја имам Toshiba 4 години, и да чукнам у дрво...
Двете графички се интегрирани што не ти прават мн разлика, нема скоро никаква разлика во перформанси и двете се направени за да ти даваат слика на дисплејот.

Види едниот има поголем хард диск, а другиот има подобар процесор. Хард дискот можеш да го смениш, а процесорот не.
Ако ти е за игри не го земај ни едниот ни другиот зошто ти треба добра НЕИНТЕГРИРАНА графичка за таа намена.

Јас лично би идел со HP-то.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom