Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Ова е стара вест... но не верувам дека 20.000 евра ќе му се даваат на Червар за репрезентација. Поточно не верувам дека би добил повеќе од 10.000 евра.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.127
Поени од реакции
7.793
Червар ќе размислува во наредните неколку месеци

11.02.2010
Лино Червар
Тренерот на РК Металург, Лино Червар се уште се двоуми дали да ја прифати понудата да стане тренер на македонската машка ракометна репрезентација,
Червар за хрватскиот неделник „Глобус“ изјави дека процесот на размислување ќе потрае неколку месеци.
„За тоа уште ќе се разговара, не е тоа така лесно, мои Хрвати“ изјави Червар за неделникот.
Червар тврди дека Македонија не е поголем предизвик, бидејќи во секоја работа сака даде повеќе, но ја коментира желбата на претседателот на Металург, Минче Јорданов да ја преземе македонската репрезентација.
„Јорданов дојде во Умаг и ме уверуваше дека сака нашата соработка да се прошири и во репрезентацијата. Тоа беше комплимент и ми импонираше неговата доверба во мојата работа“ изјави Червар.
Тој додаде дека парите за трансфер во репрезентацијата не се пресудни, но ја нагласи и можната опција да продолжи да биде тренер само на Металург.
Тренерот на Металург изјави дека е одлично примен во Македонија, и како третманот кој тој го примил тука е многу подобар од тој во Хрватска.
Минче Јорданов во разговор со истиот весник изјавил дека ќе му биде навистина жал ако Червар не стане селектор на македонската репрезентација.
Весникот тврди дека единствена препрека за ваквиот ангажман е фактот што претседателот на македонската ракометна федерација Михајло Михајловски е и претседател на Вардар - најголемиот ривал на Металург, и тој не го гледа Червар како идеален тренер, туку сегашниот Љупчо Савески.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Добра вест иако и ова беше изнесено претходно во јавност. Борбата Минчо-Михајловски продолжува.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.127
Поени од реакции
7.793
Ракометот пред стечај

Државата побарува од РФМ околу 200.000 евра, за персонален данок и кирија за последните пет години, за кои Федерацијата смета дека не треба да ги плаќа, па се води судска постапка. На Управниот одбор вчера беше усвоена и оставката на генералниот секретар Марјан Начевски
Ракометната федерација на Македонија може лесно да отиде во стечај, ако државата си ги наплати побарувањата од околу 200.000 евра, иако во РФМ сметаат дека тие се неосновани. Околу 50.000 евра е долгот за кирија за просториите во кои е Федерацијата, за кои има и судски спор, а другите пари се за персонален данок. РФМ смета дека персонален данок не треба да се плаќа на исхраната, превозот, подготовките на државните репрезентации. По барање на повеќе федерации, истиот закон е веќе сменет, но не може ретроактивно да им се прости тој долг.

Петмина членови од УО на РФМ на вчерашниот состанок побараа да бидат ослободени од обврските. Трифун Костовски го образложи тоа со кризата во која се и неговите фирми, а претставникот на компанијата Зегин, едноставно го откажа спонзорството. Меѓу тие што веќе нема да седат на седниците на УО се и Билјана Клопчевска, Енвер Малиќи и Александар Илиевски.

Сегашниот генерален секретар Марјан Начевски уште во октомври поднесе оставка на функцијата од морални причини сметајќи дека не можел да придонесе за спречување на иселувањето од сегашните простории. Со солзи во очите вчера Начевски побара да му биде прифатена оставката, сметајќи дека можеби и поради лични причини, ракометот трпи од некои органи. Иако УО на РФМ не сакаше да ја прифати оставката, на инсистирање на Начевски, тој сепак беше разрешен. До назначување на нов секретар, тој ќе биде в.д. Истовремено ќе биде и член на УО на РФМ, поради неговиот досегашен придонес во развојот на спортот. Тој беше генерален секретар на РФМ од 2003 година и во негово време Федерацијата доби за организација неколку младински СП и сениорско ЕП.

Љубомир Савевски, барем засега, останува селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија. Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија на својата вчерашна седница му го усвои извештајот за настапот во мундијалските квалификации во Адана, иако констатира дека е направен неуспех.

„Ова за нас е неуспех и така треба да го третираме. Извештајот го прифаќаме, но констатираме дека селекторот и ракометарите не го исполнија својот дел од задачата, и покрај сите услови што им ги овозможи Федерацијата. За мене, клучен е преголемиот оптимизам на репрезентативците, а квалитетот на противниците не им даваше право така да се однесуваат. Треба да се направи анализа и да се подготвиме за квалификациите за Европското првенство. Ждрепката е на 12 април, а ние ќе бидеме во вториот шешир по квалитет“, изјави претседателот на РФМ, Михајло Михајловски.

Со ова паднаа во вода очекувањата за можна смена на кормилото на репрезентацијата и нејзино преземање од тренерот на Металург, Лино Червар. Таквиот епилог го навести и фактот дека во УО вчера не беше кооптиран ниту еден нов член, и покрај шпекулациите дека спонзорот на „металурзи“, Минчо Јорданов, ќе се врати во Одборот, а со тоа требаше да биде отворен патот за Червар. Не само што во УО на РФМ не влезе нов член, туку петмина се повлекоа, меѓу кои и екс претседателот, Трифун Костовски, па сега извршниот орган на Федерацијата има само 10 члена.

Понудената оставка на генералниот секретар Марјан Начевски е прифатена, но до изнаоѓањето негова замена, тој ќе продолжи како вршител на должноста прв оперативец на Федерацијата.

„Бев член на парламентот, член сум на СДСМ, па можеби и јас сум пречка за нормалното функционирање на РФМ“, рече Начевски во емотивниот настап пред членовите на УО. Главната причина за ваквиот негов потег е проблемот со Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП), со кое РФМ не успеа да најде заеднички јазик за користењето на просториите со трговскиот центар „Скопјанка“. Вториот горлив проблем на куќата на ракометот е решението од Управата за јавни приходи (УЈП) според кое треба да плати персонален данок од околу 150.000 евра за минатата година, кое РФМ го обжали пред Управниот суд.

Усвоен е предлогот за измени во пропозициите, според кои во записник од натпревар во сите рангови секој тим ќе може да внесе 16 играчи, од кои двајца родени по 1990 година. Ваквата новина веќе се применува во Лигата на шампионите.

Пролетниот дел од женската Скопско Суперлига ќе почне претстојниот викенд, а од машката ВИП Суперлига на 27/28 февруари.

Ракометната федерација на Македонија во иднина ќе биде организатор на завршните турнири од Купот на Македонија за мажи, при што полуфиналистите ќе партиципираат со по 20 проценти во покривањето на трошоците, а финалистите со по 30 посто. Финалниот турнир на машкиот куп ќе се игра во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
еднакво на 100% :kesa:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Македонија е во одлична положба за квалификациите за ЕП во Србија 2012... Се наоѓаме во вториот шешир, заедно со репрезентациите на Шпанија, Исланд, Чешка, Словенија, Русија и Словачка... Конечно нема да ни се падне Исланд во група :)
Ждребот ќе биде на 12 април во Белград... повеќе тука
Код:
http://sport.com.mk/WBStorage/Files/2402-14.pdf
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Македонија е во одлична положба за квалификациите за ЕП во Србија 2012... Се наоѓаме во вториот шешир, заедно со репрезентациите на Шпанија, Исланд, Чешка, Словенија, Русија и Словачка... Конечно нема да ни се падне Исланд во група :)
Ждребот ќе биде на 12 април во Белград... повеќе тука
Код:
http://sport.com.mk/WBStorage/Files/2402-14.pdf
Конечно добра вест,ова ќе мора да се искористи.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Одлична вест ќе избегнеме релативно силни екипи но и третиот шешир е составен од квалитетни екипи едноставно нема слаби противници што значи дека сепак ќе треба сериозен пристап она што беше во квалификациите за Шведска 2011. беше срам кој што не смее да се повтори.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Никаде во текстот не прочитав дека Червар се согласил на некаков договор...
Ова ти е исто со... Управниот одбор на Македонскиот ракометен сојуз на денешната седница одлучи да потпише договор со поранешниот селектор на хрватската репрезентација Лино Червар до крајот на квалификацискиот циклус за ЕП, значи до завршувањето 2012 година...
Проблемот не беше кај сојузот, проблемот беше во тоа што Червар не сакаше да ја продолжи соработката со Хрватската репрезентација... Ќе почекаме, додека има некоја шанса ќе се надеваме :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Савевски ги објави репрезентативците на кои ќе смета за пријателскиот двомеч со Тунис...
Голмани: Петар Ангелов, Борко Ристовски
Крила: Владимир Недановски, Стевче Алушевски, Милан Левов, Златко Мојсоски
Бекови: Мите Стоилов, Наумче Мојсоски, Лазо Мајнов, Кирил Лазаров, Раде Стојановиќ, Милорад Кукоски, Бранко Ангеловски, Велко Маркоски
Пивот: Стојан Стоилов, Горан Ѓорѓоноски

Само и овој селектор е идиот, не ми е јасно како може на два собира по ред да го повикува слабиот (а може да се каже и не баш млад) Златко Мојсоски на сметка на феноменалниот Гоце Георгиевски... И го повикал и овој Милорад Кукоски кој не може да го погоди голот, а камоли да постигне гол... :nerv:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.660
Поени од реакции
9.959
^Јоноски каде е ?
зар уште е повреден ?:uvo:
 
Член од
5 август 2008
Мислења
6.009
Поени од реакции
5.326
Савевски ги објави репрезентативците на кои ќе смета за пријателскиот двомеч со Тунис...
Голмани: Петар Ангелов, Борко Ристовски
Крила: Владимир Недановски, Стевче Алушевски, Милан Левов, Златко Мојсоски
Бекови: Мите Стоилов, Наумче Мојсоски, Лазо Мајнов, Кирил Лазаров, Раде Стојановиќ, Милорад Кукоски, Бранко Ангеловски, Велко Маркоски
Пивот: Стојан Стоилов, Горан Ѓорѓоноски

Само и овој селектор е идиот, не ми е јасно како може на два собира по ред да го повикува слабиот (а може да се каже и не баш млад) Златко Мојсоски на сметка на феноменалниот Гоце Георгиевски... И го повикал и овој Милорад Кукоски кој не може да го погоди голот, а камоли да постигне гол... :nerv:
Ако следиш натпревари на Вардар ке видиш дека Кукоски игра само одбрана ептен е ретко во напад освен ако се изморени некој од бековите.. За Златко Мојсовски ке му дава него шанса пошто има голем напредок кај него од нова година па наваму ако и него го следиш.. А за Георгиевски незз зашто не го повикал можда зашто е во сенка на Левов и добива малку шанса.. Само незнам зашто го нема Павловски одличен пивот еден од најдобрите во Македонија а тоа го докажа и на СВетското првенсто кој игра скоро по цел нтпревар за Тиквеш.. А метсо него повикан Ѓорѓоновски кој не добива шанса во Металург скоро игра само по 5 мин највеке а не е подобар од Павлосвки. Има многу добри ракометари кој не се повикани во репрезентација тоа е за плачење..
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.989
Поени од реакции
5.615
Ако следиш натпревари на Вардар ке видиш дека Кукоски игра само одбрана ептен е ретко во напад освен ако се изморени некој од бековите.. За Златко Мојсовски ке му дава него шанса пошто има голем напредок кај него од нова година па наваму ако и него го следиш.. А за Георгиевски незз зашто не го повикал можда зашто е во сенка на Левов и добива малку шанса.. Само незнам зашто го нема Павловски одличен пивот еден од најдобрите во Македонија а тоа го докажа и на СВетското првенсто кој игра скоро по цел нтпревар за Тиквеш.. А метсо него повикан Ѓорѓоновски кој не добива шанса во Металург скоро игра само по 5 мин највеке а не е подобар од Павлосвки. Има многу добри ракометари кој не се повикани во репрезентација тоа е за плачење..
Кукоски добиваше неколку шанси да игра во напад за Вардар и од тоа што видов неговиот шут нема силина и едвај дошутнува до голот, или обично шутевите му завршуваат над голот. За одбрана имаме многу подобри играчи од него.
За Златко Мојсоски, напредокот не се гледа со екипи како Тиквеш или Пелистер, туку го видовме колку „напредувал“ во ЛШ, копија на Филип Лазаров на десна крилна позиција и во моментов имаме најмалце тројца подобри ракометари од него на десно крило (Темелков, Левов и Георгиевски).
А Павловски не играше на СП, не знам кај докажал дека е подобар од Ѓорѓоноски, дуелите во домашното првенство не се мерило за квалитет, доколку ги гледаме бројките од домашното првенство можеме да заклучиме дека Горан Кузмановски е подобар среден бек од Мојсоски и Миркуловски, што секако не е точно.
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Денеска е ждрепката за квалификациите за ЕП во Србија.Да се надевамо дека ќе ни падне лесна група.
btw Ако влеземо на ЕП изгледа ќе играмо у Ниш,имало некаков договор помеѓу Србија и Македонија се со цел да има повеќе публика:vozbud:
 
А

Ајсшутер

Гостин
Супер ако играат во Ниш, се надевам дека ќе го повторат барем успехот што го постигнаа во Хрватска ако можат и повеќе уште подобро. Ниш е доста блиску до Македонија така да сигурно ќе има бајги навивачи од тука.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom